ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА 1200 КАЛОРИИ

 

Диетата базирана на внес на 1200 калории дневно е всушност препорачаниот минимум за сигурно и здраво слабеење. Се смета дека за повеќето луѓе, 1200 калории претставуваат дозволена редукција на калорискиот внес кој истовремено – со мудро комбинирање на намирниците – придонесува да се внесат и сите нутритиви неопходни за правилно фунцкионирање на организмот.


И затоа не е никакво чудо дека многу диетни планови кои се развиени од страна на нутриционистите, всушност се базираат на внес од 1200 калории дневно.


Основи на диетата

Диетниот план е фокусиран на концептот на контрола на броењето на калориите. Или поедноставно: Ако внесете помал број на калории отколку што ви е потребно – губите од тежината. На лицата кои се на диета им се препорачува максимално дневно да внесат до 1200 калории што бара малку повеќе внимание и познавање на калориската вредност на намирницте. Впрочем, денес многу лесно може да се најдатi таблици со калорска вредност на намирниците и тоа значително го олеснува “сметањето” кај оваа диета.


Препорачана храна

Не постои специфична храна која се препорачува но ќе имате многу поголема корист ако конзумирате свежи и необработени намирници вклучувајќи овошје, зеленчук, интегрални житарки, мешунки, риба и месо сиромашно со маснотии.


Пример на мени

Појадок

1 шоља варени интегрални житарки
• 1 шоља обрано млеко
• 1 банана

Ручек

туна сендвич со леб од целовито зрно
• 2 шољи свеж мешан зеленчук ( на пример: морков, црвен пипер, целер)
• 1 мало јаболко

Попладневна ужина

1 нектарина или парче некое друго овошје
• чаша минерална вода со лимон

Вечера

100 грама пилешки гради на скара
• 1 шоља грашок на пареа
•салата од 1 шоља марула, ½ шоља домати, ½ шоља изрендан морков со 2 лажички маслиново масло и природен јаболков оцет (по вкус)
• 1 јаболко

Вечерна ужина

1 мала круша


Препораки за вежбање

Не постојат посебни препораки за вежбање кај оваа диета но бидете уверени дека секојдневната получасовна планирана активност со среден интензитет (брза прошетка, возење на велосипед, лесно трчање...) допринесува за побрзо губење на вашите килограми и подобрување на здравјето. Обрнете внимание вашата физичка активност да не биде преголема бидејќи калорискиот внес ви е низок може да се доведете во состојба на исрпеност. Затоа и овде, како и во се, клучот е во умереноста.


Трошоци

Практично, оваа диета не бара посебни намирници ни опрема така да нема екстра трошоци. Евентуално, ќе ви треба некое помошно средство како што е кујнската вага и книга со калорски таблици (но може да се најдат на интернет и специјализирани сајтови со големи бази на податоци за калориите на сите намирницие).


Зошто да ја изберете токму оваа диета

  • Доколку изберете квалитетни намирници ( по можност еколошки одгледувани) ќе бидете сити за цело време на оваа диета;
  • Спроведувањето на калориски диети во повеќето случаи е ефикасна метода за слабеење.
  • Во оваа диета имате слобода на избор на намирници (може да јадете било кој тип на храна) се додека зададениот дневен внес од 1200 калории не се достигне.
  • Може да се прилагоди на посебните стилови на живеење како што е вегетеријанската исхрана, или пореметувањата како што е дијабетесот или слично.
  • Брзото почетно губење на килограмите може да ја зголеми мотивацијата за креирање на долгорочен план за слабеење.

Кои се недостатоците на оваа диета

  • Потребно е да се мери храната и да се пресметуваат калориите
  • Диетата мора внимателно да се планира за да се спречат прехрамбени недостатоци
  • Многумина на диетата ќе почувствуваат умор и глад – вообичаено за ниско калориски диети.
  • оваа диета не е погодна за физички активни лица;
  • Постои ризик на враќање на тежината кога ќе се зголеми калорскиот внес односно се врати на “нормална” исхрана.

Заклучок

1200 калории диетата веројатно ќе даде резултати кај повеќето лица, барем во краток временски период. Меѓутоа, за слабеењето да биде континуирано неопходно е да се вклучат и други секојдневни здрави навики, да се промени животниот стил.


Диетата ќе има поголеми шански за успех ако научите да одберете нуриционистички избалансиран оброк, како да управувате со психолошкиот стрес и како да ја вклучите физичката активност во вашата дневна рутина.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.