ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

АДИТИВИ

 

Прехрамбени адитиви – опасност или потреба ?

Не знам како вие но јас еден дел од своето слободно време го проведувам на интернет. Така доаѓам до разни информации , било до оние шарените кои ме опуш – таат, било до оние практичните ( што да се готви денес ) , па се до оние за она што се случува во кај нас или во светот.

Помеѓу останатото , по пат на интернет дојдов до вознемирувачкиот текст за адити – вите.Веројатно и повеќето од вас дошле до овој или некој сличен текст.Овој текст ме подсети на еден момент пред неколку години кога мајка ми дојде на моето работно место и целата уплашена ми даде во раце парче хартија со текст кој преду – предува на опасноста од адитивите.Можам да ви кажам ,текстот беше прилично долг Некој во него напишал како од разните додатоци на храната се добива рак на се и сешто, се оболува физички и ментално. Се обидов мајка ми да ја смирам но нешто не ми одеше од рака затоа што таа имаше “ адут “ бидејќи истражувањата ѓи направила една клиника за педијатриа и онкологија од Диселдорф.И објаснив дека на тој текст никој не се подпишал и дека не може туку така да се објавува некое известување од таков тип без званична процедура.Мајка ми си замина малку смирена но сепак со сомнеж.Го подледнав оној текст и адитивите спомнати во него кога ...нема ниту еден прехрамбен артикал а да во него нема барем еден опасен адитив, почнувајќи од гумите за жвакање кои секојдневно ѓи користам:Не ми беше се едно но набргу забоаравив на овој немил настан.

После работата заминав во блискиот супер маркет за да зготвам нешто вкусно за ручек кога таму многу луѓе со некои хартии во рацете – ги проверуваат чудните и над се убиточни Е ознаки на артиклите.Како што обично се случува , набргу се заборави на предупредувањето и ние продолживме да уживаме во храната со или без Е ознаки.Бидејќи овакво известување од време на време се појавува во јавноста ајде да се позабавиме со адитивите затоа што е очигледно дека тие ни се недоволно познати и ги осудуваме без докази.

Па да започнеме ...
Зошто маргаринот е така жолт, зошто пецивото се дига кога се пече ,зошто чокола – дото е толку тврдо и вкусно, зошто пивото може да се одржува одредно време ,чајот и кафето не го напаѓаат подолго време разни бубачки, од каде се желе бомбоните, како тоа да паштетие стојат на рафтовите а на во фрижидерот...Одговорт е : Поради разните супстанци кои се додаваат да сето тоа биде баш така и кои се делат на адитиви , ароми , ензими и помошни средства во производството. Во моментот ќе се бавиме со прехрамбената индустрија но само да напоменам дека адитивте се корис – тат и во машинската индустрија , моторната ,градежната...Ќе се свртиме кон прехрамбената идустрија и кон адитивите затоа што тие се здржуваат во прехрам – бениот производ и стануваат негова состојка за разлика од другите наведени додатоци кои се разложуваат или на крајот на постапката се исфрлуваат од производот.

Адитивите во исхраната имаат повеќекратна улога а ќе се обидам да ги поделам во неколку групи за да полесно ја разберете нивната улога :

  • овозможуваат дигање на тестото и ја регулираат неговата киселост : сода
    бикарбона , лимонска киселина ,ортофосфорна киселина и тартарати.
  • зачувување или подобрување на аромата и бојата на намирниците: сахарин
    аспартан, натриум глутамат , карамел.
  • спречуваат расипување на намирниците :нитрити ,нитрати, пропионска
    киселнина и нејзините соли, аксорбинска киселина , бензоати.
  • зачувување и нутритивно подобрување на намирниците : се користат разни
    витамини и минерали.
  • одржување на конзистенцијата на производот : алгинати , лецитин, пектин
    моно глицерин, диглецериди.

Кога ќе ја погледаме предходно напишаната поделба ќе видиме дека тука има како вештачки така и природни адитиви.Во денешно време се пропагира здрава исхрана и склони сме пак да одиме во крајност па да осудуваме се што е вештачко.Го има и тоа да се плашиме од се што се нарекува адитив.Треба да се напомене дека на пример аксорбинката киселина не е ништо друго освен витамин Ц кои што редовно го користиме и не се нервираме . Е 330 е лимонска киселина која е присатна во повеќето од овошјето и зеленчукот ( па се натпреваруваме во барањето на намирници со што е можно поголема количина ) а кога на спомнатата листа е напишана како Е 330 тогаш сметаме дека е штетна затоа што пишува дека доведува до воспаленија.Има и природни супстанци кои може да бидат лек но и отров ( арсен, кокаин, хром ...) Дали сакате да ги конзумирате ? Се сомневам .

