ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА - ПРЕПРЕКИ ПРЕД СТАРТОТ II


 

Продолжува темата од пред десет дена "Диета - Препреки пред стартот- Прв дел".


ПРЕПРЕКА 2 - Таблетоманија

Очекувањето дека проблемот со вишокот на килограми може да се реши со одредени медикаменти – таблети или прашоци,кои наводно го забрзуваат метаболизмот или помагаат во исфлување на маснотиите преку изметот и сл.
И овде не би сакала да навлегувам во расправија за здравствените ризици на оваквото слабеење , туку би се фокусирала на уверениата кои не наведуваат да такво нешто го работиме..

И во овој случај општествената клима донекаде е одговорна за оваков пристат кон проблемот со вишокот килограми.Имено,често сме склони да психолошките проблеми ( напнатост,тага ,несоница и сл ) ги решаваме со помош на таблети, па така и угоеноста сакаме да ја “ одстраниме “, “ анулираме “, без никаков увид во во длабочината на проблемот кои го имаме со исхраната.Тоа е лесно решение.Треба само да се проголта пилулата.Значи,наместо активно да се фатиме во костец со проблемот,да се запрашаме – која е мојата улога во тоа,како јас со своето однесување сум се довел / ла себе во тој проблем,и што можам јас да направам за
да тоа го решам,што бара време и размислување,ние често се свртуваме кон пасивно
голтање на лекови.

Лошата вест е дека психоактивните лекови можат само да го замаскираат проблемот,
односно да ги ублажат симптомите кои не мачат,но чим престанеме да ги пиеме
проблемот со сите симптоми ќе се врати,затоа што не сме го решиле – не сме ја
решиле причината,коренот на проблемот.
Исто е и со диетите со пилули.Можеби ќе намалиме неколку килограми ( на нездрав
начин) но нема да научиме како да се ослободиме од вишокот килограми за цел
живот и да го сочуваме здравјето и виткоста.

Иако е факт дека нашето општество би требало да се ангажира во пропагирењето на
по активниот и по одговорниот животен стил,тоа сепак не треба да биде изговор за
едно возрасно лице да не ги земе “ работите во свои раце “ .Затоа , ако другите
не се погрижиле за нас ,можеме и мораме сами да се погрижиме за себе.

Додатен проблем во поедини општества може да биде и етикетирањето на оние кои
имаат увид во себе ,па препознаават дека прават грешки во животот и дека има
работи кои би можеле да ги поправат кај себе,па се обраќаат на стручњак – психолог
за помош.Постои склоност да за таквите луѓе се мисли дека нешто “ им недостасува”
Меѓутоа ,вистината е подполно спротивна од општествените уверувања.
Истражувањата покажуваат дека лицата кои сами се обраќаат на психологот за помош ,по правило ментално се поздрави и по зрели од оние кои ги негираат своите
проблеми и прибегнуваат кон таблети земајќи ѓи на своја рака.Затоа што.ако не
реаѓираме правовремено и дозволиме проблемот несметано да се развива,многу е
веројатно дека проблемите ќе се натрупаат и искомплицираат ,а нема да се решат
самите од себе.Лицата кои реаѓираат на време ,односно додека проблемот не се
искомплицирал,имаат многу подобри шанси успешно и брзо да го решат.


ПРЕПРЕКА 3 : Се одеднаш

Често се случува да некој кој што се реши да ослабне, реши истовремено да
престане и да пуши, па покрај сето тоа треба да оди и во теретана и да вежба
минимално 1 час дневно.Тоа се претерани барања кои ги ставаме пред себе и
скоро е извесно дека нема да успееме.Неуспехот,сам по себе никако не може да
ни помогне (како е понапред во текстот споменато) ,затоа што ќе ја наруши нашата
самодоверба , расположението и подготвеноста да работиме на целите кои ѓи
имаме.Сосема е во ред и пожелно е да како крајна цел имаме и одвикнување од
пушењето и постигнување на подобра кондиција,но треба да работиме постепено.

Често зад јаката потреба да сите проблеми се решат одеднаш ,се крије ткн.
перфекционизам.Перфекционизмот е јака потреба да се што се работи се изработи
на најдобар можен начин односно без најмала грешка.Ако грешката сепак се случи
(а тоа по правило се случува затоа што никој не е совршен ),перфекционистот ќе
се чувствува ужасно – нема да може да си прости самиот на себе.

