ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета “ Јади цел ден “

 

Ако облеката ви е премногу тесна а апетитот ( благодарам за прашањето :) добар,Хелен Фостер авторката на најпродаваните книги од областа на диететиката,ви открива како да намалите 2,5 кг за пет дена јадејќи пет оброци дневно!


До сега беше кога ќе решите да се ослободите од неколку килограми,прво што правевте е да ја исфрлите ужината па дури и да прескокнете некој од редовните оброци.Ќе се изненадите ако ја погледнете едноставната диета на Хелен Фостер,авторката на диетата “ Јади цел ден “ и најверојатно ќе се израдувате со фактот дека ќе можете да уживате во диетата јадејќи пет оброци дневно. Дали сте изненадени и воодушевени ?

Според истражувањата спроведени на универзитетот во Масачусец,луѓето кои јадат најмалку 4 пати дневно се за 45% помалку угоени во споредба со оние кои што имаат три или помалку оброци во текот на денот.

Постојат многу причини за тоа.Првата е дека самото варење ги согорува калориите. Всушност, неколку часа веднаш по конзумирањето на оброкот богат со диетни влакна, бројот на калории потребни за варење ќе биде за 15% поголем.Ако вашиот оброк е богат со протеини (како што е дадено во оваа диета) вашиот метаболички индекс ќе се зголеми до 30%.Со почесто земање на помали оброци,вие секој пат го вклучувате тој метаболички раст во текот на денот и со тоа калориското согорување го доведувате до највисоката точка.

Редовното конзумирање на оброците исто така го намалува нивото на хормоните кои се складираат во масните наслаги во вашето тело.Прв е инсулинот,кој што се активира кога конзумирате обилни оброци,но кога јадете често и по малку,нивото на инсулинот опаѓа.Уште поважен е фактот дека повременото грицкање го намалува нивото на кортизол. Познат по тоа што го потикнува апетитот, го зголемува задржувањето на течноста и го активира складирањето на маснотиите,кортизолот е главен непријател на редукција на тежината.Сепак,во истражувањата на Др Дејвид Џенкинс на универзитетот во Торонто,најдено е дека конзумирањето на мали оброци повеќе пати во денот го намалува нивото на кортизол за 17% за само две недели.Значи,со почести а помали оброци можете брзо да ослабете а истовремено телото да биде снабдено со доволни количини енергија и нутритиви. Затоа со оваа диета ќе останете/станете здрави,витки и полни со енергија..

Ако задржувате течност во телото оваа диета ќе ви помогне да ја исфрлите.За да го потикнете овоj ефект,вклучете во својот дневен внес на течност две до четири шољи чај од глуварче,природен диуретик.

Во оваа дитеа се препорачува употреба на помали чинии за да и визуелниот ефект ја следи главната идеа на самата диета : повеќе мали оброци!


Како да направите план кој што ќе биде ефикасен за вас?

Лесно.Едноставно земете пет пати дневно еден од 25 доле наведени мини оброци.Може да одберете секогаш нешто друго, но пет оброци се ОБАВЕЗНИ секој ден.Можете и да ги повторувате во текот на денот што подполно зависи од вас,но мора да јадете нешто отприлика на секои два до три часа.Исто така со секој оброк треба да земате чаша вода ,растителен чај или кафе или некој диетален напиток. Доволната хидратација на телото е од витално значење затоа што го зголемува согорувањето на калориите до 20% дневно. Навистина нема поедноставен начин да станете витки.Придржувајте се до овој едноставен, здрав план за исхрана две недели и може да очекувате да ослабнете за еден или два конфекцијски броја или после 14 дена да бидете 5-7 кг полесни.


План за диета “ Јадете повеќе а ослабнете “ : 25 јадења кои се потребни за да ослабнете2,5 килограми за пет дена.

“Јади цел ден” диета која ви дозволува да уживате јадејќи пет пати дневно !

