ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ВО ВИТОК ДУХ ВИТО ТЕЛО


Marketing

Истражувањата покажуваат дека лицата кои посетувале когнитивно – бихејвиорелен
третман со цел да се ослободат од вишокот на килограми,не само што полесно и поуспешно држеле диета ,туку по правило и по завршувањето на когнитивно – бихејвиоралниот третман продолжиле да ги намалуваат килогра-мите се додека не ја постигнале саканата телесна тежина, која потоа и успевале да ја одржат.

Минатата година WHO ( Светската здравствена организација ) објавила дека бројот на угоени во светот по прв пат го надминал бројот на неухранети,Угоеноста добива размери на епидемија.Посебно загрижува фактот дека се повеќе има угоени деца, а со обзир дека се знае дека угоените деца по правило израснуваат во угоени возрасни.

Покрај здравствените ризици,угоеноста донесува и кусок на елан,намалено само-
почитување и самодоверба,депресивност, намалени шанси за запослување и
остварување на задоволителни партнерски односи.

Ако сето тоа го знаеме,а поголемиот дел од нас многу добро го знае тоа,зошто
тогаш не сме сите вити ? Зошто толку многу интелегентни,способни,убави и на
ској друг начин успешни луѓе,сепак го носат бремето на вишокот на килограми и
страда поради тоа,често низ целиот свој живот.

Можеби сте, како и повеќето други кои се борат со вишокот на килограми,повеќе
пати се обидувале да држите диети и да го одржите со тешка мака стекнатиот
“ кусок на килограми “.Но , после многубројните враќања на се што сте изгубиле.
сте почнале да верувате дека никогаш нема да успеете,дека едноставно таков ви
е метаболизамот,дека имате слаба желба, дека за разлика од слабите сакате да
јадете и затоа никогаш нема да ослабнете.

Меѓутоа, угоените луѓе во главно немаат по спор метаболизам,по слаба желба или
вродено поголем апетит од оние кои се вити.Тие најчесто се разликуваат едните
од други само по начинот на размислување за храната,по прехрамбените навики
кои ѓи стекнале и по начинот на кои ѓи решаваат животните проблеми и излегуваат
на крај со стресот и емоциите.А сите тие разлики не се вродени, туку се стекнуваат
со учење во текот на животот. Со самото тоа “ дебелите “ не се осудени тоа да
останат цел живот,затоа што се што е научено може и да се “ одучи “ и да се
научи нешто друго – подобро, по конструктивно и по ефикасно.Значи , и оние
“ од секогаш -дебели “ можат да научат да мислат и да се однесуваат како едни
“ од секогаш – слаби “ лица.
За да се успее најпосле во долго посакуваното
ослободување од вишокот на килограми,неопходно е најпрво да се стекнат одредени
предуслови за успех во диетата, а тоа се соодветни мисли,знаења и вештини
потребни за намалување на килограмите а подоцна и за одржување на достигнатата
витост.Кога ќе ги стекнеме неопходните знаења и вештини самото држење на
диетата е полесно и ни носи трајни ефекти – килограмите не се враќаат,затоа што
сега знаеме како да не им дозволиме да се вратат.

Предпоставувам дека просечниот читател на овој текст се прашува: "Што е тоа
конкретно – кои се тие мисли,навики,однесувања ,кои ги поседуваат витите луѓе
и кои ги чинат способни да не се угојат ?”

Еве неколку типични (подполн список не е можен затоа што секоја личност е
различна ) :

  • витите луѓе немаат навика проблемите да ги решаваат со храна туку умеат
    на некој друг начин да се изборат со проблемите.
  • витите луѓе подобро разликуваат разни телесни состојби ( глад од жед, јака
    желба за одредена храна ).
  • Тие подобро ја поднесуваат состојбата на глад и не ја тумачат гладта како
    аларм дека мора веднаш да се јаде.
  • Угоените луѓе чувството на преполнетост со храна ( прејаденост ) по правило
    го доживуваат како норманална состојба,додека на витите преполнетоста им
    е непријатна.

Сите наброени и многу други разлики на овие две групи луѓе се стекнати,научени,
па со самото тоа може и да се одучат, а место нив може да се научат начини на
размислување и вештини на витите луѓе.

Во психологијата постои една гранка на психотерапијата наречена когнитивно –
бихејвиорална психотерапија.Таа се фокусира на измена на неефикасните форми
на размислување и однесување.Истражувањата покажуваат дека оние кои ги
посетувале когнитивно – бихејвиоралните третмани со цел да се ослободат од
вишокот на килограми,не само да по лесно и по успешно држеле диета, туку по
правило и по завршувањето на третманот продолжиле со намалување на килограмите се додека не ја постигнале саканата телесна тежина,која потоа и
успевале и да ја одржат.

Истражувањата исто така покажале дека помошта на психологот преку интеренет
( по пат на електронска пошта – мејлови, chat, текстови на web, web програми и сл),
по правило се подеднакво успешни како и помошта во лична средба (лице во лице ).



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.