ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ATKINS ДИЕТА / ATKINSONOVA ДИЕТА

 

позната и како Диета баз јаглено хидрати / Протеинска диета/

Пред се да ја разрешиме енигмата од каде се големиот број имиња за една иста диета.Одговорот е едноставен : Оваа диета се состои од внесување на намирници кои содржат голема количина протеини со едвај забележлив процент на јаглено хидрати ( од таму и имињата : Протеинска диета, Диета без јаглено хидрати).Што се однесува до Atkins , Atkinson, Etkinson , сите овие зборови се од презимето на “ пронаоѓачот “ на оваа диета ( Дr Robert Atkins ).Во секој случај името на оваа диета е Аткинсонова диета.Било како и да е – во прашање една иста диета со повеќе имиња која е наменета за оние кои треба да изгубат поголем број килограми.

Диетата се состои од три фази.Исто така,постои и четвртата фаза која е всушност одржување на достигнатото.Во првата фаза се ограничува внесот на јагелно хидрати на само 20 гр дневно. Должината на оваа фаза 2 недели.Во фазата 2 доаѓа до постепено воведување на јаглено хидрати ,посебно низ зеленчукот, а во третата фаза се формира оптималната количина јаглено хидрати кои лицето би можело да ги внесува подолг период а да нема проблеми со тежината.

На оние кои ја држат оваа диета им се советува да и после достигнувањето на саканата телесна тежина продолжат со ограничен внес на јаглено хидрати и тоа е четвртата фаза.

Теорија ...

Кога ќе се елиминираат јаглено хидратите од дневните оброци, црниот дроб ги претвара масните наслаги во гликоза, а додатен производ на оваа синтеза се токсичните кетони.Кетоните го потиснуваат апетитот, со што помалку се јаде па настапува губењето на телесната маса. Бидејќи низ диетата не е разгледан внесот на минерали и витамини , авторот на диетата препорачува земање на витамински пилули кои ќе го надокнадат очигледниот дефицит на витамини и минерали.

о оваа диета внесот на протеини не е ограничен.Без ограничувања може да се јаде месо,риба и јајца.Сирење,зеленчук,маслинки,масла и масти се јадат во ограничени количини, а алкохолните пијалоци ,шеќер,овошје ,млеко ,јогурт,житарки,прооизводи од брашно и слатки се подполно забранети.

... и пракса

Прва фаза

Цел на првата фаза на диетата е промена на метаболизмот.Внесот на јаглено хидрати е ограничен на 20 гр дневно.Како тоа изгледа во пракса ? Па , да кажеме, за појадок може да изедете омлет од две јајца со шунка или сланина,за ручек одрезок на скара,а за вечера варена риба.Првата фаза трае 14 дена.

Втора фаза

Подразбира губење на телесната маса со трошење на масните резерви.Дневниот внес на јаглено хидрати е ограничен на 15 до 40 грама.Значи месо,зеленчук (со ниска соржина на јаглено хидрати) и тоа е тоа ...

Трета фаза

Јаглено хидратите постепено се воведуваат,но се ограничени на максимални 60 грама,а ова ограничување се пренесува и во 4 ФАЗА – одржување на постоечката намалена тежина.

Критички поглед

Поради намален внес на јаглено хидрати ( Др Аткинс на сите им препорачува да го ограничат внесот на максимални 60 гр дневно) оваа диета предизвикала бројни контроверзи.Некои истражувања покажале дека нејзиното долготрајно проведување може да влијае на психичкото здравје и да предизвика мрзоволие,замор.Посебно овие симптоми се забележани кај жените чии што промени на расположението биле по интензивни.Исто така, ризик е и зголемената содржина на триглецириди во крвта,како и зголемена содржина на заситени масни киселини.Сем тоа,првата фаза на Аткинсовата диета може да предизвика проблеми кај оние кои иначе конзумираат поголеми количини јаглено хидрати или кои патат од хипогликемија,затоа што нивното тело не може така брзо да произведе гликоза за да се задоволат потребите на мозокот и мускулите, што резултира со замор или губење на свеста.

