ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

10 ПРИЧИНИ ЗОШТО ЈАДЕМЕ ИАКО СТВАРНО НЕ СМЕ ГЛАДНИ


manjak fizicke aktivnosti
И што можете да направите во врска со ова !

Сите понекогаш го работат тоа ( некои поретко некои почесто ) , и во главно не се
ни свесни кога “ тоа “ им се случува.Можеби грицкате кога ви е досадно, или секогаш земате нешто слатко кога ќе поминете покрај местото каде што го чувате. Или попладне кога се чувствувате мрзеливи па посегате по нешто слатко.Сите овие
ситуации кои ги користите за да нешто изедете немаат права причина ,затоа што вие
јадете иако не сте гладни.Без обзир што храната ве повикува, единствена битна работа е што вие на крај сте изеле нешто иако стварно не сте биле гладни.Иако се смета дека ова е во ред , од време на време , премногу јадење без размислување стварно може да ја поремети вашата тежина или вашиот план за слабеење, а во зависност од тоа што јадете , исто така може да го загрозите и своето здравје.

Погледнете ги најчестите 10 ситуации во кои јадете а не сте гладни , плус тука се и
некои совети како да се изборите со овој проблем на едноставен начин.

Емоции
Емоциите се често окинувач за оваква врста на јадење.Ако сте среќни , на пример , земате нешто да јадете за да тоа го прославите.Ако сте можеби тажни барате утеха во храната.Лути ? Можеби попрво ќе се фанете за вилушката отколку да го решите тоа со личноста која ве налутила..Доколку во овакви ситуации се свртувате кон храната од чисто емоционални причини , тоа нема да го реши вашиот проблем.Во овакви ситуации би можело да ви помогне водењето на една врста на дневник во кои ќе ја запишувате вашата емоционална состојба во моментот кога земате нешто да јадете.Ова може да ви помогне да ја пронајдете врската која можеби порано не сте ја гледале – да речеме да јадете кога сте осамени.Така ќе знаете за во иднина доколку имате такви чуства , не посегате веднаш по храна , туку да се свртите кон решавањето на тој проблем или кон надминување на тоа чувство.

Од досада
Понекогаш несте емоционални туку едноставно ви е досадно.За многумина јадењето изгледа како добро решение кога нема нешто подобро да се работи.Но јадењето трае само одредено време , така да пак ви останува цело попладне кое треба некако да го исполните.Ако знаете дека досадата е окинувач за вашето јадење , обидете се да направите листа на работи со кои ќе се анимирате самите себе и да бидете зафатени ,за да кога немате нешто друго да работите не би посегнале по храната. Може да се видите со некој стар пријател , да пишувате блог ,дневник , да волонтирате , да најдете некој нов хоби или можеби ќе тргнете во теретана...кога ќе се заинтересирате за некоја активност , јадењето нема да ви изгледа толку примамливо.

Затоа што другите луѓе јадат
Кога сте надвор и уживате во вечерата со семејството и пријателите , можно е да продолжите да јадете иако сте ја поминале границата на ситоста - поготово ако уживате во разговорот и не обрнувате внимание на нивото на гладта.Во овие ситуации многу е важно да ги раздвоите овие две чувства ( чувство на глад / ситост и чувство на уживање во нечие друштво), за да видите дали сте стварно гладни или само уживате во забавниот разговор.

Затоа што храната е тука
Дали ви случило да чинија полна со слатќи го довикува вашето име ? Дали се чувствувате безпомошно кога поминуавте покрај храната на некоја забава иако веќе сте јаделе ? Кога храната е во видното поле , голема е веројатноста дека ќе ја земеме само што е тука и затоа што ја гледаме.Убаво изгледа,и баш тоа сакате да јадете.Точно пред вас е.Што има лошо во тоа да земеме малку ? Баш поради овие причини не треба да се држат слатќите во видното поле, затоа што секогаш кога ќе ги видиме или ќе поминеме покрај нив ќе дојдеме во искушение да земеме и да изедеме нешто иако тоа стварно не ни е потребно. Исто така многу е корисно ако направиме обратна работа, а тоа е да ја држиме здравата храна во видното поле, да речеме овошје во некоја чинија, затоа што е така поголема веројатноста дека ќе конзумираме нешто од тоа.

