ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Bundeva dijeta

 
bundeva dijeta

Оваа диета е пригодна за есенскиот период земајќи во предвид дека во тоа време има тикви во изобилство и се препорачува на оние кои сакаат брзо да ослабат.Трае две недели и во овој период може да намалите 6 – 8 кг.Со оваа диета не само да ќе го намалите вишокот на килограми ,туку ќе го исчистите,исцелите и ќе го подмладите телото.Експертите велат дека тиквата е идеална намирница за слабеење.Содржи протеини,маснотии,јаглени хидрати,пектин и минерали (калиум,калциум, железо, цинк ), витамини од групата Б ,групата Ц,Е,ПП,А.

Тиквата е единствена по тоа што содржи важен витамин К кои ја регулира густината на крвта, и Т кои го регулира метаболизмот а и двата многу ретко се наоѓаат во останатите врсти на зеленчук.

Во текот на спроведувањето на оваа диета секој оброк мора да се зема точно на време.Тоа
време го одредувате вие во согласност со дневните обврски.Во диетата се вклучени ужини,кои се
состојат од незасладено овошје,чај или кафе без шеќер,минерална вода.

Пример на мени за диетата со тиква

Прв ден

  • Појадок:Тиква со моркови и сок од лимон,каша од тиква со додаток на житарки(ориз, просо или овес).
  • Ручек:Супа од зеленчук со тиква (пиперка,морков,кромид,мала количина компир и
    растително масло ).
  • Вечера: Тиква печена во рерна.

Втор ден

  • Појадок: Салата од тиква,каша.
  • Ручек: Пасирана тиква, супа од зеленчук.
  • Вечера: Овошје по избор.

Трет ден

  • Појадок: Каша од тиква , салата од зеленчук.
  • Ручек: Супа од зеленчук , и нодли (без компири).
  • Вечера: Две парчиња тост и салата од тиква со ананас.

Четврт ден

  • Појадок: Каша од тиква , салата од зеленчук.
  • Ручек: Супа од зеленчук и динстани благи пиперки.
  • Вечера: Рагу ( тиква ,зеленчук и печурки ).

Петиот ден од диетата повторете го менито од почеток..

Диетата со тиква нема контраиндикации ,но би требало да ја избегнуваат луѓе кои што
имаат некои од болестите на дигестивниот тракт.

Физичка активност

Секојдневна прошетка со брз чекор во траење од триесет минути значително ќе помогне во ефикасноста на диетата.

 

 

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.