ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Исхрана кај колитис

 

Dijeta kod kolitisa

Исхраната кај луѓето кои имаат колитис пред се треба да биде балансирана.Важна компонента за ефикасно лечење како и кај секое друго заболување на дигестивниот систем е почитување на одредени принципи на исхрана.Пред се се препорачува зголемување на бројот на оброците во текот на денот на пет или шест пати,оброците треба да бидат мали.Кај акутен колитис треба да се конзумира храна која во својот состав има помалку јаглено хидрати.

Доколку имате колитис неопходно е kaj оброците да ги елиминирате-: говетското месо,свинското месо и сите останати видови на црвено месо,топла и ладна храна,пржена храна,овошни сокови и свеж зеленчук,лути зачини,свеж леб и кафе.

Кога ќе се одлучите да ја спроведете оваа диета,обрнете внимание на следново:

  • Храната терба да биде високо калорична но лесно сварлива.Се препорачува храна која е готвена на пареа и обарена.
  • Храната не смее да има состојки кои иритираат.
  • Во исхраната треба да предвладуваат протеински производи од животинско потекло.


Корисни производи во диетата за регулирање на колитисот се:

  • Пилешко и јагнешко месо
  • Круши,јаболки,сливи
  • Сите зеленчуци кои не содржат семе,зеленчук кој е термички обработен,зготвено и др.
  • супи.
  • Јајца, варено млеко не повеќе од еднаш неделно
  • Овошни десерти без семки и зачини
  • Масла - маслиново но не повеќе од 5 гр. на оброк
  • Стар леб
  • Шеќер до 20 гр . дневно

Пред доручекот корисно е да испиете чаша превриена вода на собна температура а кафето треба да го избегнувате.


Производи кои треба да ги избегнувате доколку имате колитис:

  • Масно месо и риба
  • Сенф,лут кечап,рен и пиперка
  • Конзервирана риба
  • Ладни пијалоци,кафе и чај со млеко,газирани пијалоци
  • Сладолед и чоколада
  • Зеленчук и овошје и бобинки во својот природен облик
  • Житарици,пченица,јачмен

Еден од причините за настанување на хроничен колитис може да биде еднолична исхрана на подолг временски период како и едноличните диети.

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.