ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

АНАНАС ДИЕТА

 

ananas dijeta

Летни асоцијации : сонце,плажи,костими за капење ...и,секако,вишок на килогарми кои се
насобрале во текот на месеците на неактивности и кои сега летната гардероба безмилосно
ги открива!Прилично непријатно,зарем не ?

За овој вишок што поскоро да го снема (или барем да се сведе на “разумна“ мерка )ви предлагаме една стара ,добра диета – малку прилагодена на денешното време.Прилагодувањата се плод од искуството на стотици иљади практичари кои со оваа диета лесно и брзо ја доведуваат линијата во ред во овие “ критични “ месеци кога се излегува на виделина.И затоа,
нема друго ,време е за ананас диетата !


Ананас диета – основи

Постојат неколку варијанти од ананас диетата а најгруба поделба е на оние каде се користи свеж ананас и слична диета каде се користи ананас од конзерви.Бидејќи свежиот ананас е побогат со хранливи материи (одличен извор на поголем број витамини и минерали како и ензими кои го потикнуваат варењето,работата на бубрезите како и санирањето на разни воспалениа ) – а покрај сето тоа има само 46 калории во 100 гр – се решивме за една брза диета со свеж ананас каде што без проблеми се губат 3 килогарми за само 5 дена! Циклусите од по 5 дена може да се повторуваат,а генерален совет е после 30 да се направи кратка пауза.

Деновите во диетата се разликуваат така да имаме парни и непарни денови.Во зависност од тоа дали денот е парен или непарен и менито е различито.Но,за сите денови се препорачува најмалку 2 шољи благ растителен чај и чаша обична вода веданш по станувањето.

Пример на мени за непарни денови (прв,трети и петти ден од дитета).

  • Појадок: парче свеж анананас и шоља чај без шеќер, јогурт со намалена масленост (2 дцл)со лажиче мусли.
  • Ручек:супа од зеленчук со лажица варени мелени житарки (може да се користи некоја од следните житарки по избор : ориз,пченица,јачмен,пченка,просо и овес.),обарен сезонски зеленчук (нема ограничувања во големината на порцијата ),парче свеж ананас.
  • Ужина: шоља зелен чај без шеќер,парче свеж ананас.
  • Вечера: 200 гр риба (печена во фолија),салата(морков,пиперка,домати...)парче свеж ананас.

Пример на мени за парни денови (втор и четврти ден од диетата)

  • Појадок: чаша свежо исцеден сок (ананас,киви,портокал),шоља замена за кафе без шеќер.
  • Ручек:180 гр пилешко (или мисиркино) месо печено во рерна,зеленчук печен на рингла или во тава без или со многу малку масло,на пример печени модри патлиџани,2 парчиња интегрален двопек и парче свеж ананас.
  • Ужина: парче свеж ананас и 2 дцл јогурт со намалена масленост.
  • Вечера:  супа од зеленчук (тиквички,моркови,брокула,целер ...),тврдо варено јајце, салата од свеж спанаќ, и секако парче свеж ананас.


Заклучок

Ананас диетата е прав избор за брза диета за летните месеци и со неа не само дека ќе намалите неколку килограми во еден циклус туку и ќе го прочистите организмот.Освен тоа, должината на самата диета (само 5 дена ) ви овозможува да ја организирате према своите потреби(на пример можете да држите 2 – 3 пати месечно кога ви одговара).Исто така ,диетата е богата со хранливи материи па не треба да се грижите дека ќе имате недостиг од нив.Можеби ,единствена замерка е прилично нискиот калориски внес (просечно 800 калории по ден) но тоа може да го корегирате со мало зголемување на количината и видот на јогурт кој го конзумирате ( земете по мастен) како и со количината на протеини (пилешко,мисиркино,риба) каде што можете да ја зголемите големината на порцијата и до 25 %.


Се на се , згодна летна диета за намалување на не претерано голем вишок на килограми од пасивните месеци.Оваа диета дефинитивно вреди да се проба па нека биде тоа и само еден петодневен циклус.

 

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.