ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ

 

Dijeta protiv starenja


Ако сакате да го успорите процесот на стареење и да го продолжите животниот век, тогаш ова е вистинската диета за вас.Во основата на оваа диета против стареење, лежи список на производи чие внесување најмногу го успорува процесот на стареење.

Целта на оваа диета е да се смали внесувањето на калориите за 30% од стандардното внесување и да се користат производи, минерали,витамини и други есенцијални нутритиви, кои допринесуваат до одржување на виталната функција на телото.Користејки ја оваа диета,можете да го подобрите здравјето,спречите дијабетис(контролирате),како и заболување на срцето,Паркинсонова и Алцхајмерова болест.


Стареењето се поттикнува со многу грижи кај многу особи(најчесто женскиот пол) на кои им е многу тешко да се соочат со реалноста,но- што е тука е-потребно е да разберете дека стареењето е природен процес и,за жал секој мора да помине низ него.

Меѓутоа...

Не е се така мрачно.Правилно избалансираната исхрана,внесување на одредена храна е клуч на младоста!Пред вас е листа на производи за диета против стареење,која може да ви помогне во потрага за втора младост и виталност.

Омега-3 масни киселини против брчки и воспаленија

Во оваа група намирници се наоѓаа:пастрмката,лососот,сардините,туната,харингата...
Рибата содржи омега -3 и омега-6 киселини.Оваа киселина ја смалува манифестацијата на разни воспалени процеси во организмот кои доведуваат до затворање на порите на кожата,акни и повремени појави на брчки.

ОРЕВИ

Јадете неколку ореви секој ден.Оревите содржат големи количини антиоксиданти,витамин Е и незаситени масни киселини.

Zeleni čaj

Пијте најмалку две шоњи зелен чај дневно.Тоа е проверен чудотворец кога станува збор за заштита од болести и стареење.

МАСЛИНОВ ЗЕЈТИН

Перфектно корисен за меморија.Маслинките содржат мононезаситени масти и витамин Е кој го смалува нивото на лош холестерол ,а зголемува нивото на добриот холестерол.

ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Јадете 500 до 1000 кг овошје секој ден.Изберете разни врсти на овошје и зеленчук во разни бои.Секој ден јадете голема порција свежа сезонска салата.Овошјето и зеленчукот содржат големи количини витамини и минерали кои го успоруваат стареењето.

ПИЈТЕ 1,5 л. ТЕЧНОСТ ДНЕВНО

Најдобри опции се вода и зелен чај.Помалку пијте кафе и сок, тие го „испробуваат“вашето тело.Навечер пијте шоља чај од камилица-тоа помага да се опуштете.

ЗА ДОРУЧЕК ЈАДЕТЕ НИСКО МАСТЕН ЈОГУРТ И ПИЈТЕ МЛЕКО

Изберет јогурт со бифидо бактерија. Морате да пиете околу 1,5л. Млеко дневно.Подобро да го испиете после тренинг.Јогуртот содржи здрави бактерии за здрав дигестивен тракт и имунолошки систем,спречува проблеми поврзани со стареењето..

СЕКОЈ ДЕН ЈАДЕТЕ 100ГР: ХРАНА БОГАТА СО ПРОТЕИНИ

Тоа се пилеско,мисиркино,јајца, мешункасти растенија и немастно сирење.Ако вежбате многу,потребно е повеке протеини-од 1,2 до 1,5г. По кг. на телесната тежина дневно.

ВАРЕЊЕ

Важна улога во процесот на стареење игра и вашето варење.Затоа лекарите препорачуваат да се јаде повеќе продукти кои содржат влакна кои помагаат да се подобри варењето.Меѓу тие производи се леб од овес,кафеав ориз,ореви,семки,овошје,зеленчук и грав.Сите овие ги стимулираат цревата,и го заштитуваат нашето тело од многу проблеми.Покрај тоа,влакната го смалуваат нивото на холестерол и го обновуваат нормалното ниво на шекерот во крвта.

* * *

Ова не е крај на приказната,зошто диетата против стаареење е голем чекор кон одржувањето на виталноста и добриот изглед,но постојат и друлги фактори кои на тоа влијаат во поголема или помала мерка.Но за тоа во следното продолжение со наслов - Живеј сто години .. Значи:

- Како да доживеете сто -


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.