ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

31 СОВЕТ ЗА ВАШЕТО ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

 


  Naš savet: Kliknite na gornju sliku, sačuvajte .PDF dokument na vašem računaru a zatim ga odštampajte. Držite ga u blizini (radno mesto, kuhinja...) da bi vas podsećao šta vam je dnevni zadatak.

Почетокот на новата година или на новиот месец е правиот момент да отпочнете со работа на себе.Веќе и самиот факт дека го читате овој текст кажува за тоа дека сакате нешто да смените во својот живот,да бидете во подобра форма,да бидете по здрави , по активни ...Да го живеете животот со полни гради.

Можеби порано сте пробале слични работи но поради големите желби и малите неуспеси – се се враќало на старо.Ние сега ви нудиме да за 31 ден ги оформите новите навики кои ќе ве одведат во правата насока: кон нов, по квалитетен животен стил.

И не заборавјате : Овој советник не е само за почетокот на годината – може да го користите било кога ; битно е да ги следите малите чекори за секој ден ... и ... резултатите ќе ве изненадат!

Од десната страна се наоѓа .PDF документ. Симнете го и одштампајте го.

За оние кои почесто ја посетуваат нашата страна еве ги советите по денови:

----------------------------------------------------------

Експертите за човековото однесување кажуваат дека е потребно окулу месец дена
за да се формираат новите навики.Од друга страна,многу луѓе пробаат да создадат
( или ѓи преќинат ) навиките баш на почетокот на секоја година.Со правилен став
и фокусирање , можете да истраете во вашите новогодишни решенија и да постиг –
нете долготраен успех.

Пред вас е 31 совет ( по еден за секој ден ) за да го постигнете баш тоа.

Ден 1. Ако се уште не сте ги поставиле вашите цели за оваа година,направете го тоа денес.Напишете ги вашите цели ( со прецизни термини) и средствата со кои
целите ќе ги реализирате.Докажано е дека самото запишување на целите значително
ја зголемува веројатноста дека ќе успеете.

Ден 2.Дали вашите цели се прецизни и позитивни.?На пример : наместо да напиште
“ вежбање “ прецизирајте секоја цел да биде јасна и мерлива : Ќе шетам секојдневно
30 минути.Ќе трчам секој ден 5 км.Ќе вежбам јога 2 пати неделно...

Ден 3.Поставете ги вашите напишани цели на место каде што често ќе ги гледате-
на компјутер,на фрижидер,во рамка за слика на работната маса и во својот паричник
Ови подсетници ќе ви помогнат да останете фокусирани на патот кои сте го
зацртале.

Ден 4.Разработете акционен план за секоја цел.На пример : решителноста здраво
да се храните може да вклучува : учење за правилна прехрана,посета на диететичар
пронаоѓање начини како да ги прилагодите вашите рецепти,учење како да
подготвите нова врста на храна,планирање на времето за купување и приготвување.
Немојте да се преоптеретувате со секој чекор одеднаш, фокусирајте се на неколку
работи секојдневно.

Ден 5. Направете реален распоред на времето за да останете при целите кои сте
ги поставиле.Роковите ги претвараат желбите во цели.Дајте си доволно време за
го звршите секој чекор и изберете датум,кога ќе ја постигнете целта во целост.Ако
се уште не сте почнале да работите на вашите цели,денес е ден за тоа.

Ден 6. Споделете ги вашите цели со семејството и пријателите затоа што тоа е
непроценлива подршка и помош.Поверението во нив е моќна мотивациа која ќе
ви помогне да ја одржите упорноста и решеноста.Некои можеби ќе бидат подготвени да внесат промени во нивниот живот за да ви помогнат да престанете со некоја лоша навика или ќе ви ги причуваат децата за да отидете во теретана.

Ден 7.Испишете ги разните системи на подршка наместо еден главен.На луѓето им
треба охрабрување и подршка без обзир да ли им требаат рецепти за поздрав начин
на исхрана,ентузијазам за вежбање или размена на трикови за намалување на
тежината.

Ден 8. Почнете да водите дневник.Тоа може да биде обична тетратка ,или документ
во копјутерот.Користете го тоа за да го следите сопствениот напредок,и за да учите
од сопствените грешки:Кога имате лош ден,искористете го за да се подсетите зошто сте си ги поставиле тие цели и колку сте напредувале.

Ден 9.Направете мотивацијски колаж.Пронајдете инспиративни фотографии, цитати и охрабрувачки зборови,или пак било што за да ве подсетува на вашата цел.
Залепете ги на видно место така да може да ги гледате секојдневно.Тоа е вашата
визија,мотивацијски и јасен подсетник на тоа што сакате да бидете.

Ден 10. Не очекувајте совршенство.Ќе направите збрка, ќе згрешите и тогаш ќе
заборавите на се што решиле да направите.Клучот е во упорноста и подготвеноста
да се учи на сопствените грешки.Фокусирајте се на тоа што сте го направиле
наместо на она негативното.

Ден 11.Практикувајте да зборувате ,мислите и пишувате позитивни работи за
себе.Дајте си себе признание за оние работи кои добро сте ги направиле,за
способностите и талентите кои ги поседувате.Направете листа и додавајте на
неа она што го откривате и читајте го тоа секојдневно.

Ден 12.Направете план Б.Работата, патувањата или децата ќе ја пореметат вашата
рутина,така да ќе треба да направите прошетка за време на паузата за ручек,да
купите здрава брза храна или наутро да станувате порано.Да се работи нешто
секогаш е подобро отколку да не се работи ништо.

Ден 13. Искористете ја предноста на технологијата.Зачленете се за да примате
мејлови со мотивацијски пораки или внесете го подсетникот во вашиот компјутер.
Овие мали работи ќе ви помогнат да останете фокусирани кон целта без обзир каде
се наоѓате.

