ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА 17 ДЕНА

 
dijeta 17 dana

Диетата “ 17 дена “ е смислена од страна на Д-р Мајк Морен , лекар од Калифорнија.Многу брзо постигнала голем успех и станала златен стандард за многу диетни планови на кои им е цел брзо губење на килограмите.

Основна идеја на Д-р Морен беше желбата да состави диета која ќе им помогне на луѓето да се ослободат од килограмите кои ги добиле на брзина во текот на разни празници и кои
треба брзо да се симнат.И успеал во тоа! Ќе видите , начинот е необичен но што е најважно- функционира!Многу личи на диетите кои се врз основа на внес на малку јаглени хидрати- но карактеристика на оваа диета е дека нивниот внес вариара-час е повисок –час понизок а исто е и со калорискиот внес.

Значи, диетата подразбира серија од 17 денови прилагодување на разни видови на храна кои се конзумираат во овој период.Не е чудо ако за овие 17 дена изгубите 5 – 6 килограми.Во основа оваа диета предствува манипулација со јаглени хидрати: во поедини денови ќе ги јадете помалку а другите денови повеќе а резултатот ќе биде губење на тежината!Самиот Д- р Морено кажува дека овој пристап го “ збунува “ метаболзмот и на тој начин ја подобрува брзината на симнување на килограмите.Исто така придонсеува и на намалување на чувството на фрустрација и досада кои се обично поврзани со диетите на “ подолги патеки “.

Диета 17 дена содржи четири циклуси:

Убрзување

Во оваа почетна фаза драстично се намалува внесот на јаглени хидрати и се потикнува
согорување на мастите,чистење на организмот и се постигнува брзо губење на тежината.

Активирање

Оваа фаза подразбира намалување и зголемување на внесот на јаглено хидрати,со цел
да се “ ресетира “ метаболизамот и потикне согорување на мастите.

Обновување

Фазата на обновување е период кога повторно почнувате со конзумирање на некои
намирници кои пред ова беа ограничени.Ова е истовремено и период на учење како да
ги развиете здравите навики во исхраната.

Цел

Завршната фаза овозможува да ја одржите телесната тежина и тоа со проста метода : во текот на неделата јадете здрави оброци, а во деновите на викенд може да се опуштите и да ја конзумирате омилената храна.


Во текот на сите четири фази на оваа диета акцентот е на конзумирање на квалитетни намирници,избегнување на шеќер и на сите обработени намирници.


Препорачана храна

Јајца, пилешко бело месо,мисиркини гради,плодови на морето,јогурт,грејпфрут,јагоди,
зелена салата,брокули, домати , крставици,шпаргла,зелен чај


Примери на мени

Појадок

  • Кајгана
  • Грејпфрут
  • 1 шоља зелен чај

Ручек

  • 2 варени јајца
  • Голема мешана салата со : морков,брокула,кромид,домати и цепкана зелена салата.

Ужина

  • Јогурт и една рака бобесто овошје.

Вечера

  • Мисиркини гради
  • Морков на пареа и шпаргла


Препораки за вежбање

Оваа диета вклучува и лесни вежби кои се спроведуваат секој ден (сем во недела ) и тоа 17 минути : Е, дали авторот се шегувал или пронашол дека баш 17 минути се идеалното време- тешко дека ќе дознаеме.


Зошто да се држи оваа диета

  • Го потикнува внесувањето на разна непреработена природна храна.
  • Циклусите на различни количини на јаглени хидрати и калории помагаат да се
    забрза губењето на тежината.
  • Диетата трае само 17 дена а самата нејзина структура помага да се одржи мотивацијата
    и да се спречи досадата.
  • Планот за исхрана е едноставен за разбирање.
  • Програмата за вежбање е кратка и ефикасна.


Недостатоци на оваа диета

  • Не е погодна за дијабетичари
  • Внесот на калории може да биде повремено многу низок за физички активни лица.
  • Осетливите лица може да доживеат непријатности бидејќи метаболизмот често се
    менува.
  • Нема добра online – подршка – диетата може исправно да ја применувате единствено следејќи ја книгата на Д-р Морен или упатствтата на нутриционистите.


Заклучок

Диетата 17 дена подразбира прилагоден внес на јаглено хидрати,масти,протеини и калории во текот на 17 дена колу трае еден цилкус.Сето ова може да има ефект на згоелмување на метаболизмот и спречување на монотонијата карактеристични за повеќето диети.

Иако планот бил направен да им помогне на оние кои лесно добиваат килограми за време на празниците – може да се користи во било кое време од годината – бидејќи се постигнувааат исти резултати.Меѓутоа ,лицата на оваа диета и овде мораат да бидат свесни дека само темелните промени во начините на исхрана,животните навики, ставовите може да донесат трајно и стабилно одржување на телесната тежина.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.