ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Приткинова диета
Искуства
Забава
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

Autorka: Ankica Simić
nutricionista-dijetetičar
više o autorki

Огледало на здравјето III

 

Povezano sa:
- Како ( а при тоа и лесно ) до посакуваната тежина (дел i i дел II)
- Огледало на здравјето или како да се остане здрав (дел i i дел II)

Па ајде уште малку да продолжиме за слатките и да спомнеме уште некои нутриен – ти како што е солта и последиците од прекумерните колчини на истата.Иако завис – носта од слатќите не е научно докажана вршени се лабораториски истражувања на глувци во Франција.Имено ,нив им е додаван шеќер во оброкот и тие после извесно време развиле права зависност према него која се граничи со кокаинска зависност. Иако резултатите со глувците не може во подполност да се пренесат на човечката популациа овој податок не е за занемарување.Во прилог на ова зборува и фактот дека некогаш шеќерот не бил во толкава мерка присатен на трпезата на луѓето и дека со самото тоа и механизмите за негово метаболизирање без штетни последици се ограничени ( сетете се на приказните за нашите предци од предходните продолжениа)

Сега , некој ќе праша “ па што ако јадам и по 300 гр слатќи дневно ? “…Oва не e ниту малку наивна работа затоа што со прекумерно земање на шеќер се празнат природни- те капацитети на панкреасот за лачење на инсулин.Имено , сите органи имаат некој свој “ со раѓањето програмиран век на траење “ и ако истите премногу ѓи злоупо – требуваме побрзо ќе дојде до нивно трошење.Значи дека лицата кои конзумираат многу шеќер се наклонети кон рано појавување на дијабетес тип 2 со сите последици кои со себе тој ѓи носи.

Вишокот на шеќер доведува до стална раздразливост , нагло зголемување на инсули – нот а потоа и до нагло паѓање на вредноста на гликозата во крвта.Ова доведува до појава на глад и одново потреба за земање на храна ( посебно слатќи ) што како последица води кон дебелеење.

Ете , две големи причини засекогаш да прекинете со праксата на прекумерна употреба на слатќи.Меѓутоа , простите шеќери се без сомнение многу корисни во нашата исхрана.На телото му даваат енергиа кога е потребно таа брзо да се надокнади : при големи физички напрегања , умни напрегања и сл.

Суштината е во правата мерка .Доволна мерка за простите шеќери во исхраната изнесува окулу 10 – 15 % од вкупниот дневен внес односно окулу 250 – 300 кцал дневно или окулу 40 – 50 гр шеќер дневно.Оваа количина се наоѓа на пример во 2 чаши сок и се што конзумираме преку тоа представува атак на нашиот панкреас.

Толку за шеќерот ! Што се однесува до другото бело зло – односно солта приказната е исто така предупреувачка!Имено , готварската сол е по состав натриум хлорид а активниот дел на оваа молекула предатвуав јон на натриум.Тој како микроелемент многу му е потребен на телото но само во соодветна доза.Имајки во предвид дека солта е соединение кое се раствора во водата вишокот на натриум се излачува од телото преку бубрезите.Тоа значи дека секое прекумерно конзумирање на сол директно ги оптеретува бубрезите.Имајки во предвид дека бубрезите се витални органи во човечкото тело и дека освен што излачуваат натриум ги исфрлаат и другите токсични соединенија од организамот кој директно би го загрозиле нашето здравје јасно е дека ова прекумерно оптеретување само им наштетува и со време доведува до оштетување на бубрезите.Доколку се појават знаци на некој од бубрежните инсуфициенции односно заболување на бубрезите во кое нивната моќност за излачување е намалена последиците по здравјето се многукратни и може да дојде до потполно престанување на работата на бубрезите и потреба за дијализа.Секако,солта не е единствената штетна супстанција која може да доведе до овие последици но е онаа која може лесно да се исфрли од употреба и со самото тоа да се олесни работата на бубрезите.

Дневните потреби за готварска сол изнесуваат околу 2 г дневно ,а можат во случај на големи жештини и појави на потење да одат и до 5 г.Оваа количина ја содржи на пр. лебот и зеленчукот (секако непосолени) како нивна природна состојка.

Тоа значи дека храната воопшто не треба да се соли или многу малку и тоа исклучиво во летните месеци кога се големи горештини,кога имаме висока температура и сл.За да оваков оброк не биде невкусен (а вкусот е тој кој се стекнува во најраното детство) намирниците треба да се подготвуваат на пареа,со што е можно помалку вода и со додавање на растителни зачини кој ќе дадат вкус на храната.Зачинските растенија имаат и многу важни антиоксиданти кој се користат во исхраната па корисноста за здравјето е повеќекратна.

Доколку во оброкот не јадеме леб тогаш е доволно целото јадење да се зачини со половина кафена лажичка сол (сметано на цел ден) за да внесот биде доволен. Лицата кој конзумираат премногу сол во главно и незнаат како е стварниот вкус на јадењето кое го јадат односно не го знаат правиот вкус на доматот,зелката,пченката и сл.Месото исто така не треба да се соли затоа што ако се подготвува на мала количина масло,го задржува природниот натриум и има многу пријатен вкус.

Соленото е доминантен вкус кој ги маскира сите други вкусови и ги потискува.Со време сетилата на јазикот слабеат затоа што не се употребуваат а единствен вкус кој сме способни да го осетиме е соленото а бидејки сетилните израстоци на јазикот се навикнуваат на тој вкус со текот на времето за истото чувство ќе ни треба се повеќе и повеќе сол и така проблемот се продлабочува.

Доколку решиме да не ја солиме храната , во почетокот тоа може да ни представува проблем.Меѓутоа , веќе после неколку денови ќе почнеме да ги чуствуваме вкусовите кои дотогаш не сме биле во состојба и храната пак ќе ни биде вкусна и што е најважано и здрава.

Оние кои ќе решат .после читањето на овој текст, да продолжат по старо ризикуваат да ѓи оштетат своите бубрези и како последица на тоа да добијат зголемен крвен притисок ,задржување на водата во телото , отоци на лицето , слабеење на срцето итн.

Е , сега сол или здравје ,решете сами !

- продолжува -

 

Анкица Симиќ
нутрициониста - диететичар

e-mail: ankica@dijeta.net
tel. 064/13-63-269



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   
диета | здравје | убавина | вежбање | дух/тело | нутритивни табели | ризница | блог | форум | за нас | маркетинг | корисни линкови | контакт |дома

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 licencom. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.