ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

МОТИВАЦИЈА ЗА НОВАТА ГОДИНА


 


8 Новогодишни одлуки

Прв ден е во Новата година ( за некои кои подоцна ќе читаат – може да биде трет, пети или триесети ден- не е важно) – како и секогаш,ние себе си даваме свечени ветувања што сакаме да работиме а што не во следната година. Обично на списокот на лични “ убави желби “ е здравјето и матерјалниот просперитет но и :

  • конечно решив да ослабнам и никогаш повеќе да не се угојам.
  • ќе отпочнам со вежбање и за неколку месеци ќе бидам во топ форма
  • ќе отпочнам повеќе да мислам на себе ,на својот изглед,својот живот, и НАЈПОСЛЕ да бидам она што од секогаш сум сакал / сакала...

Ви звучи познато,зарем не ? Но ЗОШТО овој пат тоа стварно да не го направам? Зошто да не “ жртвувам “ една единставена година и работите да не ги доведам во ред ?Зошто оваа година да не ја прогласите за ВАША година ,година на големи промени,година на голем пресврт.? Зошто да не ја прогласите свечено
Новогодишната одлука со која сето тоа ќе го постигнете ? Во кои правец да одите,
ќе ви покажеме во следните 8 чекори :

1.Направете план
Немојте себе да се доведувате во заблуда зборувајќи дека ќе се храните поубаво.
ќе вежбате повеќе и ќе загубите 12 кг.Ова стварно ништо не значи без стратегија.
Како тоа ќе го направите ? Која врста на храна ќе ја намалите или подполно ќе ја
исфрлите од вашиот мени.?Колку пати неделно ќе вежбате и колку долго ?На кого
ќе се обратите кога нема да се чувствувте добро или кога ќе ја загубите инспирацијата.?Значи, молив и хартија во раце и направете ПЛАН !

2.Запишете ја својата одлука
Ова не е молитва нити интимна песма сокриена на некое тајно,само на вас познато
место.Напишете ја вашата одлука ( или одлуки ако ги има повеќе )на хартија и
ставете ги на видно место ( можеби на фрижидерот или на огледалото во бањата ).
Употребете фломастер со некоја упадлива боја – сето тоа полесно да ве подсетува
на одлуката.

3.Бидете свесни на периодот на придржување на донесената одлука
Вашата одлука за 20XX година не е промена за еден или два месеци,ова би требало
да е долготрајна промена.Бидејќи вие одлучувате да отпочнете на првиот ден од
Новата година ,тоа е ден кои за вас представува пресвртница и чии резултати ќе ги
сумирате за точно едан година.Во исто време ,не дозволете ве залаже должината на
овој период....напротив ...работете на себе...и за себе како да Новата само што не е..

4.Секогаш бидете свесни дека се што работите – работите за себе
Ако вашиот партнер ви каже “ драга,малку си се здебелила “ , тоа не треба да биде
причина за да ја напишете Новогодишната одлука.Најдете причини кои се базирани
на вашите потреби, бидејќи тоа ќе биде единствена причина која ќе ви помогне да
ја поминете кризата.Губењето килограми за да на некому му изгледате секси е
добро, но главната причина мора да биде тоа што работите за себе.

5.Најдете некого со кого ќе го поделите “ тивкото страдање “ поради промената на животниот стил.
Имате 75 % поголема шанса да успеете ако најдете подршка.Тоа не значи дека морате да донесете иста одлука како вашиот пријател,колега или партнер- иако тоа
може да биде корисно – но многу е полесно ако одите со некого рамо до рамо.Вие
ќе ги подржувате нив кога има потреба а тие ќе ве охрабруваат кога ќе сакате да се
откажете.

6.Кажете на секого кого го познавате
Ако кажете на поголем број луѓе окулу вас тоа значи дека поголем број на луѓе
секојдневно ќе ве подсетува што ќе создаде повеќе позитивни стимулации.Тоа не е
одлука која морате сами да ја “ носите “.Кажете им на сите кои ги познавате и тие
ќе ви дадат позитивна подршка и добронамерни мисли.

7.Визуелизирајте
Не го велам ова како фраза или како шега.Силата на визуелизацијата и верувањето
е корисно за многу работи во нашиот живот.Најдете време секој неколку дена да
ѓи визуелизирате промените кои сакате да ги постигнете.Ако тоа е физичкото тело,
тогаш видете го онака како што сакате тоа да изгледа и верувајте дека може тоа
да го постигнете.Повеќе енергија ?Визуелизирајте се себе со нивото на енергија
кое сакате да го постигнете и почувствувајте го текот на визулезацијата.Ова
стварно функционира.!

8.Подгответе се дека не мора баш се да оди по план...
Иако сте направиле план,научете да бидете флексибилни.На пример,да речеме дека
сте решиле да почнете да трчате на трака и го повредите коленото.Променете ја
вежбата и работете нешто друго.Или ако сте решиле да бидете вегетаријанец,но
тоа го вознемири вашиот стомак,тогаш пронајдете некоја друга соодветна диета.
Немојте да се казнувате себе за да направите промени.

 

Среќно и ќе си пишеме за една година



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.