ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

БРАЗИЛСКА ДИЕТА

 
brazilska dijeta

Бразилската диета е една од најпопуларните “ брзи “ диети и овозможува експресно губење на килограмите и тоа до 10кг за две недели!Бидејќи дотичната диета постои во две варијанти супер брза и нормална – решивме овде да ви ја представиме нормалната варијанта затоа што супер – брзата е толку нездрава и нутритивно сиромашна да на никого не би му ја
препорачале! Значи ,одиме со “ нормалната “ бразилска диета.:


Оваа варијанта на Бразилската диета се држи 4 недели и со неа може да се намалат до 12
килограми месечно.Се јаде 4 – 5 пати дневно а основни намирници се во главно овошјето
и зеленчукот.


Бразилска диета – Седумдневно мени

Понеделник
Појадок:1 портокал,1 банана и шоља сок од портокал.
Ужина: 1 чаша сок од портокал и едно парче тост.
Ручек: 100 гр варена риба,100 грама салата од свеж зеленчук.
Вечера: - се исто како и за ручек. -.
Пред одење во кревет: 1 чаша сок од портокал,1 мало парче тост.

Вторник
Појадок: 1 меко варено јајце,1 шоља сок од јаболко.
Ужина: 1 мало парче тост,1 чаша сок од јаболко.
Ручек: 100 гр варено месо,2 варени компири,4 листа зелена салата.
Вечера:200 гр варена риба,1 тврдо варено јајце,зелена салата,зелен грашок(свеж ако го има ако не тогаш од конзерва)
Пред одење во кревет: 1 шоља сок од јаболко,1 тост.

Среда
Појадок: 1 шоља млеко со намалена масленост,1 парче тост.
Ужина: 100 гр сирење со намалена масленост.
Ручек:100 гр ориз,150 гр салата од свежа зелка со прелив од еден лимон и лажица ситно
сецкан магдонос.
Вечера: 100 гр варено месо,1 јаболко,4 листа зелена салата.
Пред одење во кревет: 1 шоља сок од јаболко,1 мало парче тост.

Четврток
Појадок: 1 шоља сок од ананас.,60 гр ананас.
Ужина: 1 шоља сок од ананас ,1 мало парче тост.
Ручек: 100 варено месо, мало парче сирење и еден портокал.
Вечера: 2 варени компири,150 гр салата од свежо нарендан морков со малку масло.
Пред одење во кревет: 1 шоља сок од ананас,1 парче тост.

Петок
Појадок: 1 чаша сок од јаболко и еден мал тост.
Ужина:1 јаболко, 1 портокал.
Ручек: 150 гр варена риба, 2 мали варени моркови.
Вечера:1 чинија супа од зелнчук( или чинија крем супа од печурки или рибина чорба ),
мало парче леб.
Пред одење во кревет: 1 чаша сок од портокал,1 мало парче тост.

Сабота
Појадок: 1 чаша сок од јаболко,1 парче тост.
Ужина: 150 гр варена нарендана салата од цвекло со малку растително масло.
Ручек: 1 чинија супа од зеленчук ,печурки или рибина чорба,1 мало парче леб.
Вечера: 100 гр пржени печурки,100 гр салата од свежо овошје ( по желба )
Пред одење во кревет: 1 чаша сок од јаболко,2 бисквити.

Недела
Појадок: 1 банана,1 рака суво грозје.
Ужина: 1 чаша сок од морков,1 мало парче тост.
Ручек: 100 варено месо,100 гр салата од свежа зелка,зелен лук и сок од лимон.
Вечера: 1 чинија зеленчук или рибина чорба од печурки,100 гр овошје,4 листа зелена салата.
Пред одење во кревет: 1 чаша сок од јаболко,2 сушени смокви.

Горното мени се повторува по потреба 2 – 4 недели- никако подолго од тоа.Враќање на
“ нормална ” исхрана се постигнува со зголемување на овошјето и зеленчукот
а потоа и со постепено зголемување на намирниците кои носат протеини.Како што гледате оваа диета е богата со овошје и зеленчук – не може да дојде до дефицит на витамини и минерали.Исто така , распоредот на оброци е таков да не би требало да бидете гладни ниту да имате колебање со нивото на шеќерот во крвта.


Активност

Се препорачува секојдневна умерена активност: 30 минути шетање, возење точак или пливање.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.