ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Детоксикациска диета

 

Detoksikaciona dijeta

Овој тип на диета најчесто ја применуваме во време кога се менува годишото време,најчесто во пролет кога од еден тип на исхрана преминуваме на друг и кога на огранизмот му е потребно тоа ,чистење од повеќе месечното натрупување на тешка и концентрирана храна-карактеристична за зимскиот период.

Самата диета обично трае четири недели и опфаќа повеќе различни терапии за да се обнови организмот.Во оваа дитеа е вклучен цел нутритивен програм но и хербална медицина ,вежбање,акупресура,медитација и масажа.

Секако спроведувањето на диетата не само што ќе допринесе подобро да се чуствувате туку ќе изгубите килограми кои се наталожиле во текот на зимскиот период.

Битно е да се истакне дека не постои стандардна детоксикациска диета туку програма направена од нутриционист и е индивидуална и е зависна од физичката состојба и потребите на организмот.Изложените детали служат само како илустрација за сите оние кои се заинтересирани за холистичен пристап на детоксификација т.е како информација што ги чека ако се стават на оваа диета.Варијациите на оваа диета можат да бидат многубројни.


Детоксикациска диета - Основи

Оваа диета обично е поделена на 4 фази каде системски се чистат точно одредени органи.

  • Фаза 1- Чистење на бубрезите и цревата,
  • Фаза 2 - Чистење на лимфниот систем(ОТСТРАНУВАЊЕ И НА ЦЕЛУЛИТОТ)
  • Фаза 3 -Чистење на црниот дроб и жолчното кесе(помага во намалување на масните наслаги)
  • Фаза 4-Чистење на крвта,белите дробови и кожата

Основната структура на диетата е слична кај сите фази а една разлика е употребата на специфични чаеви и храна која се препорачува за чистење на органите кои се чистат.На пример во фазата 1 каде се става акцент на бубрезите се советува да се пие чај од брусница и чај од глуварче.Се советува и козумирање на барем 2 органски одгледани јаболки секој ден.

Во текот на целата диета - утрата се секогаш исти -почнуваат со чаша свеж лимунов сок помешан со млака вода и се препорачува да се конзумира само овошје и овошни сокови во препладневните часови.

За време на ручекот треба да се јаде голема салата во која доминира зелен зеленчук а при вечерата треба да се вклучи салата и други јадења воглавно кои доаѓаат од вегетаријанската кујна (значи многу зеленчук,припремен на разни начини освен пржење.Желбата за благо се задоволува со внесување на мали количини суво овошје.

Строго е забрането:кафе,алкохол,шеќер,брашно,обработена храна,пржена храна, сол,месо и млечни ппроизводи.Органски добиени јајца се единствен животински производ кој е дозволен но не смее повеќе по 3 пати неделно.

Се препорачува пиење на многу вода како и употреба на мултивитамнини и минерали а по потрба и дигестивни ензими.


Препорачлива храна

Бадеми,јаболки,артичоки,банана,боровинки,зелка,моркови,целер,вишни,лук,кромид, грејпфрут,кељ,лимон,маслиново масло,малини,алги,спанаќ и др....

Детоксикациска диета - пример за диетен план

Секое утро:

  • Сок од лимун со млака вода
  • Лесни утрински вежби
  • 1 лажичка пектин измешан со лажичка вода или незасладен сок

Доручек

  • Каша од сезонско овошје со една банана

Prepodnevna užina

  • Свежи шумски плодови

Ручек

  • Голема зелена салата со домат и црвена пиперка,пченични никулци,морков и маслиново масло.
  • Варени компири запечени во рерна.

Попладневна ужина

  • Стапчиња од целер
  • Лесно парени бадеми- 6/7 излупени

Вечера

  • Голема мешана салата
  • Супа од сезонски зеленчук и интегрален ориз

Ужина

  • Портокал и некое суво овошје


Препораки за вежбање

Се препорачува вежби кои вклучуваат скокање и движење,идеално е скокање на трамболина доколку сте во можност,исто така и брзо идење 30 минути / 5 пати неделно .


Детоксикациска диета - да и зашто да ?

  • Се залага за внес на разноврсна интегранлна исхрана поготово свежо овошје и зеленчук
  • Може да ви помогне побрзо да го отстраните целулитот
  • Го намалува стресот
  • Може да ве направи способни да ја користите акупресурата за подобрување на своето здравје.


Детоксикациска диета -не и зашто не?

  • Многу рестриктивна во изборот на исхрана
  • Во почетокот на диетата може да почуствувате умор како последица на промените на исхраната и исфрлањето на кафето,продуктите од животиснко потекло и шеќерот од исхраната ,многу е критична првата недела.
  • Поединци може да почуствуваат промени во варењето на храната бидејќи храната која се конзумира е богата со диетни влакна.
  • Користење на нутритивни додатоци што го оптеретуваат домашниот буџет.

Заклучок

Оваа здравствена диета е наменета за личности кои имаат умерено повеќе килограми и кои се заинтересирани за холистичен пристап за чистење на организмот.Многу е важно да се напомене дека самата диета одредува како е од поединец до поединец и затоа е потребно да се консултирате со нутриционист кој ќе направи диетен план кој ги задоволува потребите и го прати процесот на детоксификација.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.