ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Baby food dijeta

 

bebi hrana dijeta

...или диета со бебешка храна

Се започнало со тоа што практикувачите на разни диети установиле дека големината на порцијата за бебиња ( и тоа што во нив го има) совршено одговара на потребите на лицата кои се на
диета : да ја залаже гладта, да се внесе здрав и хранлив оброк а да не се внесе поголема количина
калории.

А тогаш во Холивуд настанала општа потрага по тегли со храна за бебиња како метода да се одржи контролата над количината на храна која се конзумира.Многу познати ѕвезди се нафрлиле на оваа диета и сега во нивните торби тропааат тегличките со храна за бебиња а дотичните се презадоволни со резултатите.А тоа што се случува во Холивуд обичнo се “прелева” во САД и пошироко – така да baby food диетата или диета со храна за бебиња ги зафатила и другите континенти и незадржливо се шири!


Како функционира


Многу луѓе почнуваат со baby food диетата со одбирање на 3 -4 теглички бебешка храна која ја јадат помеѓу оброците.Здрави порции на нормална храна се јадат 3 пати дневно,бидејќи бебешката храна има малку калории и не обезбедува доволно енергија потребна за возрасни лица.

Постојат и друга група луѓе кои се на диета ,и користат неколку теглички бебешка храна за да заменат еден од оброците – обично ручекот.Оброк сочинет од тегли со равиоли,моркови и благ компир за дете кое само што проодило може да има 200 калории вкупно ( што значи полн стомак вкусна храна со малку калории ).

Предности
Тегличките со бебешката храна се практични за носење.Не треба да се чуваат во фрижидер и може да се носат во торба.Има голем број на вкусови кои може да ги одберете и храната во тегличките е подполно варена,добро спакувана,има витамини и не содржи конзерванси. Тегличките со храна за деца кои веќе проодиле се доволно големи за да ја намалат желбата за храна , но и доволно мали за да го одржат калорискиот внес на храна на минимум.За оние кои се на специјални диети, достапни се бројни храни без глутен.


Недостатоци


Не постојат востановени медицински упатства за оваа посебна диета.Затоа може да биде тешко да се одреди колку теглички бебешка храна се потребни за да се постигне најдобар резултат. Исто така храната за бебиња е блага.Направена е за нов дигестивен систем така да нема додатен шеќер,сол и зачини.Кашестата храна скоро да не бара жвакање, што некои лица ќе ги направи незадоволни.


Диета со бебешка храна – Заклучок


Бидејќи бебешката храна не може во подполност да ги задоволи целосните нутритивните
потреби на возрасните, направена е за најосетливата популција така што не содржи нездрави маснотии,генетски модифицирани компоненти,антибиотици и останати додатоци.Многу е хранлива, добро спакувана и не содржи натриум.Се додека порцијата бебешка храна е дополнета со најмалку еден нормален оброк дневно, може да биде ефикасна и здрава алатка за слабеење.



 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.