ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА - ПРЕПРЕКИ ПРЕД СТАРТОТ


Marketing

Овој текст е од областа со која најмногу се бавиме ,а тоа тренингот во успешно реализи-рање на диетата и трајното одржување на идеалната телесна тежина.Да тргнеме од почеток, а почетокот е во случај на борба со вишокот килограми,далеку пред самиот момент на започнување на диетата.Затоа што, да се започне диетата значи да се впуштите во една акција , на која и предходело препознавње на проблемот,развој на мотивираноста и решеност да превземеме нешто за да го решиме проблемот.

Нешто што предтавува основа на успехот во било која активност,па и во диетата
е мотивацијата.Јаката мотивација води до донесување на цврста одлука да се
започне со диета и помага да се отпочне со диета и помага да се пребродат
тешкотиите кои се јавуваат во текот на спроведување на диетата.Поради тоа ,таа
е клучна за успехот.:Мотивацијата е за активноста како гориво за автомобил.Не е
неопходна ,но е она што дава енергија и ја покренува машината.

Мотивацијата не е статична ,непроменлива вредност.Таа има свои фази на развој.

1) Во првата фаза , претконтемплација се уште не постои препознавање на
проблемот и нема интересирање за да се менува било што.Ако имате вишок на
килограми,а сте во оваа фаза, тогаш воопшто не го доживувате својот вишок
на килограми како проблем – ниту здравстве,ниту естески,ниту кондиционен.
Значи,се наоѓате во состојба на “блажено “ незнаење или незаинтересираност за пробелемот..

2) Во втората фаза контемплација проблемот се препознава интелектуално,но се уште постојат помешани емоции и амбивалентен став према промените.Ако сте во оваа фаза , увидувате дека вишокот на килограми може да ве чини здравје, остварување на подобри партнерски односи,да не ви биде непријатно кога треба да се појавите во костим за капење на плажа итн, но сеуште проблемот не го сфаќате озбилно,избегнувте да размислувате за тоа,не сакате да се одрекнете од уживањето во храната ,се залажувате со мислите дека е можно да продолжите по старо, а да немате проблеми.Во оваа фаза препрека не представува простото не знаење,неинформираноста за проблемите на угоеноста.По правило тука се во игра разни фактори кои не одвраќаат од решавање на проблемот: За тие “ препреќи пред стартот на трката “ нешто повеќе ,подоцна.

3) Во третата фаза препарација постои желба да се работи на проблемот.Често се бара помош од други,но се уште не постои точна идеа што треба да се стори. Ако сте во оваа фаза ,тогаш сте подполно свесни дека нешто треба да се менува, но не занете што и како.На пример,можеби имате магловита представа што ве довело до угоеност и каде грешите во исхраната ,што ве одвраќа од држењето на диета и сл. ,но не занете како да го решите проблемот.

4) Во следната фаза акција , активно се работи на решавање на проблемот.Тоа решавање на проблемот може да биде успешно , но и не успешно- значи може да води кон посакуваното решение но не мора.Ако сте превзеле некаква акција ,но таа не довела до успешно и трајно слабеење,како што често се дешава со брзите диети или со користењето на разни “ природни “ или помалку природни средства за слабеење,тогаѓ ќе осцилирате помеѓу фазите на препарација и акција. Ќе се обидувате со некои други решенија а ако и тие се неупсешни,постои опасност дека ќе донесете погрешен заклучок дека не сте споосбни да ослабете и да ја контролирате својата исхрана и тежина.Тоа може да доведе до трајно откажување од диетата,деморализираност, пад на самодовербата па и до депресија. Затоа,многу е важно пред да го избереме начинот како ќе се фатиме во костец со проблемот ги собереме сите информации и се решиме за онаа метода која е научно докажана и која во пракса дава најдобри резултати.

