ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета со грозје

 
dijeta sa grozdjem

Ако малку “ прошетате “ по интернет барајќи го поимот диета со грозје – во главно ќе
наидете ,по мене ,на најкратката диета која постои:

Диета со грозје

Се јаде максимално 1 – 2 кг зрело грозје секој ден. Црното грозје е по здраво и успешно го чисти оргханизамот од разни токсини!


...и тука е крајот!Од додатните информации обично нема ни трага.

Колку,кога,зошто,нуспојави..ништо од тоа...
За да gи решиме овие недостатоци ви нудиме одлична диета со грозје која трае 4 дена и која, со малку среќа ќе : ви помогне да ослабнете 4 – 5 килогарми. Со оваа диета ќе научите и неколку корисни ситници како најдобро да ја комбинирате оваа исклучителна намирница и кој сепак би требало да го избегнувааат грозјето ( на негова жалост )


Диета со грозје – диетен план

Ден 1

Појадок

- 1 лажица овесни снегулки ( предходно натопени преку ноќ)
- ½ портокал исецкан на коцкички
- 2,5 дцл јогурт со намалена масленост
- 100 гр зрна грозје

Во голем сад измешајте ги сите состојки,оставете десетина минути да одстои и...навалете.

 

Ручек

За ручек се јаде една прилично необична салата чии состојки се :

- 200 гр тиква исецкана на поситни коцкички и неколку минути пропржена на малку путер.
- 100 гр зрна грозје исецкани на половинки.
- 100 гр зелена салата
- 1 лажица ореви исецкани на листови

Сите состојки, освен оревите да се измешаат.Со оревите да се посипе оваа мешавина.

 

Вечера

Вечерата е резервирана за овошна салата и пилешки гради.Овошната салата се прави од: 100 гр зрна грозје ,50 гр ананас исецкан на ситни коцки и додаток од 50 гр сок од грозје и 50 гр вода.

Пилешки гради, не потешки од 150 припремете ги на скара или динстајте ги на вода.

 

Ден 2

Појадок

Лимон јогурт: измешајте 250 гр јогурт со намалена масленост со супена лажица сок од лимон и на сето тоа додајте 150 гр зрна грозје.

 

Ручек

Ориз со парчиња риба:

Да се свари 5 лажици интегрален ориз во три пати повеќе вода.Додадете 2 лажици парчиња од вашата омилена риба испржена на малку маслиново масло.Во сето тоа додадете 150 гр зрна грозје.Изгледа шашаво ,но вкусно е !

 

Вечера

Чорба од компири со зеленчук:

Да се сварат 150 гр компири,1 морков и 1 помал целер ,петнаесетина минути.Зачинете по вкус со растителни зачини.Додадете лажичка ладноцедено маслиново масло.

После оваа чорба изедете 250 гр свежо,црно грозје.

 

Ден 3

Појадок

Ова утро е резервирано за 100 гр малку масно младо сирење и 150 гр грозје.Намирниците ставете ги во блендер,промиксајте неколку секунди и ете ви вкусна и хранлива кашичка за појадок!

 

Ручек

Направете рагу од 250 гр омилена риба,150 гр брокула и 1 главичка кромид.По овој оброк изедете 150 гр црно грозје.

 

Вечера

Желе од грозје кое се прави од : 2,5 дцл сок од грозје,50 грама зрна грозје,половина јаболко,5 гр желатин.Желатинот измешајте го со малку вода,оставете малку да одстои, потоа додадете сок од грозје и мешајќи додадете парчиња јаболко и зрна грозје исецкани на половики.Оставете 1 час да се лади во фрижидер.

 

 

Ден 4

Појадок

1 парче леб со 100 гр малку масно сирење.По тоа на ред е ,секако ,200гр. грозје.

 

Ручек

За ручек овој последен ден од диетата нешто што веројатно не сте пробале : Палачинки со грозје ! Се подготвуваат прилично едноставно : 3 лажици брашно,половина чаша вода и едно јајце.Убаво да се измати и да се испечат палачинките а потоа филувајте ги со измиксана мешавина од : 100 гр немасно младо сирење,1 лажица минерална вода и 200 гр зрна грозје.Ако сакате – додадете преку палачинките и малку цимет.


Вечера

Диетата ја завршуваме со еден одличен рецепт : Гулаш од мисирка со печурки.Се прави на следнит начин :Пропржете ги мисиркините гради исечени на тенки парчиња.Варете 100 гр брокула 2 -3 минути а во меѓувреме еден поголем морков исецкајте го на мали тркалца а 2 поголеми печурки исечете ги на листови.Сите состојки ставете ги во сад и додадете ½ шоља супа од зеленчук и варете 10 минути.При крајот на варењето додадете 60 гр црно грозје и 2 лажици павлака..Со овој гулаш може да изедете и 100 гр ориз.

Додатни напомени :идејќи грозјето е полно со калиум и гроздов шеќер – не би требало
да чувствувате некои значителни “ напади “ на глад – па дури може да очекувате и раст на психичката и физичката енергија.Грозјето е добро и за вашето срце а помага и кај анемијата, астмата,васкуларните и нервните болести...Секогаш бирајте грозје со семки затоа што содржи полифеноли,исклучително корисни за нашиот организам.

Внимание !

- Доколку имате изразита прекумерна тежина,чир на желудецот,дијабет,колитис,дијареја или дизентерија – пред диетата со грозје посоветувајте се со лекар.

-Може да почуствувате стомачна вознемиреност ако го комбинрате грозјето со слатко млеко. краставици,дињи,пиво или тешки маснотии.

- Ако имате шуплив заб- обавезно после конзѕмирање грозје исперете ги забите бидејќи постои тенденција да ви се зголеми шуплината, а тоа, ќе признаете... не е баш практично.

 

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.