ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА 9 КГ

 

Dijeta 9 kg

Името на оваа диета кажува се : Се губат 9 килограми за две недели.Е сега,дали ќе ви се
посреќи стварно да ги изгубите тие фамозни 9 кг или тоа ќе биде помалку зависи и од некои
други фактори: доследноста во спроведувањето на диетата,активностите ,вашиот метаболизам...

Самата диета е многу популарна меѓу оние кои повремено држат диети,затоа што и да намалите
5 кг за две недели – ни тоа не е мала работа а искуствата на бројните практичари покажуваат
дека и по враќањето на “ нормалната “ или “ старата “ исхрана килограмите тешко се враќаат –
што покажува дека дошло и до промена на метаболизамот.

Секако, диетата е предвидена за подполно здрави лица со предходна консултација со лекар ( ова правило важи за сите диети ).Диетата 9 кг спаѓа во брзите диети и не се препорачува како животен стил- туку,евентуално како брза испомош.

Бидејќи оваа диета има повеќе варијации,пред вас е онаа која ја проверивме и се уверивме дека добро функционира.


Диета 9 кг - мени по денови

Кај оваа диета појадокот е “ убиствен “ односно кафе и само кафе ,секој ден.И тоа без шеќер. Можете да користите засладувач доколку сте навикнале на сладок вкус на кафето.Многу е битно да конзумирате доста ВОДА ( окулу 1,5 до 2 л ) и многу е згодно во овие две недели да вклучите некоја минерално – витаминска формула која ви одговара.Една од варијациите на оваа диета дозволува од третиот ден употреба на пециво со кафето,што за оние на кои тешко им паѓа да пијат само кафе – го олеснува нејзиното држење.

Понеделник

Појадок
- црно кафе без шеќер

Ручек
- 2 варени јајца
- спанаќ варен во солена вода

Вечера
- 1 голем бифтек
- зелена салата

Вторник

Појадок
- црно кафе без шеќер

Ручек
- 1 голем одрезок на жар
- зелена салата
- овошје по желба

Вечера
- варена шунка – колку што сакате

Среда

Појадок
- црно кафе без шеќер

Ручек
- 2 варени јајца
- зелена салата
- 1 домат

Вечера
- варена шунка – колку што сакате
- зелена салата

Четврток

Појадок
- кафе без шеќер

Ручек
- 1 варено јајце
- варена репка или морков
- 100 гр свежо сирење

Вечера
- сезонско овошје
- природен јогурт во количина која ви одговара

Петок

Појадок
- кафе без шеќер
- нарендана свежа репка или моркови со лимон

Ручек
- 1 поголема варена риба
- 1 домат

Вечера
- 1 голем одрезок на скара
- зелена салата

Сабота

Појадок
- црно кафе без шеќер

Ручек
- пиле на скара

Вечера
- 2 варени јајца
- свежа репка или морков

Недела

Појадок
- чај со лимон ( без шеќер)

Ручек
- 1 голем одрезок печен на 1 – 2 лажички масло
- салата по избор
- овошје по избор

Вечера
- по желба изберете нешто од менито

Додатни напомени :

  • Диетата 9 кг се состои од 2 цилкуси од по 7 дена што значи дека после неделата почнувате со вториот круг – следејќи го менито за понеделник
  • Салатата можете да ја зачините со лимон и сол
  • Овошјето,салатата ,морковите или репката можете да ги јадете во неограничени количини кога се на менито
  • Одрезокот може да го зачините со сол и зачини.А колку голем да биде одрезокот.Па,до 300 гр и не треба да е со маснотии.

Па , среќно – и јавете ги вашите резултати !


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.