ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА СО ЈАГОДИ

 
dijeta sa jagodama

Диетата која е пред вас е базирана на јагоди а искуствата на оние кои ја спроведувале укажуваат на губиток на дури 3 килограми за 4 дена ! Па малку ли е...Елем,прво да се запознаеме со главниот “ јунак “ на оваа диета а потоа преоѓаме на диетниот план.

Јагоди – Вкусно и здраво овошје ( така ќе го наречеме иако спаѓа во фамилијата на ружите) - исклучително е богато со Ц витамни.Повеќе витамин Ц од јагодата поседува единствено рибизлата.Кога е во прашање фолната киселина – јагодата е во овој случај апсолутен лидер - ниту едно бобичесто овошје не и ниту близу.Самата јагода е и антисептик и одлично помошно средство во козметиката (посебно при воспаление на кожата) а треба да се напомене дека одлично делува кај проблемите со десните и кај респираторните проблеми.Исто така,јагодата се покажала и како одличен “ борец “ против зголемениот крвен притисок.На психолошки план значително го намалува стресот и го подобрува расположението.И затоа со така добро расположение да се “ нафрлиме “ на четвородневната диета со јагоди.Немојте да се изненадите од рецептите во кои се мешаат, за повеќето од нас , “ непомирливите “ намирници – едноставно пробајте па потоа изнесете ги своите оценки.


Воведни напомени

  • Диетата е базирана на свежи намирници – затоа обратете внимание на квалитетот при купувањето.Органски одгледуваните намирници,ако ви се достапни се полн погодок !
  • Блендерот е просто неопходен кај оваа диета: не само да го забрзува процесот на подготовка на храната туку и помага да таа правилно се асимилира.Затоа ,ставете го на видно место – секогаш на дофат на раката.
  • Доколку сте запослени а се мисли на фиксно работно време од 09 до 17 часот – најдобро е диетата да ја отпочнете во петок.На тој начин ќе прескокнете само два ручека ( заменети ги со свежи јагоди ) а резултатите ќе бидат слични.
  • Бидејќи диетата трае само 4 дена – нема посебни препораки за зголемување на физичката активност.
  • Доколку не можете без кафе – потрудете се да количината на испиеното кафе не биде поголема од 2 шолчиња (распоредени во текот на денот) а со секое шолче обавезно испијте и чаша вода.



Диета со јагоди – Прв ден

За појадок,подгответе убава овошна салата.Земете 250 гр јагоди,измијте ги и исецкајте ги на мали парчиња.Половина јаболко исецкајте на коцкички,а половина банана – на тркалезни парчиња.Во голема чинија полека измешјте ги сите состојќи со доадток на една лажичка мед и 50 гр незасладен јогурт.

Помеѓу појадокот и ручекот ,вероватно ќе огладнете.Еден шејк со јагоди сигурно ќе ви годи и ќе ја намали гладта.

Шејк за ужина : 100 гр јагоди и 1 дцл немасно млеко уфрлете во блендерот, додадете ½ лажичка мед и 50 мл негазирана минерална вода и сето тоа измиксајте го.Ќе ја добиете толку потребната енергиа,малку калории а чувството на глад ќе си замине..

За ручек подгответе лесна салата чии состојќи се :

  • 150 гр јагоди
  • 1 парче мисиркини гради
  • 100 гр краставици
  • 300 гр шпаргла
  • 10 гр магдонос
  • 20 гр ореви ( мелени или крупно изгмечени )
  • 10 гр магдонос
  • 1 лажица сок од лимон
  • 6 лажици шорба од зеленчук (или негазиарана минералн вода ).
  • 1 лажица маслиново масло

Исчистете ги шпарглите, исечети ги на парчиња,варете додека не бидат сосема меки.Јагодите измијте ги и исецкајте ги на кругови.Исецкајте ја и краставицата на кругови а обарените мисиркини гради на ленти.Сето тоа измешајте го во голема чинија.Преку тоа налијте сос направен со мешање на сок од лимон,шест лажици чорба и маслиново масло.Посипете со ореви према вкусот.Салатата е подготвена.

За ужина може да изедете јогурт со јагоди: 100 гр јагоди, 1 дл малкумастен јогурт промиксајте со лажичка мед.

