ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Хомеопатија (II дел)

 

Основни принципи на хомеопатијата


Витална сила

Ова е прв принцип по кој хомеопатијата се разликува од класичната медицина.
Виталната сила ја претставува енергијата која го движи нашето тело,ја оdржува неговата функција,се однесува како негов рагулатор кој ја одржува хармонијата на телото.Она не може да се измери но со набљудување може да се процени колкава е животната сила кај некои особи.Во кинеската традиционална медицина е чи енергија ,со други зборови тоа е виталноста на нашиот огранизам.


Закон на сличноста


Ова е основен принцип на хомеопатијата по кој сличното се лечи со слично.Тоа значи дека супстанцата која предизвикува одредени симптоми кај здрави особи се користат и истите симптоми и кај болните особи.
На пример: Allium cepa е направен од црн кромид и се користи за лечење на прехлада која има симптоми и сензации кои се јавуваат кога сечеме кромид.


Чуствителност


Секоја особа има одредена чуствителност и предиспозиција и различно реагира на разни болести.Чствителноста зависи од квалитетот на жиотната сила а она воглавно останува иста во текот на животот ,но некои фактори можат да ја влошат состојбата ( пушење,алкохол,лоша исхрана) и го прават организмот подготвен за болест,исто така позитивните влијанија како урамнотежен живот,правилна исхрана,и добар хомеопатски лек може значително да го подобри здравјето .Гените исто така имаат влијание на чуствителноста.


Мијазам


Мијазам преставува пореметување - грешка на животниот стил.Ханеман на почетокот на својата пракса имал добри резултати но со тек на времето приметил дека некои симптоми или болестите после некое време се враќаат.Со години ги анализирал хроничните заболувања и дошол до заклучок дека причина за тоа се миазмите и ги поделил на три вида.

  • Psora – најстар мијазам,корен на сите болести,настанат со супресија ,кожни промени и ерупција.
  • Sycosis – потекнува од супримирана гонореа
  • Syphilis – потекнува од супримиран сифилис


Испитување на лек

Се што е во природата потенцијално може да биде лек за хомеопатија.Секој лек може да се користи во хомеопатското лечење и го помина процесот на испитување по утврдената процедура.Направениот хомеопатски лек се дава на групата здрави испитаници( едни добиваат лек а другите плацебо но не го знаат тоа)се додека не се јават првите симптоми.Се прави прецизен записник од сите симптоми на физички,емотивен и ментален план.Евидентираните симптоми ја преставуваат сликата на лекот.

Потенцирање на лекот

Хомепатските лекови делуваат на виталната сила на организмот и на причинителот на болеста а не на симптомот како последица.Доколку сакаме секој симптом детално да го анализираме мораме да го посматраме низ виталната сила коај е динамична ,така да и лекот кој го даваме мора да биде динамичен,што се постигнува со потенцирање на лекот.Потенцирање на лекот е посебна постапка која се состои од разблажување и силно потресување на шишенцето во кој се наоѓа лекот(удирање на шишето неколку пати на тврда подлога)така да во хомеопатскиот лек не се наоѓа ни еден молекул на супстанцата од кој е направен.

Принцип на препишување на еден лек

Хомеопатија претставува холистична метода така да и симптомите ги набљудуваме како израз на заболување на виталната сила и врз таа основа се препишува лек кој ја покрива основното пореметување на виталната сила.Лекот во себе содржи порака за виталната сила и и помага што побрзо да го врати нарушениот баланс.

Упатства за лекување - Херингов закон

Овој начин го поставил Константин Херинг,Хенеманов следбеник.По овој закон го следиме хомеопатското лечење односно помесутување на симптомите.

  • Од внатрешен дел кон надворешен дел - ако симптомите потекнуваат од внатрешните органи према кожата тоа значи дека препишаниот лек е добар и дека лечењето се одвива во добар правец.
  • Од важните органи кон помалку важните - ко симптомите почнувајки од срцето идат према зглобовите лекувањето се одвива добро.
  • Од горе према доле - ако пациентот има кожни проблеми со лицето после лекувањето симптомите се спуштаат надоле на кожата околу половината тоа значи дека пациентот се опоравува.
  • Од најновите симптоми до постарите - најпрво се повлекуваат симптомите кој побрзо исчезнале а најдолго се присутни постарите симптоми.Значи дека се повлекуваат по обратен редослед од настанувањето.

 

Хомеопатија и здравје

Здравјето не преставува само одсуство на болест, или одсуство на симптоми на болеста.Тоа е општо чуство на добро здравје и распположение, чуство на внатрешна рамнотежа, чуство на лична слобода и чуство на задоволство со својата положба и функција во фамилијата и друштвото.

Суштината на човечката егзистенција зависи од способноста на организмот да ја одржи својата динамична рамнотежа со минимално пореметување и максимално постојаност.

Ако постои физичко здравје тогаш постои резерва на енергија.

Ако постои емоционално здравје, особата може да умее да ги изрази своите чуства и да го одржи балансот со околината.

Ако постои ментално здравје особата може јасно да мисли, логично да заклучува да донесува одлуки и да ги решава проблемите.Хомеопатските лекови ја потикнуваат природната способност на организмот да се излечи.Има широка примена за примена и како начин на лечење на хроничните и акутните состојби.Хомепатијата ни дава можност по природен пат да ја вратиме нарушената рамнотежа на оганизмот.

 

 

Прв дел. Увод во Хомеопатијата >>

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.