Потребно е за секој оброк да изберете едно од овие јадења

  1. Кајгана од две јајца со средна големина со малку обрано млеко,сервирано со неограничена количина грилуван домат.
  2. Напиток од 150 гр смрзнати боровници и јогурт со намалена масленост,200 мл обрано млеко и 2 чајни лажички овесна каша.Сето тоа добро изблендирано во блендер.
  3. Замотајте една тортиља со 25 гр сирење со намалена масленост,1 парче месо од мисирка,1 рака спанаќ,и една ситно сецкана црвена пиперка.Ставете го во рерна и загревајте ,додека сирењето не се стопи.Сервирајте ја тортиљата со една лажица салата.
  4. Мешавина 125 гр јогурт со намалена масленост со 1 дл омилен овошен сок.
  5. Вариво од грав (150 гр) со колбас (50 гр) сервирано со неограничена количина грилувани печурки.
  6. 100 гр чипс од јаболко и една рака чери домат измешан со 3 лажици хумус ( смеса замачкање од наут).
  7. Чинија овошје,од две парчиња овошје со средна големина (јаболко,праска или крушка) исецкани и посипани со 125 гр. германско сирење со намалена масленост.
  8. Преполовете едно јаболко а потоа премачкајте ја секоја половина со 1 лажица путер од кикирики кој што содржи мала количина шеќер.
  9. 150 гр пудинг од ориз со намалена масленост сервиран со една праска или 2 кајсии или 7 бадеми или други мали плодови со јадро.
  10. Една праска,портокал или банана ,сервирана со 10 јаткасти плодови-пробајте мешавина на бадеми,лешници и фстаци.Со овошјето испијте 2 дл млеко.
  11. Направете 2 ражниќи од цветови на карфиол,црвена пиперка,печурки и кромид,грилувајте на тивок оган додека зелечукот не поцрни.Покрај зеленчукот сервирајте сув спанаќ полиен со една лажица кисела павлака.
  12. Пола од голема конзерва леќа или супа од зеленчук,сервирана со една рака стапчиња од морков потопени во 2 лажици оцет од диво јаболко.
  13. Салата од целер и краставици прелиена со 150 гр туна од конзерва измешана со две лажици Мајонез со намалена масленост.
  14. Три парчиња шунка или добро грилуван вегетаријански колбас, сервиран со една рака краставици и целер посипани со 100 гр маринирани корнишони.
  15. 75 гр сирење со намалена масленост ,10 зелени маслинки и едно парче домат.
  16. Каша од конзервиран грав (100 гр) или путер од махунки со 50 гр германаско сирење со намалена масленост и еден прстофат чили.Сервирајте со 2-3 раце парченца моркови и целер.
  17. Мисо супа подготвена со 50 гр свежо соино сирење ( тофу),2 листа сува алга – искинати на парчиња и 2 струка млад кромид ситно сецкан.
  18. Половина авокадо посипано со 75 гр туна од конзерва измешана со една лажица
    Мајонез со намалена масленост.
  19. 75 гр било кое сирење со намалена масленост сервирано со 3 раце грозје
  20. 100 гр вегетаријанска паштета со 1- 2 раце парчиња целер.
  21. Три ќофтиња (секое по 50 гр ) од соини парченца и зеленчук пржен во тефлон.
  22. 100 гр било која грилувана риба,сервирана со 2 лажици печен зеленчук посипан со лажица рендано тврдо сирење.
  23. Салата од едно јаболко и 100 гр варено цвекло.Посипете со 50 гр фета сирење или моцарела.
  24. Издинстајте 100 гр лента од немасно телешко или свинско месо на малку намастен сад.Пред да го извадите од тавчето додајте 1 лажица сладок чили сос.Сервирајте со салата од краставици ,млад кромид и домат.
  25. Грилувајте 100 гр пилешки гради.Посипете со една лажица сос од соја (или некој ваш омилен зачин) и сервирајте со грилуван домат и неограничена количина спанаќ на пареа.

Значи,ако сте мрзеливи,ве мрзи до броите калории а сакате да грицкате секој час...па еве права диета за вас!Она што е битно дека нема да ви недостасуваат нутритиви сем ако не изберете сите пет денови за сите пет оброци да јадете исто..а тоа, покрај богатото мени,се сомневам дека ќесе случи.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.