ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета "Бонус на годината"

 

Диета "Бонус на годината" ја креирале др. Ралф Фелдер-директор на одделението за кардиологија и исхрана и главен кувар во медицинскиот центар " Добриот Самарјанин " и Керол Колман новинар во Њујорк тајмс.

Диетата се базира на седум чудотворни намирници кои можат да го подобрат здравјето и долговечноста. Авторите на диетата тврдат дека вклучувањето на оваа исхрана во секојдневен начин на исхрана може да го продолжи вашиот животен век за 6.4 години.Тие воедно претставуваат и бонус години по кои што и самата диета го добила името.

Основа на бонус диетата

Оваа диета е заснована на конзумирање на седум чудотворни намирници кои го продолжуваат животниот век а истите намирници го намалуваат ризикот за добивање на срцеви болести ,висок крвен притисок ,холестерол и инфламаторни состојби.Овие намирници се посебно одбрани за да ги одржат крвните садови здрави и во добра функција .Конзумирањето на овие седум намирници во препишаните количини го намалуваат ризикот за појава на кардиоваскуларни болести за 75%.

Седумте Чудотворни намирници се:

  1. Црвено вино – доколку пиете по една чаша црвено вино дневно го намалувате ризикот за појава на кардиоваскуларни болести за 32%
  2. Чоколадо – внесот на 60 гр. црно чоколадо дневно го намалува крвниот притисок бидејќи содржи голем број на антиоксиданти.
  3. Ореви – 65гр. ореви дневно го намалува нивото на холестерол и го намалува ризикот на кардиоваскуларни болести за 10%.
  4. Лук – едно чешне лук дневно го намалува нивото на холестеролот и го намалува ризикот од настанување на згрутчување на крвта.
  5. Риба - конзумирање на три порции неделно риба помага во спречување на пореметување на срцевиот ритам и го намалува ризикот за кардиоваскуларни болести за 14%.
  6. Овошје
  7. Зеленчук – конзумирање на 4 шољи овошје и зеленчук дневно го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести за 21% бидејќи делува на намалување на крвниот притисок.

За оние кои ќе одлучат да ги конзумираат овие намирници се препорачува целосно да го исфрлат маслото при припремањето на оброците.




Мора да признаете дека има сосема доволно вкусни намирници кои можат потполно да го "покријат" менито на бонус диетата : црвено вино,црно чоколадо,ореви,пастрмка,лосос, бело пилешко месо,свинско филе,лук,овошје и зеленчук,интегрални житарки, мешунки, преливи за салата со намалена масленост, пилешка чорба.

Пример за еднодневно мени:

  • Доручек: кремаста овесна каша со брусница и сецкани бадеми.
  • Претпладневна ужина: свежа праска.
  • Ручек: салата од леблебија - сварена леблебија зачинета со кромид,билки,масло и оцет.
  • Попладневна ужина: целер со путер од кикирики
  • Вечера: печена пастрмка прелиена со сос од соја + обарена брокула + чаша црно вино.
  • Десерт: варени круши во црно вино со чоколаден прелив

Предлог за вежбање

Вежбањето претставува многу важен дел на бонус диетата и оние кои ја следат кажуваат дека умерена активност може да го продолжи животниот век за година и пол ,а зголемена физичка активност до 3 години и седум месеци,меѓутоа авторите тврдат дека ако ја применувате нивната диета не е неопходно да постигнете продолжување на животниот век со вежбање ,без оглед на ова вежбањето се препорачува затоа што го зголемува уживањето во животот.Кардио вежбањето треба да трае 30 минути дневно 5 пати неделно.





Добрите страни на Бонус диетата се:

  • Може да ви овозможи подолг животен век и подобро здравје.
  • Може да ви го зајакне кардиоваскуларниот систем.
  • Не бара броење на калории.
  • Авторот на диетата е доктор и обучен кувар..
  • Се повеќе луѓе ќе уживаат во јадењето на седумте чудотворни продукти.

Недостатоци на диетата:

  • Посебно не ги нагласува намалените килограми.
  • Многу видови на риба содржат жива која се поврзува со зголемување на ризикот од заболувања на срцето.
  • На поединци може да им биде тешко да ги јадат седумте чудотворни продукти секој ден.
  • Некористењето на маслото и мастите корисни за срцето може да биде голем недостаток.

Заклучок:

Бонус диетата е наменета за сите оние кои се заинтересирани да го подобрат својот кардиоваскуларен систем и да го продолжат животниот век.Сите оние кои се придржуваат кон програмата можат да уживаат во вкусната храна и задоволството како што се чоколадото и црното вино а истовремено да направат позитивни промени во начинот на живеење и да го подобрат здравјето.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.