ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Osmosatna dijeta ili dijeta 8 sati

 

И до 4 кг помалку неделно со храната која ја сакате

“Осумчасовната диета” е план за слабеење на Давид Зинченко и Питер Мур која ја изнесоа во книгата : “Осумчасовна диета-Гледајте како килограмите ги снемува додека јадете она што го сакате”.Оваа книга се издаде неодамна..пред неколку месеци,а членовите на диета.нет чекаа да стивне возбудувањето које вообичајно ја следи секоја нова диета кога се појавува и мирно да ја тестираат (резултатите од тестирањето се на крајот на страницата).

Со оваа диета ,Давид им ветува на читателите дека можат да изгубат многу килограми и да јадат се што ќе посакаат. Зарем не е ова сонот на секој љубител на храна?

НО ИМА ЕДНО МНОГУ ВАЖНО ПРАВИЛО –Може да јадете САМО во еден временски интервал што трае точно 8 часа – надвор од овој интервал нема јадење.

Инаку,оваа концепција не е нова и до сега постојеа повеќе диети кои препорачуваат сменување на пост и нормална ихрана со тоа да имале ограничена временска рамка (недела- до две).И затоа оваа како и сличните диети се базираат на теоријата дека човечкото тело е дизајнирано за периоди на пообилна исхрана а потоа периоди на пост,односно не внесување на храна.

Значи,постојат циклуси од 8 часа кога буквално се се јаде(добро,не не држете за збор-мерка секогаш мора да постои),а потоа циклус од 16 часа кога ништо не се јаде.И така секој ден. Во текот на 16 часа човечкото тело мора да биде концентриарно на одмор и закрепнување, а не стално на варење на храната.

 


Кога се “идеалните “ 8 часа за конзумирање на храна ?

Веќе научивме дека во текот на 24 часа само во еден интервал од 8 часа се конзумира храна.Е сега,прашањето кој осмочасовен период е најдобар за нас ? Најголем дел од диеталците заговаараат дека идеален период е од 9 до 17 ,но во пракса и периодот од 8 до 16 или 10 до 18 не е невообичаен.Кој и да период го одберете: единствена и основна работа е до во рамките на него ги изедете сите планиаран дневни калории.!

Значи,временскиот интервал може да се прилагоди во зависност од вашиот дневен распоред и дури може да различит во различни денови во текот на неделата.Диетата треба да почне со 3 дена неделно осмочасовен распоред на внесување храна а со текот на времето и со личното чувство зголемувајте до сите 7 денови.


Јадете колку што сакате

Во оваа диета нема забранета храна но не дозволувајте да оваа диета биде изговор за да се прејадувате.Единствен исклучок од ова правило се слатките напитоци,бидејќи во
осмочасовната диета не влегуваат калориите кои се наоѓаат во пијалоците(алкохолни или безалкохолни)-но тоа не значи дека не можат да се конзумираат-секако умерено,


А што ако појадокот доцни ?

Реална ситуација:Од силни обврски не сте успеале да го “ запазите “ времето за појадок и со тоа почетокот на осумчасовниот период на исхрана.И тука има решение: испијте чај
или кафе и кога ќе ви се укаже прилика отпочнете со вашиот осумчасовен циклус на исхрана.Значи,не можете да јадете пред 10 часот наутро?Ништо страшно,во 8 часот испијте нешто од горе поменатото,завршете ги обврските и во 10 почнете со појадокот.


Јадете што сакате

За разлика од другите диети,кај оваа грицките се допуштени може да се јадат често во
рамките на осумчасовниот период.Сепак,здравата логика и овде говори дека треба да се
биде критичен и да се избираа поквалитетни грицки( подобро е ,на пример, да се јадат
печени семки и оревести полодови како и суво овошје,отколку солени стапчиња ,чипс и
сл).Генералните препораки важат и овде – секогаш е подобро да се конзумираат што
е можно по природни намирници а да се намалат индустриски произведените.


Пример за мени за еден ден

По станување: вода,кафе или чај.

Појадок во 10 часот: мусли,чаша млеко,едно парче овошје ,пржени јајца,тост,кафе/чај

Ужина (кога сакате): Колач од експандирани житарки ( на пример бонжито)

Ручек (кога сакате): 2 парчиња пица,домашен чипс или помфрит,1 јаболко.

Ужина (кога сакате): 1 колач или 1 сладолед или овошје по избор;

Вечера во 18 часот:Грилувано бело пилешко месо,2 варени компири прелиени солажица путер,брокули на пареа,сладолед.

Не изгледа ни малку лошо.зарем не ?

Само 8 минути вежбање

Авторите на диетата препорачуваат 8 минути вежбање секој ден.Лично мислиме дека е ова кажано како штос за де се биде во знакот на бројот 8,но бидејќи е напишано во книгата треба да се спомне.

Личен впечаток за диетата

Диетата е тестирана од повеќе членови на редакцијата Диета.нет... и успешно го поминала тестот – сите членови ослабнале во текот на 5 дена просечно 2кг.Негативните коментари се воглавно окулу големата временска разлика,односно постот кои многумина тешко го поднесоа,иако нашето испитување траеше само 5 дена- предпоставувам дека со текот на времето би се навикнале. Интересна диета која вреди да се проба- и секако ако тоа го направите-испратете ни ги вашите резултати.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.