Ден 14.Наградете се себе си.За секое постигнување кое ќе го остварите испланирајте
нешто забавно.Наместо да земате храна,или да го прескокнете тренингот за да
прославите,останете на зацртаната патека со ново парче гардероба,масажа,краток
одмор,карта за биоскоп,книога или членство во фитнес клубот.

Ден 15.На половина пат сте!Денес подсетете се на изминатиот период и повторно
процените ги вашите цели.Дали ги следите термините кои себе сте си ги одредиле?
Дали поствените цели сеуште ви се важни?Дали сте мотивирани?Променете нешто
во врска со целите ако е потребно за бидете уште повеќе полетни.

Ден 16.Избегнувајте ги саботерите.Некои луѓе ќе ве убедуваат да работите
спротивно од вашите планови било што чувствуваат сопствена криваца или од
завист кон вас.Игнорирајте ѓи.Споделете ѓи вашите цели со луѓе кои се позитивни
и избегнувајте ѓи во целост негативците.

Ден 17.Запишувајте во дненвикот за вашата мотивираност.Има многу причини
поради кои сте си ги поставиле сопствените цели – подобро здравје,самопочитување
или среќа.Напишете ѓи сите овие причини и прочитајте ги кога ви е потребна
мотивација.

Ден 18.На календарот или на работната табела,залепете ГОЛЕМА звезда или некој
друг знак на секој оној ден кога сте постигнале нешто позитивно во достигнувањето
на својата цел:Со време вашиот календар ќе стане визуелен подсетник на вашиот
напредок кон долгорочните цели.Тоа ,исто така ,ќе ве подсетува дека повремените
лоши денови немаат големо влијание на севкупниот пат до целта.

Ден 19.Пронајдете си група за подршка.Иако вашето опкружување ( се надеваме )
ве подржува,лице кое тежнее кон истата цел може да ви даде поголема подршка,инспирација и одговорност.Лицето / та ќе сметаат на вас онолку колку и
вие можете да сметате на него / нив.

Ден 20. Визуелизирајте.Седнете удобно,затворете ги очите и длабоко дишете.Видете
се себе како ја достигнувате својата цел.Какво е чувството кога ќе ја достигнете
целта.Набљудувајте го секој чекор кои го превземате за да ја остварите целта и
верувајте во себе.

Ден 21.Споделете го вашето знаење.Можеби уште некој може да има корист од
она што до сега сте го научиле?Работејќи како ментор можете да ја зајакнете
сопствената посветеност кон вашите цели и да ги инспирирате другите да создадат
позитивни промени во нив самите.

Ден 22.Научете нешто ново што ќе ве инспирира.Ако сакате да го оставите пушењето , читајте за оние кои тоа успешно го направиле и чии животи се
подобриле,или за тоа како пушењето влијае на вашето здравје.Пронајдете нови
трикови за вашата моментална состојба.

Ден 23.Бидете приоритетни на самите себе.Ако многу работите за другите ќе имате
тенденција да се запоставите.Негувајте се себе си,и дајте си го потребното внимание
љубов.Вашите цели се важни и заслужувате да имате време за себе секој ден за да
ги остварите.

Ден 24.Работете по малку.Бомбардирање на самиот себе со премногу цели може да
биде стресно.Ако сте фокусирани на повеќе работи,секоја од нив трпи поради
недостаток на приоритет,внимание и точност.Напишете ја вашата работна листа
за да се фокусирате на она што е стварно важно.

Ден 25.Прославете ги достигнатите пресвртници..Ако ви е целта да ослабнете 25 кг
или повеќе,секој изгубен килограм е чекор поблиску до целта и секој заслужува
признание.Повикајте некој од пријателите или запишете го тоа во својот дневник.
Никогаш не знаете кого може би ќе го инспирирате.

Ден 26.Набавете си соодветни помошни средства.Остварувањето на вашите цели
може да бара некои додатни средства како што се добри патики за вежбање,
или софтвер за пресметка на калории.Одберете си средства кои ќе направат да се
чувствате сигурно ( прво и најважно) и кои ќе ви помогнат да го измерите вашиот
напредок.

Ден 27.Воведете разноликост !За да ја избегнете досадата,пробајте нови работи.
Зачленете се во некој клуб,најдете подршка во некоја локална група , или било
што друго што ќе го одржи вашиот ентузијазам.

Ден 28. Создадете ја вашата стварност.Умот не ги разликува имагинарните
доживувања и стварноста.Фотографирајте го ( забележете го ) успехот.Повторувајте
ѓи позитивните афирмации за постигнување на целите секојдневно и вашето
однесување ќе се рефлектира на она што сакате да бидете.

Ден 29.Секогаш враќајте се на патот кон целта ! Паѓањата се нормални и тие не
значат неуспех.Наместо да се казнувате поради грешките , кажете си на себе
дека една грешка не значи многу.Не чекајте до утредента,,до следната недела или
следниот месец за да се вратите на правиот пат.Оставете ги грешките во минатото
и тргнете напред.И најуспешните луѓе на светот прават грешки.

Ден 30.Се е избор.Вие бирате да гледате ТВ наместо да шетате,или да јадете
поради стресот наместо да поразговарате со некого.Пред нешто да направите,
застанете и прашајте се дали тоа што сте го наумиле да го направите ќе ви помогне
на патот до целта.

Ден 31.Ви честитаме! Напорно работевте целиот месец за да си помогнете и
вашите соништа да се остварат.Од сега, вие сте подготвени да ги остварите вашите цели.Користете го тоа што го научивте за да продолжите и да си поставите нови цели во иднината.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.