ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

БРЗА ДИЕТА 3 Дена



Brza dijeta 3 dana

Брза диета 3 дена е една од најпопуларните диети денес, бидејќи трае кратко и дава инстант
резултати.Не чудете се штo низ целиот текст ќе се провлекува она фамозно “ 3 дена”
а причина за ова е што оваа диета не е на списокот на препорачаните и затоа ако веќе сакате да ја држите – држете ја 3 дена! Многумина ја усвојуваат како своја редовна диета и циклично ја повторуваат кога и да им затреба,односно кога треба брзо да намалат неколку килограмиi.Лошата страна на диетата е што резултатите може да ги сочувате единствено ако го промените начинот на исхраната односно намалите/исфрлите сето она што ви придонело за зголемување на телесната тежина ( воглавном слатки,обилни и масни јадења и секако доста тестенини) и секако ќе морате повеќе да вежбате. Се друго води во оној прочуен јо – јо ефект.

Едноставно речено Брза диета 3 дена е нискокалорична диета и нема ништо чудесно во неа
(некои посебни хемиски реакции кои ги согоруваат килограмите и сл.)Губењето на тежината е резултат на значителното намалување на калориите а тоа што се губи се во помал дел маснотиии а во поголем дел задржана вода.И тоа е тоа.Поради намаленото внесување на калории се препорачува практикување на оваа диета само 3 дена и за тоа време треба да се очекува губење на тежината помеѓу 2 и 3 кг.

Брза диета 3 дена – план на оброци по денови

Воведна напомена :Во планот често се споменува единица мерка шоља и затоа треба да се разјасни колку е тоа.Значи , шољата е стандардна која се користи за чај а зафаќа
нешто повеќе од 2,3 дцл ( или прецизно 236,6 цм³)

Ден 1

Појадок

  • црно кафе или чај (малку засладено)
  • ½ грејпфрут
  • 1 парче тост
  • 1 супена лажица путер од кикирики

    Ручек

  • 1 /2 шоља туна
  • 1 парче тост
  • кафе или чај (малку засладени ) или вода

    Вечера

  • 100 гр обарено посно месо (било кое)
  • 1 шоља обарена боранија
  • 1 шоља морков
  • 1 шоља сладолед од ванила
  • 1 јаболко со средна големина
  • кафе или чај (малку засладени) или вода

Ден 2

Појадок

  • црно кафе или чај (малку засладени)
  • 1 варено јајце
  • 1 парче тост
  • 1 банана

    Ручек

  • 1 шоља немасно сирење
  • 1 парче тост
  • кафе или чај (малку засладени) или вода

    Вечера

  • 2 виршли
  • ½ шоља морков
  • 1 шоља брокули на пареа
  • ½ шоља сладолед од ванила
  • кафе или чај (малку засладени ) или вода

Ден 3

Појадок

  • црно кафе или чај (малку засладени)
  • парче (окулу 50 гр ) младо сирење
  • 1 парче тост
  • 1 јаболко

    Ручек

  • тврдо варено јајце
  • 1 парче тост
  • чај или кафе (малку засладени ) или вода

    Вечера

  • 1 шоља туна
  • 1 шоља моркови
  • 1 шоља карфиол
  • 1 шоља сезонско овошје
  • ½ шоља сладолед од ванила
  • кафе или чај (малку засладени ) или вода

Замени

Брза диета 3 дена можни замени:

- Портокал наместо грејпфрут
- Туна наместо сирење и обратно
- обработен јогурт наместо сладолед
- боранија наместо брокула
- карфиол наместо брокула
- цвекло наместо моркови

Заклучок

Како што е веќе кажано,горната диета не спаѓа во редот на здравите диети,но од друга страна носи брзи резултати.Ќе ви помогне брзо да ослабнете и да се вовлечете во гардеробата која до вчера ви била тесна.Но препорака е да ја применуваат само здрави лица и да трае онолку денови како што името и кажува :Брза диета 3 дена !



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.