ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Brokoli dijeta

 

brokoli dijeta

Оваа диета ќе ви помогне да намалите 7 – 9 килограми за 10 дена.Самото мени вклучува пет промени на таканареченит режим.На пример : Првите два дена првиот режим,следните два дена вториот режим и така до крајот кога завршувате со петиот режим.Првите 6 дена од оваа диета се клучна фаза а двата следни режими се додаток.
Намирниците опфатени со оваа диета се одличен извор на витаминот Ц, кој го забрзува метаболизамот и го потикнува слабеењето.Брокулата е една од најко-рисните зеленчуци и према истражувањата содржи големи количини витамини и мине-рали.Брокулата е еден од најдобрите извори на калциум кој има многу важна улога во слабеењето.Вклучувајќи ги брокулите во секојдневната исхрана ќе бидете поздрави,по витални и секако ,по витки.

План на оброци за диетата со брокула

Диетниот план на оброци за диетата со брокули содржи разни видови на намирници : моркови, компир,риба, црвено месо ,месо од живина ,домати, р, жен леб , зеленчук,кисел крем,црн пипер, маслиново масло ,кромид.Може да пиете обична вода,минерална вода а понекогаш и немасни млечни напитоци.

Главна фаза:


Прв режим – прв и втор ден

Појадок: 200 гр варена брокула со сол,1 – 2 шољи црн чај без шеќер.

Ручек:150 гр варено пилешко и 250 мл благо посолена пилешка чорба.Како додаток 100 гр варена брокула со сол.

Вечера: 250 гр варена брокула со сол,1 – 2 шољи црн чај без шеќер.


Втор режим – трети и четврти ден

Појадок:Динстани брокули на маслиново масло со доадаток на пиперка и лук.Во подлабока тава за пржење ставете маслиново масло,200 гр брокула ,едно исецкано парче лук,една исецкана пиперка и малку сол.Динстајте 20 минути поклопено на тивок оган.

Ручек:Динстани брокули на маслиново масло со домати и кромид.Во тава за
пржење ставете маслиново масло.Ставете 150 гр брокула,половина главица кромид со средна големина, два исецкани домати и малку сол.Динстајте 20 – 25 минути поклопено на тивок оган.

Вечера:  Исто како и појадок.


Трет режим – пети и шести ден

Појадок:Салата од брокула, кисело млеко со намалена масленост и варено говедско месо.Варете 100 гр говедско,помешајте со 100 гр фино исецкана брокула и додадете 2 лажици кисело млеко со намалена масленост и малку сол.Една чаша кефир со намалена масленост.

Ручек: 200 грама обарена брокула во малку посолена вода.Ставете ја брокулта во лонец со вода која врие и варете не повеќе од 5 минути.

Вечера: 150 гр варено говедско месо малку посолено, 1 чаша чиста вода.


Додатна фаза

Четврт режим – седми и осми ден

Појадок: 100 гр варена брокула,2 меко варени јајца, една шоља црн чај без шеќер.

Ручек:Супа од брокула.Во 300 мл пилешка супа додадете 100 гр брокула,малку магдонос и малку сол.Варете на тивок оган 20 минути.

Вечера:2 парчиња р, жен леб,еден домат,100 гр варена брокула, една шоља сок од домати.

Пети режим – девети и десети ден

Појадок: 100 гр. варена брокула со сол и два обарени моркови.

Ручек:100 гр варена брокула со сол,100 гр обарена риба (може да користите било кој вид на риба).

Вечера: 200 гр варена брокула со сол,еден варен компир со лушпа.


Диетата со брокула ги содржи сите состојки кои ќе ви помогнат да ослабете и да го
одржите јакиот имунолошки систем, што гарантира дека изгубените килограми нема брзо
да се вратат.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.