ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета 10 посто

povezano sa: 10 najčešćih pitanja o UN

...или како да изгубите 10 % од телесната тежина за три недели

Оваа дитеа се подпира на препораките на нутриционистите и лекарите дека секое намалување на телесната тежина повеќе од 10 % од телесната тежина – едноставно не е здраво. Можеби 10 % помалку килограми не е онаа крајна тежина која би сте ја посакувале, сепак оваа диета е еден здрав , квалитетен и долготраен процес на губење на килограмите.

Како да знаете колку храна треба да внесете во текот на денот ? Едноставно , на секој секој килограм од телесната маса , можете да внесете 25 калории.Према тоа, на човек од 70 килограми дневно му се потребни 1750 калории.Оваквото слабеење е по споро од ригорозните диети , но дефитинитивно е по здраво и по квалитетно.

Диета 10 посто – Распоред на намирниците по денови


Прва недела :


1 ден : зеленчук по избор , без ограничувања .Може да се јаде на разни начини – варен , свеж , динстан , во салати , прилози итн.
2 ден : варено месо по избор ( може и виршли , шунка , нарезоци , риба )
3 ден : ориз или качамак ( само малку посолени )
4 ден : млечен ден ( се јадат сите млечни производи со помалку маснотии , сем
овошните јогурти )
5 ден : ден за јајца ( се јадат само јајца на било кој начин )
6 ден : овошен ден ( се јаде овошје по избор )
7 ден : протеински ден ( се јаде месо или риба по избор )

Втора недела :

1 ден : зеленчук по избор и варено месо.Може да се јаде на разни начини – варено,
свежо , динстано, во салати и др.
2 ден : месо со зеленчук
3 ден : ориз со зеленчук
4 ден : млечен ден ( со млечни производи сега може да се додаваат и прилози : јајца
салати или овошје )
5 ден : ден за јајаца ( како прилог може да се јадат салати, овошје или јогурт )
6 ден : овошен ден ( се јаде овошје по избор , може свежо , во вид на компот )
7 ден : протеински ден ( се јаде печено месо или риба по избор )

Трета недела

Третата недела е по планот на исхраната иста како и првата:После ваквиот план
за ихрана од три недели ,вашето намалување ќе биде 10 % од почетната тежина.
Може да пиете кафе или чај без шеќер ( може засладувач) за време на оваа диета.
Од маслата само ладно цедено маслиново масло.Се препорачува минимален внес
на сол а растителните зачини се дозволени.Не се користи ниту запршка а не е
дозволен ни лебот.

Диета 10 посто – додатни напомени

- јадете gи оброците кога за тоа имате време.Заборавете на јадење пред ТВ , компју –
тер и брзањето...
- оброците јадете ги полека , во мали залчиња и темелно жвакајте .На желудецот
му се потребни двасетина минути за да добие сигнал за ситост и затоа јадењето
полека , допринесува да се изеде значително помалку храна а со самото тоа се
контролира и апетитот.
- во дневниот распоред вклучете барем триесетина минути лесно вежбање и тоа
секој ден.
- не претерувјте со чести мерења и затоа се советува да застанете на вагата откога
ќе завршите со диетата.
- водете дневник на слабеењето – статистиките покажуваат дека оние кои водат
дневник губат просечно 7 кг повеќе од оние кои не водат ...



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.