5) Во последната ,пета фаза на одржување лицето го постигнало саканиот ефект
- го намалило вишокот на килограми и научило како да не ги врати.Постигнатите телесни и ментални ( затоа што да се одржат намалените килограми подразбира пред се промени на начинот на размислување и однесување во исхраната ) промени се консолидираат и лицето развило способност да не се врати предходната состојба на угоеност.Проблемот е надминат.

За читателите кои имаат вишок на килограми би било корисно да размислат и да
одговорат на следните прашања :
1- Што мислите во која фаза моментално се наоѓате по прашање на мотивацијата
за решавање на проблемот на угоеноста ?
2- Ако сте во фаза на контемплациај,што мислите што ве спречува да тргнете во
акција ?

За да одговорите на второто прашање ,прочитајте го остатокот на текстот,затоа што
може да ви помогне да ја согледате препреката-проблемот,а свесноста за препреката
е прв услов да се тргне во нејзиното одстранување и да се продолжи патот кон
целта.


ПРЕПРЕКА 1: Очекување на брзи решенија

Лицата кои очекуваат брзи решенија често размислуваат слично на ова : “ Што,зарем
треба да држам диета една година за да изгубам 40 кг ? .Повеќе ми се допаѓа оваа
зелка/лимон/кисела вода и сл диета.Може да намалам 10 килогарми за 10 дена ...
значи месец и половина и проблемот е решен.” Не би да навлегувам во детали во
врска со здравствените ризици на брзите – шок диети.Овие ризици ни се по правило
познати.Познат ни е и многу пати докажан фактот дека брзо намалените килограми
со уште поголема брзина се враќаат а често се нафрлуаваат и додатни.
Зошто тогаш и понатаму очекуваме брзи решенија ?Откаде тоа да очекуваме
проблемот кои се таложел со години во форма на славско-роденднески-новогодишни
килограми,да се реши “ преку ноќ “ а потоа и разочарување кое се појавува кога нема
да успееме да ослабнеме 40 кг за 40 дена.Имено, бидејќи обично се покажува дека
диетата не “ функционира “ како ни е ветено,или е ужасно исцрпувачка,јунакот на
оваа наша приказна по правило,се предава и поради изгладнетост ги враќа сите
изгубени килограми,па потоа пак проба со некоја брза диета итн, циклусот се
повторува.

Во што е проблемот?Како тоа да иако сме интелегентни и образувани, па разбираме
дека не е баш разумно да очекуваме брзи и фантастични резултати,сепак негде во
длабочината на душата тоа го очекуваме.?

Во основа на овие очекувања и однесувања е еден општ начин на размислување.
Имено,живееме во ера на ткн благосостојба.Иако на населението на Србија и на
Балканот може да им се чини дека се далеку од благосостојба,сепак ако се споредиме
со своите предци кои немале коли, веш переле на раце,а ако годината не била родна
биле и гладни,сепак сме во повластена состојба.Живеејќи без претерани искушенија
и маки ,денешниот човек научил да биде телесно задоволен.Телесните неугодности
а посебно оние долготрајните , кои ние ѓи тумачиме као нешто што “ не е ок”
да ни се случува и тогаш сме помалку подготвени на телесни одрекнувања кои
одат со диетата.
На оние кои имаат упорни и јаки проблеми поради оваквите животни уверувања,
когнитивно-бихејвиоралниот пристап може доста да им помогне:Овие уверувања
со помош на терапевтот се разгледуваат од аспект на наивната оправданост и
корисност и се донесуваат заклучоци во вид на ставови кои се далеку по реални
и по корисни за лицето и кои помагаат да ги надмине проблемите( во овој случај
со килогармите).

Во следниот дел ќе се позабавиме со уште некои од честите препреќи во отпочну-
вањето со држењето на диети- склоност кон хемиски помагала,склоност сите
проблеми да се решаваат одеднаш и држењето на диета да се одложува до недоглед.

Втор дел>>

 

Lana Engel
MSc psiholog, Dijetalni trener
Dijeta preko interneta - FitSlim.eu

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.