Од друга страна друго пак истражување покажало како Аткинсовата диета била најефикасна за губење на килограми во споредба со три контролни диетни режими на исхрана.


Вариации на зададена тема

Интернетот не бил интернет кога не би ни ја дал и “ по оргиналната “ верзија од самиот оригинал Имено, подоле може да ја прочитате “ Аткинсовата диета “ која кружи по нетот а за која поединци се колнат дека им помогнала повеќе од оригиналанта диета.Било како и да е – ако ја разберете долната диета како анегдота или како озбилна работа,барем вреди да се биде информиран.

Аткинсонова диета – интернет верзија

Оваа диета се состои во тоа да треба да се исклучи внесот на јаглено хидрати во организамот за да му помогнете на телото да се исчисти од масните наслаги.Со оваа диета нема да бидете гладни,не мора да јадете само три пати на ден,не треба храната да ја мерите и посебно да ги подготвувате оброците,не мора да пиете чаеви и таблети против појачан апетит,не морате да трачате или да одита на акупунктура.

Како делува
Со подполно исклучување на внесот на јаглено хидрати, резервите на масти во организмот почнуваат да се топат.Со првите 6 дена губите 5 кг,секој нареден ден сте полесни за 1 кг.За 24 дена можете да изгубите до 20 кг.

НО ВНИМАВАЈТЕ ! Ако само еден ден само еднаш изедете парче леб или било каква ситница која содржи јаглено хидрати организмот ќе го блокира топењето на масните наслаги.
НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЈАДЕ ХРАНА КОЈА СОДРЖИ ЈАГЛЕНО ХИДРАТИ

Оваа диета можете да ја држите онолку денови колку што сакате да ослабнете.Кога ја постигнете саканата тежина, организмот нема да добива на килажата одредено време,можеби и година – две.

Внимание: Оваа диета не е за секого! Поради изобилството на проетини,луѓето со здравствени проблеми би требало да консултираат лекар пред да почнат со диетата.

Забрането
Леб,компири,брашно,ориз,соја,грашок,презли,похувано месо,тестенини,кикирики,лешници виршли,запршќи,маргарин,шлаг,шеќер,чоколадо,разни грицки солени и слатќи,сладолед,ниту една врста сирење,ништо од овошје...

Ограничено
МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ – млеко,путер,кисело млеко и павлака,јогурт.

За да го надокнадите дефицитот на витамини кои ќе настане поради не внесување на наведената храна земајте витамини и тоа : Ц,Е,А,Б, калциум и магнезиум.


Храна која можете да ја конзумирате

Сите врсти на месо
Јунешко,пилешко,телешко,свинско,јагнешко,гуска,патка,дивеч на сите начини – сем похован- варен,печен ,на скара,можете да јадете и чварки но без леб,сушено месо,колбаси сем виршли, сите врсти на нарезок.

Сите врсти на риба
Морска риба,слатководна риба,сите врста на рибини конзерви.

Сите врсти на салати
Свежа зелена, пиперки,домати,краставици,зелка свежа или кисела,салата од морски плодови,лук, свеж спанаќ.Сите салати зачинете ги со масло,оцет ,сол,црн пипер...ајвар по желба.

Јајца
Може да јадете јајца на сите начини.

Зеленчук
Карфиол,блитва,спанаќ,праз,лук,зелка,артичоки,домати ,морков ,магдонос,целер,печурки.

Млеко и млечни производи
Под услов да количината на јаглено хидрати во вкупен збир на внесот не биде поголем од 15 гр.

Може да пиете
Минерална вода,лимон,црно кафе,сите врсти на чај без шеќер,половина литар или 1 литар гемишт но после 6 дена диета.Наместо шеќер користете вештачки засладувачи од типот на натрен и сл.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.