ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета + јака воља = 50 килограми помалку !


 

За своите искуства со УН диетата ( Рина ‘ с 90 ) пишува Игор ( на форумот dieta.net по познат како Гига ) човек кој за 9 месеци намалил 52 килограми !!! Гига не само да ги симнал своите килограми туку и понатаму помага на другите членови на форумот ( каде што е уредник на повеќе подфоруми ) и тие да ги надминат своите кризи, малодушноста ...Можете да го најдете во неговата “експертска “ рубрика на УН форумот под никот 314 Pezos

 

Поглед наназад ...

Одсекогаш сум имал проблеми со вишокот на килограми, некогаш повеќе некогаш помалку , нема некој одреден период ни некој посебен настан.Едноставно се јадело без некоја посебна причина.Имав и големи осцилации по одењето во војска 1982 година кога тежев 125 килограми и без некој посебен третман додјов на 75 кг.По враќањето од војска па до денешните денови само напредував во плус со повремени мали падови во обидите со разни диети.


Иначе сум висок 194 см а тежината на ден 30.06.2009 e 118 кг а мојата најголема забележана тежина на денот пред почнувањето со Ринас диетата на 01.09.2008 година е 170 кг а до оваа тежина дојдов едноставно: со неправилна исхрана , со неодмерени количини , земање на оброци во неадекватно време ( вечерите ми беа во доцните часови и беа тешки ) а физичката активност еднаква на нула.

Што ме мотивираше да почнам со диета ? Предпоствавувам дека ќе помислите : здравјето, изгледот ...некој трет проблем? Можеби ќе се насмеете но со диетата отпочнав за да и дадам морална подршка на мојата сопруга во нејзината диета затоа што таа често знаеше да се откаже па се потпираше на мојот јак карактер и беше сигурна дека ќе внимавам на неа и ќе и дадам силна подршка.Значи не е ниту изгледот , ниту здравјето ниту некој посебен проблем туку само помош на мојата сопруга.!


Предходни искуства ...

И порано сум се обидувал да држам диети во друштво со сопругата.Резултатите обично беа поразителни затоа што никогаш не го менувавме начинот на исхраната а тие обично беа са разни препарати за слабеење.

Пробавме многу препарати и никогаш не даваа резултати, а јас повеќе пати и докажав дека сето тоа е една маркетиншка лага затоа што во списание најдов една иста приказна со исти слики само името на препаратот беше различно и тоа за 3 разни производи.Тука беше нашиот крај со препаратите.Долго односно окулу три години трагав со што би , мојата сопруга , почнала да држи диета, пребарување по интернет и пронаоѓање на разни диети, проучување на истите и констатација дека сепак тоа не е за неа и се откажуваме без да пробаме.И тогаш....


Откритие...

...Најпрво на интернет пронајдов податоци за некаква УН диета, тоа го симнав и мојата сопруга од штурите поадтоци на еден лист хартија одпочна во мај 2008 година да се придржува кон новиот начин на исхрана и после месец дена западна во недоумица ...што да подготвува?И тогаш повторно интернет и после повеќе пре – барувања дојдов до списанието Рина и малку по малку дојдов до сознание дека се појавило оргинално издание на УН диетата – издание преведено во Србија под името Рина’с 90.По купувањето на книгата и откога добро ја изучив , сопругата и јас решивме дека тоа е нешто и го одредивме почетокот за 01.09.2009 година.

Значи , нашата цел беше едноставна : да ослабеме и тоа здраво без препарати, а во тоа оваа диета совршено се вклопуваше.

Почетоци...

За првите 91 денови на примената на УН режимот на исхрана се се одвиваше безпрекорно : мојата сопруга ја намали тежината за 10 кг а јас за 29 килограми.

На прашањето што ни се допаѓа кај овој начин на исхрана ,одговорот е едноставен : СЕ Начините на комбинирање на намирниците кои можат да се најдат во опкружува – њето ,сите коцкички се сложија како што треба.

Она што е најтешко во УН диетата беше – одрекнувањето од дотогашниот начин на исхрана, одрекнувањето од похуваните јадења и од фритезата ,...но ,ете , сега е тоа далеку зад нас.Најбитно е дека желбата за тоа веќе ја нема и таа се сведе на разумна мерка ( можеби еднаш месечно)


Кризи...

Кризи во текот на диетата имаше многу малку, обично тоа беа периоди пред крајот на нашето работно време односно периодот пред вечера но тоа се надминуваше со чаша млака вода или шоља чај.

Сепак мој најголем проблем беше физичката активност .Поради природата на работата во трговијата ( по професија сум сметко – водител ) и поради почетната преголема тежина но и досегашните чести скршеници на нозете , мојата физичка активност беше еданква на нула.Препорака на лекарите беше само лесни прошетки евентуално по вечерата додека тежината на телото не се намали на мерка која дозволува појаќи оптеретувања на зглобовите.Сега сум физички исклучително активен за што на почетокот на диетата можев само да мечтаам а физичката активност е клуч за финалето при секоја диета.


Наместо заклучок...

Многу сум задоволен , со својата сегашна тежина , со своето здравје а и со новиот изглед, па УН диетата би ја препорачал на сите кои имаат поголем број на килограми за намалување.

Реагирањето на околината беше многу позитивно, дури толку што на луѓето им станав репер за карактер и за тоа како треба да се држи диета а имаше и коментари дека можеби сум се разболел па се до тоа дека сум пристапил кон некоја секта.

УН диетата има само една битна потешкотиа а тоа е крајот на диетата – потешко – тијата е од финансиска природа – ќе треба многу нова гардероба !

 

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.