Прашање е колку се природните адитиви по сигурни од оние кои се добиени со хемиска синтеза иако под адитиви се “сместува” се што е лошо.Адитивите извлечени од контекст и се лоши но во некоја рака и неопходни.Се е во дозирањето. Се смета дека е нешкодлива доза онаа која може секојдневно да се внесува цел живот.Се испитуваат по одредени процедури и тоа нивната акутна и хронична токсичност ,канцерогеност , гонотоксичност, мутагеност,алергогеност...Специфич – ните чуствителности не можат секогаш да се предвидат.Како се доаѓа до одредена доза ,се прашувате На пример овака :

Се се испитува воглавно на опитните животни. Максималната нетоксична доза која не влијае погубно на животните во главно се дели со 100 затоа што луѓето се 10 пати по осетливи од животните.Потоа таа доза се дели на 10 затоа што во рамќите на луѓето имаме лица кои се по чуствителни ( деца ,постари лица ,бремени жени ...) Сега во грубо дојдовме до дневната доза.После овие испитувања кога ќе се види дека адитивот е нетоксичен и низ разни испитувања , тој стигнува на позитивната листа која производителите не можат да ја користат како што сакаат , туку во склад со законската регулатива за производство, промет, квалитет...JECFA ја врши здравствената безбедност на адитивите а Codex Allimenatarius донесува стандарди и препораки за нивно користење и врз основа на тоа членките на УН ги внесуваат во своиоте закони.Така доаѓаме до буквата Е која е уведена од Европската Унија и означува адитиви во Европа. (Sl. list SCG, br. 56/2003).

Уште еден пример: нитрити се додатоци кои стварно не ги сакам но тие се просто незаменливи во заштитата и конзервирањето на месните преработќи , затоа што се ефикасни против бактерии кои продуцираат опасни токсини ( Clostridum botulinum, Staphyloccocs areus ..) Преработки кои се полни со нитрити се на пример паштети, виршли ,паризер...Лично сум против месните преработки затоа што сум видела како се подготвуваат ( во нив влегува се што е одпад од животните при производството во месната индустрија ).Малку се ежавам кога ќе видам родители кои константно ѓи хранат децата со овие преработки но како што напоменав се е во дозирањето.На секој артикал треба да биде испишана декларација на која што пишува што се влегува во производот а ние треба да решиме што и како нешто ќе го комзумираме. Лично , попрво гласам за домашна шунка отколку за паштета но таа за некого е скапа.Друга работа е тоа што шунката полна со сол а и да не зборуваме колку е димена.Колку е штетен димот толку е штетна и солта.Компромис : Во ред тогаш ќе земам малку шунка.

Кога сме кај таа шунка ,одкаде е таа ? Па од животните.А како е животното хрането. Со купишта вештачка храна која е полна , поред останатото ,со хормони кои влијаат на нашето здравје.Зошто ни е некогашниот хормонален тек мнгу изменет. Дали се сеќавате како нашите баби готвеле пилешка супа? Ќе ја фатела кокошката во рани зори и ставала да се вари и за еден час таа се распаѓа.Во ред , тогаш да отидеме во планина и да најдеме некое јагне , теле...Но ,дали сте виделе каде во главно се хранат ?Во близина на патот.Таа трава е полна со олово а ние јадеме специјално сирење и кајмак на пример од Златибор.За загаденоста на реките, езерата и морињата не вреди ни да пишувам.И така во круг...

Дали овој крај на текстот ви изгледа доста црн ?Не е ,верувајте ми.Треба само да се позабавиме со нашата исхрана глобално а не само со Е бројките .Како што повеќе пати напоменав целата работа е во мерката:Ме радува што гледам дека доста се работи на органски одгледувани намирници:За да ни биде подобро треба да се свртиме кон себе и да најдеме некаква равнотежа која ни одговара и која е најмалку штетна за нас и е во склад со нашите желби, , барања ,биоритамот ...како и свеста за нас и за се окулу нас.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.