ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Приткинова диета
Искуства
Забава
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

Autorka: Ankica Simić
nutricionista-dijetetičar
više o autorki

Да се биде вегетаријанец или не - прашање е сега

 

 

Вегетаријанството е покрет , мода ,стил , начин на живеење ,терапија и над се признат начин на исхрана што го практикуваат милиони луѓе ширум светот,некои
религиозни групи и некои сосема обични ( иако тие за себе кажуваат дека се “ освестени “ ) поединци кои сакаат здраво да се хранат, да излекуваат некои
здравствени проблеми или едноставно сакаат да бидат хумани и ( посредно ) да не ги убиваат животните.

Вегетаријанците не јадат месо од ниту едно животно, тоа сите го знаат ... тоа што помалку се знае е дека постојат три врсти на вегетаријанци во зависност од тоа што јадат односно кои групи намирници не ги јадат.

Најисклучиви се ткн. вегани –тие јадат само намирници со растително потекло :
овошје ,зеленчук и житарки.Посебна подгрупа во нивните рамки се ткн. фрутаријанци кои јадат само овошје односно свежи плодови на овошје, понекогаш и зеленчук кое не треба додатно кулинарски да се обработува.Класичните вегани се помалку избирливи, па на своите поклоници им дозволуваат внес на лиснати и коренести намирници.

Нешто поблаг тип на вегетаријанство е лактовегетаријанство – сем зеленчук,
овошје и житарќи јадат и млеко и млечни производи.Оволактовегетаријнацнте
уште јадат и јајца.

Иако од етичка страна ова е начин на исхрана кои е крајно за пофалба, во
здравствена смисла има што да му се приговори.

Најмалку рестриктивно и во во здравствена смисла препорачливо би било овалолактовегетаријанството. Со мала промена на односите во рамките на групата на намирници на овој начин би можеле да се задоволат нутритивните потреби на луѓето, дури и би се постигнале одредени здравствени бенефити, затоа што конзумирањето на месо како такво за жал денес се поврзано со конзумирање на хормони и антибиотици кои многу често се користат во одгледувањето на животните.


Најголем здравствен ризик на оваа група луѓе би бил недоволниот внес и апсорпци –
јата на железо и како последица на тоа анемијата посебно ако од исхраната би
се исфрлило само месото, а да се задржат сите останати навики на вегетаријанската
исхрана и класичен начин на подготвување на храната. Во тој случај може да дојде и до влошување на здравствената состојба посебно ако во исхраната поради недостаток на месо преовладаат јаглено хидратите , шеќери ( слатки ) и голема употреба на намирници со полно маснотии – мајонез ,павлака. оревасти плодови и слично како би се надокнадило чуството на зголемена глад поради намалена количина на протеини кои даваат ситост.

 

Сосема парадоксално , иако со оваков начи на исхрана би можело сосема убаво
да се превенира дебелеењето и да се намали внесот на маснотии ( затоа што месото
содржи холестерол и често или содржи или се подготвува во голема количина маст)
неуките посебно во периодот на пост или кога голем дел од верниците стануваат
вегетаријнци крајно неупатено завршувуваат со неколку килограми вишок во однос
на периодот пред постот и тоа само за неколку недели.

Најмалку препорачлива исхрана е кај чистите вегани, посебно оние кои јадат само
пресна храна или ткн.фрутаријанци кои што јадат само овошје.На овој начин е многу тешко да се обезбедат сите потребни нутритиенти , исхраната е оскудна со
есенцијални аминокислеини , железо , калциум , есенцијални масни киселини,
витамин Б 12 , а постои зголемен внес на растителни влакна кои додатно ја отежнуваат ресорпцијата на хранливи состојќи од храната, и сложени и прости
јагленохидрати кои додатно го оптеретуваат панкреасот.



Здравствените ризици на кои се изложуваат поборниците на оваков начин на исхрана
е и тоа што визуелно делуваат постаро од своите врсници ,нивните коски се постари
од стварната биолошка старост ,кожата е сува , тонусот на мускулите е слаб. често се
потхранети и делуваат кошчато.

Да се биде или не вегетаријанец - вие треба да решите, но каква и да е вашата
одлука , мора да знаете што правите и зошто тоа го правите како тоа би било за
добробит на вашето здравје да не се впуштате во модни тенденции или да упаѓате
во хуманистички фрази без прави информации со кои на подолги патеки би можеле
да го нарушите своето здравје.

Ankica Simić
nutricionista-dijetetičar

e-mail: ankica@dijeta.net
tel. 064/13-63-269



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   
диета | здравје | убавина | вежбање | дух/тело | нутритивни табели | ризница | блог | форум | за нас | маркетинг | корисни линкови | контакт |дома

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 licencom. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.