Затоа што е специјална прилика
Доколку работите во некоја голема фирма или имате големо семејство, може да ви чини дека секој ден е нечии роденден, годишнина ,крштенка...А ако овие веселби вклучуваат торти ,колачи и алкохол, може да ви се чини дека секоја забава е како високо – калориско минско поле.Доколку не сакате да земете парче торта, немојте автоматски тоа да го работите - можете да присуствувате на забавата и доколку не сакате да јадете слатќи и да пиете алкохол.Запамтете дека веселбите се поради луѓето а не поради храната!

Исто така ,новите истражувања покажуваат дека замислувањето себе како јадете некоја посластица или било која друга врста на храна, може да ја намали желбата за истата.Избегнувањето на славеничката храна никогаш не било поедноставно !

Затоа што сте уморни
Попладневниот умор може да ги одвлече и оние најдисциплинираните кон храната- поготово кон слатќите.Затоа наместо да посегнете по слатќи , прошетајте малку по канцеларијата или по станот, излезете малку на природна светлост, или земете шоља кафе или голема чаша ладна вода.

Затоа што часовникот покажува дека е време за јадење
Дали ви се случува да земете да јадете само затоа што е пладне , и време е за ручек? Или да одите во кујна во 18 00 часот затоа што во овоа време обично вечерате? Немојте да јадете само затоа што часовникот тоа ви го кажува! Кога приметите дека дошло време за некој од оброците проверете го вашето ниво на глад.Дали сте стварно гладни ? Ако сте - слободно земете да јадете , ако пак несте почекајте телото да ви каже кога да јадете и во тој случај игнорирај те го часовникот.

Затоа што е бесплатно ( или ефтино )
Сите сакаат да уштедат на некој начин , но немојте да јадете само затоа што е нешто бесплатно ( бесплатни примероци и слично) или доста поефтино ( купиш едно- добиеш две ).Секогаш прво проверете колку е вашето ниво на глад пред да автоматски ја наполните чинијата со ефтини работи.

Затоа што не можете да кажете НЕ кога ве нудат
Доколку сакате да им удоволувате на луѓето, тешко е да кажете не , посебно кога пријателите и семејството ве нудат со вкусна храна.Некокаш луѓето кои ве нудат не прифаќаат не како одговор, затоа е добро секогаш да имате подготвен одговор , но трудете се да бидете искрени.” Не сум гладен / а “ е обично доволно, како и “Нас – тојувам да ослабам “. Но ако сепак на крајот завршите со парче или цела торта спакувана да ја носите , треба да знаете дека се е под ваша контрола.Секогаш можете да ја поделите таа торта со комшиите или едноставно да земете само едно мало парче од неа.

Затоа што патите од синдромот на “чиста чинија “
Многумина од нас пораснале слушајќи “ Има многу деца кои гладуваат и кои би сакале тоа да го изедат “. за да не натераат да изедеме се што е во чинијата.За многу од нас , тоа што ни го зборувале додека сме биле мали, оваа навика да се што има во чинијата го изедеме, останува и кога сме веќе возрасни.Дали и понатаму чувстувате обврска да изедете се од чинијата иако несте доволно гладни за да тоа го направите., поготово во ресторан каде што плаќате за тоа јадење?За среќа денес не е проблем да се одложи храната во фрижидер па потоа да се загрее и да се јаде, па на овој начин нема да има до губиток и фрлање јна храната.За да спречите прејадување , користете помали чинии и така ќе ги намалите порциите храна кои ги внесувате.

Доколку јадете од некои други причини, а не поради глад ,тоа морате да го проверите сами со себе.Чувството како изгледа права глад може да ви помогне да препознаете кога јадете од некои други причини.Ако не можете да ѓи избегнете овие специфични окинувачи кои се причина да јадете кога не сте гладни – нема начин да ги избегнете сите – познавањето на овие стратегии ќе ви помогне !



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.