ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

БОДОВНА / ПИЛОТСКА / ДИЕТА

 

Диетата за која станува збор наизглед може да не залаже ;Дозволено е се ,нема многу лишување, но ... треба да се остане во рамките на зададените бодови и комбинациите на оброци – што понекогаш знае да биде многу тешко.Оваа диета иначе припаѓа на “брзите “ диети и за една недела може да се изгубат окулу 5 кг.

Се што треба да направите е да го почитувате правилото да во рамките на еден ден имате на располагање одреден број бодови и ништо повеќе од тоа.Како ќе ги комбинирате оброците е ваша работа но мора да се задржите во рамките на дозволените бодови за еден ден ( 18 – 20 бодови ).Може и да “ штедите” па на пример еден ден да конзумирате намирници во вредност од 15 бодови ,а утредента разликата да ја надокнадите на некоа забава.Ако се упуштите во оваа авантура , згодно е да имате нотес при рака и да бележите после секој оброк колку бодови сте земале.

Следува листата на бодови и на оброците кои ги носат :

Појадок - 3 или 4 бода

3 бодови :
1 портокал,цел или исцеден, 1 тенка лепиња со јогурт,посолена и со црн пипер,со неколку тенки
парчиња краставица,чај или кафе.

3 бодови :
Освежувачка овошна салата ( портокал,грејпфут,киви ) со натрен,3 парчиња печенка со малку
немасно сирење.чај или кафе.

3 бодови :
Гриз од обрано млеко (2 дцл ),суво грозје (20 гр ),чај или кафе

3 бодови :
1 банана,шоља шлаг ( од обрано млеко ) ,чај или кафе

4 бодови :
2 парчиња интегрален леб ( 40 гр), лажичка путер и 2 лажичќи пекмез,еден или два киви,чај или кафе

4 бодови :
Чаша сок од портокал ,палачинка со малку џем ,чај или кафе

4 бодови :
2 парчиња леб ( 60 гр ), 2 парчиња топено немасно сирење,1 грејпфут,чај или кафе

4 бодови :
Двопек со мармелад ,шоља обрано млеко,две киви,чај или кафе.

 


Шест ручеци по ваш избор

6 бодови :
Парче бела риба –варена,чинија зелена салата или цвекло со оцет и масло ,крем од ванила со
карамел и една круша.

6 бодови :
Салата од домати со лажичка маслиново масло,лук и насецкан власец,парче варено пилешко
бело месо со лажичка маргарин,2 лажици пире компир,3 мандарини.

6 бодови :
1 парче варена риба, чинија печурки,2 обарени компири или 4 лажици варен ориз,1 овошен
јогурт

8 бодови :
1 парче лосос на жар со лажичка тартар сос , 2 лажици варен ориз,1 лажица павлака (од обрано
млеко ) ,1 праска или јаболко.

8 бодови :
1 домат со немасно сирење,зајачки бут печен со темиан,сатараш со лажичка масло, 4 лажици
палента,1 парче свеж ананас.

6 бодови :
1 чинија супа од зеленчук без тестенина,1 бифтек на скара ( без маснотии),4 лажици тестенина
чинија компот со натрен

6 бодови :
Лазањи со тиквичи и швапско сирење,1 јајце, 1 парче леб, зелена салата со 2 лажички винегрет
( масло + оцет + зачини ),чинија замрзнати боровници или капини.

8 бодови :
Супа од зеленчук со лажичка павлака, обарен зеленчук по избор,1 виршла или 4 лажици леќа
и 2 парчиња варена немасна варена шунка, 1 овошен јогурт

8 бодови :
1 телешка шницла на лажичка маргарин, 250 гр грашок со морков,чаша вино.

8 бодови :
Краставица со 2 лажички павлака, 1 парче леб, 1 јунешка шницла од бут ( 60 гр ), лажица грав, 1 круша или јаболко.

 


Додатни напомени

Во случај на глад некоја од следните ужини ќе ви помогне и ќе донесе само 2 бода :

1 интегрална кифла
1 круша прелиена со 15 гр стопено чоколадо
2 помали палачинки со 2 лажички пекмез.
1 парче леб со малку путер
1 парче пита од сирење
1 мало парче чоколаден колач

Намирници со 0 бодови

Од кромид во салата до лажичка павлака на шницла,сето тоа не носи ниту еден бод, под услов да не земате повеќе од 3 лажички дневно!

Лажичка пармезан = 0 бодови
Лажичка овошен сируп = 0 бодови
Лажичка шлаг = 0 бодови
Лажичка џем = 0 бодови
Јадете риба 3 пати неделно

Благодарејќи на белковините и здравите масни киселини,рибата е една од најдобрите намирници во вашето мени.Не носи многу бодови , а обилува со здрави состојќи.Немојте да ја избегнувате ниту “ масната “ , сина риба ( туна,лосос,) затоа што содржи само корисни маснотии.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.