ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета без глутен

 

dijeta bez glutena

Безглутенската исхраната во моментов е една од најпопуларните во светот. Општо земено е една од терапевтските диети, која е наменета за пациенти со целијачна болест (нарушување на апсорпција на глутен, протеин кој е присутен во брашното од пченица, 'рж и јачмен ), или за луѓе со блага нетолеранција .

Но оваа диета се покажала како одличена диета за прочистување на организмот и кај сосема здрави личности , па дури и пристојно губење на тежината (за четири дена изгубиле 1-1,5 кг). Всушност , постојат многу потврдени случаи каде што луѓето кои иако поднесуваат глутен , преминале на оваа диета и се чувствувале значајно поздрави и ги намалиле килограмите . Научниците се уште полемизираат дали станува збор за скриена нетолеранција или нешто друго а ние сме оставени сами да се обидеме ако тоа ни одговара - зошто да не -ќе го прифатиме безглутенскиот начин на живот.

Безглутенската исхрана не забранува употреба на пченка , леќа, тапиока и соја . Сепак пред да користите било каков производ , проверете ја етикетата дали има јачмен или пченица. Исто така,без глутенската исхрана строго забранува леб, тестенини и речиси цела индустриски процесирана храна , бидејќи секогаш се наоѓа остаток од глутен. Покрај тоа, се разбира, оние кои сакаат да се придржуваат на без глутенска исхрана треба да ја исклучат од исхраната конзервирана храна, бисквити, колачи , сладолед, спакувано месо и пијалаци, кои содржат остатоци на зрнести производи како што се пивото и квасецот . Без глутенската исхрана дозволува храна подготвена од соја, ориз, пченка и леќата и брашно.

Повеќе може да се користи просо, ориз, сув квасец и млеко во прав.


План за исхрана без глутен

Појадок: 1 варено јајце , 200 гр сирење, 20 г леб без глутен , 10 г путер , 200 мл какао или чај со млеко.

Вториот појадок: 200 мл сок.

Ручек: 200 мл чорба од риба,компири и моркови, 100 гр варена риба , 100 гр варени компири и грашок, 100 g зеленчук салата со растително масло , 20 гр леб без глутен, 200 мл компот од овошје .

Втор Ручек: 100 гр сирење, 100 гр овошна салата, 50 g на пченкарни стапчиња, 200ml кефир.

Вечера: 1 краставица , 100 гр димена мискрка, 20 g леб без глутен , 150 гр варени компири и грашок, 200 мл чај со шеќер без глутен.

Пред спиење: 200 мл јогурт .



Тешкотии во без глутенската исхрана поврзани со губење на тежината

Можеби главниот недостаток во исхраната е дека речиси е невозможно целосно да се избегне глутенот, бидејќи тоа е честа состојка во конвенционалната храна .


Придобивките од јадење на храна без глутен

Со оваа диета може да ја намалите тежината и да го прочистите телото од токсини . Храната е разновидна , урамнотежена и содржи најмалку калории и шеќер, и на тој начин можете лесно да изгубате тежина.

Покрај проблемот со глутенот, оваа диета ги корегира витаминските и минералните недостатоци.


Заклучок

Не е лошо да се обидете барем на неколку дена да ја пробате диетата , да ги пратите резултатите и потоа врз основа на тоа и субјективното чуство да направите сопствен диетален план кој може да вклучи и делумен внес на продукти кои не содржат глутен.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.