ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА СО ИНТЕГРАЛНИ ЖИТАРКИ

 

Најновите истражувања извршени во САД а објавени во Списанијето за исхрана( Journal of Nutrition) го потврдуваат фактот познат од порано: конзумирањето на интегрални житарки не само што ја подобрува (односно ја намалува) вашата половина туку и значително го подобрува здравјето во целина !

Слични студии работени се и порано а целта била да се утврди врската помеѓу диетните влакна од разни намирници и телесните маснотии кај возрасните. Заклучок е дека редовното конзумирање на барем еден оброк кој содржи интегрални житарки значително ги намалува телесните маснотии насобрани околу половината а поголема ( почеста ) употреба – неколку оброци на интергрални житарки дневно – доведува и до намалување на килограмите и до подобрување на здравјето. Има ли причини да не ја пробате следната диета која трае седум дена а може значително да ви го подобри здравјето и да ви намали до 4.5 кг ?

Dijeta sa integralnim zitaricama

Еднонеделна диета со интегрални житарки

Диетата со интеграчни житарки ги обновува и поттикнува активностите на системот за варење и го храни телото со витамини, минерални целулози и биоактивни супстанци. За една недела ќе изгубите 4.5 кг. Ако не саката некоја од интегралните житарки или имате проблем да ја најдете, одберете ги најомилените и со нив заменете ги оние кои не ги сакате или не можете да ги најдете.
Помеѓу оброците може да пиете минерална негазирана вода, зелен чај и свежо цедени сокови. Кога ќе ја завршите диетата, јадете помалку месо одредено време. Ако продолжите да јадете житарки (и суво грозје и кајсии) можете да ослабете 9 кг за 6 недели. Одлична пропратна појава на оваа диета е: ако имате акни или повремено ви избиваат на кожата, таа ќе се исчисти и проблемот ќе биде надминат.

Напомена: исклучете сол, шеќер и алкохол додека сте на диета


Ден на пченицата

Пченицата со цело зрно е богата со витамини Б1, Б2, Б3, Е, и со фолна киселина, калиум, фосфор, цинк, бакар, железо, магнезиум и диетни влакна.
Помага кај дијабетесот, ја одржува нормалната телесна тежина, го намалува притисокот и нивото на холестерол.

Подгответе дневна порција: земете 180 гр пченица со цело зрно, додадете ¾ литри вода која врие и варете 20 минути на тивок оган.

  • Појадок: житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко
  • Ручек: 1 шоља чорба од зеленчук + млад кромид + житарка
  • Вечера: житарка + 1.25 дцл јогурт + шеќер + цимет



Ден на просото

Просот е богато со лизин, протеини и Б витамини. Не содржи глутен, алкално е и лесно се вари. Делува како диуретик, помага кај лошото варење , дијареа (процедете го просото пред варење), повраќање (направете супа од просо) и дијабетес. Одлично е за желудникот, панкреасот и бубрезите.

Подгответе дневна порција: земете 180 гр излупено просо, додајте ¾ литри врела вода која врие и варете 30 минути на тивок оган.

  • Појадок: житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко
  • Ручек: 1 шоља чорба од зеленчук + житарки + лук и магдонос
  • Вечера:žitarica + zamena za šećer + 1 рендана јаболка+ сок од лимун


Ден на овесот

Овесот е богат со витамин Е, цинк, селен, бакар, манган и магнезиум. Овсената каше е добар извор на протеини. Го редуцира лошиот холестерол и има антиканцерогени својства. Помага каг опстипација, синдром на иритабилно црево и хемороиди.

Подгответе дневна порција:земете 180 гр овсени снегулки, додајте ¾ литри врела вода која врие и варете 10 минути на тивок оган.

  • Појадок:житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко
  • Ручек:1 шоља чорба од зеленчук + житарки + лук и магдонос
  • Вечера: žitarica + zamena za šećer + 90 gr mladog sira + 1 velika kašika kakaoa


Ден на интегрален ориз

Оризот е богат со витамини од групата Б, и го намалува ризикот од рак на дебелото црево, го намалува нивото на холестеролот и помага кај болести настанати поради недостаток на диетни влакна (хемороиди, дијабетес, хроничен запек и варикозни вени).

Подгответе дневна порција:земете 150 гр интегрален ориз. Додадете зовриена вода и оставете го на тивок оган 35 минути. Излупете 450 г јаболка, исецкајте на ситни парченца, додадете малку вода и на пареа да бидат 10 минути. Измешајте ориз, јаболка и сок од лимон, цимет и замена за шеќер.


Поделете на 3 порции и јадете по една порција за појадок, ручек и вечера.


Ден на јачменот

Зрната на јачменот се богати со протеини, калиум и калциум. Јачменот го јакне панкреасот, ја регулира работата на стомакот и ги јакне цревата. Исто така, ја јакне крвта, корисен е за жолчната кеса и нервите.

Подгответе дневна порција: Земете 180 гр излупен јачмен ( гершла ), додадете ¾ литри зовриена вода и варете 10 минути на тивок оган.

  • Појадок: житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко
  • Ручек: 1 шоља чорба од зеленчук + житарки + 1 струк кромид + 1 пиперка
  • Вечера: житарка + замена за шеќер + ½ чаша сок од портокал + 2 лажици јогурт


Ден на хељдата

Подгответе дневна порција: земете 180 гр излупена хељда, додајте ¾ литри зовриена вода и варете 10 минути на тивок оган.

  • Појадок: житарка + замена за шеќер плус 1 дцл топло млеко
  • Ручек: : 1 шоља чорба од зеленчук + житарка + зачини
  • Вечера: житарка + замена за шеќер + 1 чаша јогурт


Ден на комбинирани житарки

Подгответе дневна порција: Земете 60 гр зрна пченица, 60 гр излупена хељда и 60 гр овесни снегулки. Додадаете ¾ литри зовриена вода и оставете 20 минути на тивок оган.

  • Појадок: житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко
  • Ручек: 1 шоља чорба од зеленчук + житарка + лук + 3 лажици сос од домати (загрејте се заедно)
  • Вечера: житарка + замена за шеќер + сок од лимон + цимет + 1 рендано јаболко


 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.