Во основата на перфекционизмот стојат одредени,за секое лице специфични,животни уверувања. На тие уверувања може да се работи со психологот и тие може да се изменат.По изменувањето на тие уверувања ,многу е полесно да се постигне успех во диетата, одвикнување од пушењето и сличните задачи кои сме ѓи поставиле пред себе.

ПРЕПРЕКА 4 : Одложување

Ова е наизглед спротивно однесување од предходното,но во основа има иста црта-
перфекционизам.

Одложувањето е однесување својствено скоро на сите.Секако,има разлика во степенот и озбилноста на одложувањето кај разни луѓе.Одложувањето може кај
некои да оди до таму да подполно ѓи блокира за да се остварат во животот.На пример ,на сите ни се познати случаевите на “ вечните студенти “.

И како и “ вечниот студент” ,кој многу добро знае дека треба да ги заврши
студиите и дека тоа многу ќе му користи во животот,тој сепак го одложува учењето
за попладне,па потоа за утре итн, така и некои луѓе кои би сакале да ослабнат,знаат
дека треба да отпочнат со диета ,но размислуваат: “ ќе почнам од следниот оброк,
па од утре наутро,па после летувањето...итн. “

Зошто ги одложуваме битните работи,кога знаеме дека се битни ?
Тоа го правиме затоа што овие активности во моментот ни создаваат чуство на
непријатност,па поради моменталното избегнување на непријатности избираме да
ја оставиме таа задача на страна.Потоа,по правило ,земаме да се бавиме со нешто
помалку значајно,но под изговор дека тоа е по значајно.Таа друга активност,која е
по малку значајна ,ја користиме како оправдување за да не се бавиме со таа
активност која ни е битна а која ја избегнуваме.
На пример,веќе долго сакаме да ослабнеме и размислуваме за тоа ,но секогаш нешто
ќе се испречи што ни ги “ расипува “ плановите.Така,тука е стресната работа ,па
...еве само да ми помине оваа гужва на работата,па ќе се посветам на диетата,па
потоа доаѓа одморот,може малку да се опуштам и да уживам,а потоа ќе мислам на
диетата.Ќе држам диета кога сето тоа ќе помине.Итн.

Покрај тоа што не спречува да ги оствариме некои важни цели во животот,одложу-
вањето има и уште една негативна последица а тоа е што не држи заробени во
нестварните планови.Имено, стално сме во фаза на планирање и решавање,Таа
вечна,нерешена задача е еден секојдневен баласт (ментален и емоционален ) кои
непотребно го “ влечеме “ понекогаш и цел живот ,наместо со симнување на таа
задача од дневен ред да ѓи ослободиме менталните и емоционалните потенцијали за
некои други задачи.Што помага во борбата против одложувањето ?

Има неколку “ лекови “ .Некои се малку со поголеми барања и вклучуваат
навлегување во основите на проблемот ( најдобро со помош на психолог ) – во
природата и корените на непријатните чувства кои стојат во основите на одложува-
њата.

Другите мерки се непосредни,но и краткотрајни,односно еднократни.Една од нив
е кога ќе ви “ дојде “ нешто да одложите а што знаете дека мора да го направите,замислете ,чекор по чекор-детален план за акција.Значи,една поголема
цел, разделете ја на ситни “ чекорчиња “ .Потоа кажете си себе ...сега тоа ќе го
направам и веднаш тргнете во акција.

По детално се позабавивме со некои од честите психолошки препреќи кои се
појавуваат пред нас кога сакаме да отпочнеме со диета .Секако, конечната листа
на препреќи е многу подолга,практично неисцрпна,затоа што секој е “ приказна за
себе “ и секој проблем со килажата е во голема мерка поинаков од проблемите на
некој друг,односно специфичен.

Ако нашиот текст ви беше инспиративен и сакате да ни испратите коментар,ќе ни
биде драго да го прочитаме вашето мислење.

Lana Engel
MSc psiholog, Dijetalni trener
Dijeta preko interneta - FitSlim.eu



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.