ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Банана диета

 

ДИЕТА УТРИНСКА БАНАНА

Кога пред две години во Јапонија беше промовирана Утринска банана диета за многу кратко време станала толку популарна да предизвикала и потреси на национално ниво – имено,се појавил недостаток на банани.

Самата диета ја осмислиле Hitosi Vatanabe кој се бавел со проучување на превентивната
медицина и неговата сопруга Sumiko фармацеут по занимање.


Утринска банана – основни поставки

Основна поставка на “ пронаоѓачот “ на оваа диета е дека појадокот кои содржи единствено банани и обична вода на собна температура може да придонесе за намалување на килограмите без оглед што јадете во остатокот на денот.

Како што гледате ,оваа диета е исклучително едноставна и лесна за следење а многумина од Јапонците ја потврдиле нејзината успешност : имено ,кај голем број дошло до значително намалување на тежината при експерементирање со оваа диета

Одговорот ,зошто оваа диета така добро “ работи “ е можеби во фактот што бананите го
подобруваат варењето и го забрзуваат метаболизамот.Другата можност лежи во видот на
скроб кои го поседуваат бананите а кои има понизок гликемички индекс,долго се вари,дава чувство на ситост и делумно ја блокира апсорпцијата на јаглено хидрати.

Никој со сигурност не е сигурен зошто водата мора да биде на собна температура но постојат повеќе теории од кои најзастепена е онаа дека водата на оваа температура го подобрува варењето и го намалува чувството на глад.

На лицата кои сакаат да ја практикуваат оваа диета им се советува вечерниот оброк да биде пред 20.00 часот навечер и да ги избегнуваат слатките после вечерата.Во случај на глад по прифатливо е да се земе парче овошје.

И последно правило кај оваа диета е на спиење да се заминува пред полноќ.За ова правило скоро и да не треба објаснување затоа што и научните студии ја покажале поврзаноста меѓу доцното одење на спиење и дебелината.

Секако , ако сакате во подполност да ја испочитувате оваа диета треба да се држите и до правилото да јадете само колку ви е доволно,односно да не се прејадувате. Јапонците имаат создадено и принцип да се јаде додека не се достигне 80% од полното.( ...секако ова е тешко да се одреди).

Забранети намирници се : млечните производи и алкохолот.Од напитоците тука е само водата на собна температура. А бананите мора да бидат свежи а не печени,варени или заледени.

Пример на мени

Појадок

- Една или повеќе банани (количина за да се почувствува ситост)
- Чаша вода (собна температура)

Ручек

- Оброк по избор

Попладневна ужина

- Малку слатки грицкалки се дозволени околу 15 часот во случај на глад

Вечера

- Оброк по избор кој мора да биде конзумиран пред 20 часот.
- Без десерт

Препораки за вежбање

Не постјат посебни препораки за вежбање односно можете да вежбате ако сакате но не морате.


Зошто да се практикува оваа диета

  • Редовното појадување може да го подобри метаболизмот и намали прејадувањето подоцна во текот на денот.
  • Избегнување на кафето за појадок може да доведе до стабилизирање на нивото на гликоза и намалување на апетитот.
  • Избегнување на оброци после 20 часот ја намалува тенденцијата на ноќно грицкање (обично храна богата со калории).
  • Избегнување на млечните производи и десерти ја намалува количината на калории така што се ограничува внесот на маснотии и шеќери.
  • Бананите се намирници богати со влакна, витамини Б6 и Ц како и калиум.
  • Го обесхрабрува прејадувањето.

Зошто да НЕ се практикува оваа диета

  • Некои лица ( во главно оние кои страдаат од хипогликемија) може полошо да реагираат на чистите јаглено хидрати за појадок.
  • Недисциплинираните може да конумираат повеќе калории во преостанатите оброци – за ручек или вечера ( за да го надоместат пропуштеното).
  • Не го охрабрува вежбањето.
  • Не вклучува психолошки фактори кои се “вплетени” скоро во секоја диета.

Заклучок

Ако се решите за оваа диета и постигнете добар резултат – тоа не е резултат на некое магично дејство на бананите во согорување на маснотиите. Многу е поверајтно дека губитокот на килограми е поврзан со следењето на горе спомнатите правила од кои се најважни: Јадење во одредено време од денот и избегнување десерти.

Оваа диета дефинитивно дава резултати се додека другите оброци бидат “нормални” за вашите потреби – односно додека не почнете да се прејадувате за другите два оброка.

Ако доста од Јапонците пробале и успеале ( тие се “највитка” нација – имаат само 5 %
дебели...”им бегаат” на Французите (12% кои се на второ место за полни 7 % !)... не гледам ниту една причина зошто не би ја испробале оваа диета.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.