За вечера – секако ,повторно салата: Измешајте 1 поголем варен компир, ситно сецкан кромид, 1 мал варен целер,1 дцл јогурт,50 гр немасно сирење и лист магдонос.Вкусот по желба дотерајте го со сок од лимон,сол и пипер.


Втор ден

За појадок : 2 парчиња интегрален леб премачкан со малку масно сирење ( до 2 % маснотии).

Предпладневна ужина :Од 200 гр јагоди направете пире,помешајте со разни бобинки, додадете 1 лажичка путер и лажичка мед.

За ручек ќе биде необична но вкусна салата.Во голема чинија помешајте ги ситно сецкани следните состојќи: јагоди (100 гр), ½ зелена салата,1 домат,1 пиперка,немасно сирење ( 50 гр) јогурт (1/2 дл) ,сок од лимон,сол према вкусот,тост од парче интегрален леб исецкан на коцкички.

За попладневна ужина можете да испитете освежувачќи коктел : мешавина сок од јагоди (1 дцл) немасен јогурт ( 1 дцл ) и сок од ананас ( ½ дцл).

Вечера : Палачинки со јагоди – Палачинките печете ги во тефлонска тава и послужете ги со крем од изгмечени јагоди,младо сирење и лажичка мед.


Трет ден

За појадок – енергетско “ полнење “ во облик на овесна каша со додаток на ½ дцл сок од јаболко,половина банана и 100 гр исецкани јагоди.

Предпладневна ужина : 1 дцл нискокалоричен јогурт,100 гр јагоди и лажичка мед- сето тоа добро измиксано во блендер.

Ручек : 200 гр свежи јагоди а потоа карфиол : Помала главица карфиол обарена во вода а потоа премачкана со лажичка путер и потоа посипана со ситни парчиња шунка ( 30 гр).

Попладневна ужина : Мешавина од по 1 дцл сок од портокал и јагода со лажичка мед.

Одличен оброк за вечера :Направете пире од еден поголем обарен морков и еден обарен компир со додаток на млеко (колку е потребно да се добие воздушест пире).Додајте лажичка путер и малку вода.Добро измешајте.Пирето ставете го во огно отпорен сад и преку него ставете тркалца домати и пиперка исецкана на ленти.Посипајте со лажица пармезан а по желба додајте малку босилок или оригано,Запечете во рерна 15 минути.Со овоа пикантно пире се конзумира сок од еден домат и 100 гр јагоди (за подобар вкус додадете и малку црн пипер).

Четврт ден

За појадок можете да изедете 2 парчиња интегрален леб,со немасно сирење и 50 гр јагоди.

Предпладневна ужина четвртиот ден е резервирана за мултивитаминска мешавина : Измиксајте еден портокал,едно јаболко и 100 гр јагоди.Додадете лажичка мед и уште малку миксајте.

За ручек четвртиот ден на ред е – риба.Најдобро би било да биде пастрмка, лесно динстувана со кромид,зачинета со магдонос и парчиња лимон.На рибата ставете и парчиња од 50 гр јагоди и по желба малку снеф ( одлична комбинација ).Одличен додаток е зелена салата благо закиселена со лимонов сок или јаболков оцет.

Попладневна ужина : Во блендер уфрлете 150 гр јагоди,лажичка мед,сок од еден лимон и 1 дцл вода.По желба можете да го збогатите овој напиток со додавање ½ дцл немасен јогурт.

За вечера четвртиот ден – воедно и последен од оваа диета – на ред е весела салата преполна со минерали и витамини со спектар растителни вкусови:

Додека печете еден поголем компир во рерната ( заедно со лушпа ) – се простувате од блендерот правејќи мешавина од свеж морков,пиперка,лист целер и сок од лимон.Но внимателно – потребно е да се направи нешто налик на паста а за тоа блендерот треба да биде вклучен неколку секунди.Посебно измешајте неколку поголеми јагоди,50 гр немасно сирење и 1 дцл јогурт.Исто направете паста но поретка од предходната.Симнете ја внимателно лушпата од печениот компир па прекријте го со првата (погустата ) паста, а потоа и со поретката паста и уживајте во спектарот на неверојатните вкусови!По желба додадете и малку босилок или оригано.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.