ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА СО ЈАЈЦА

 

Dijeta sa jajima

Последните недели добивме барем десетина пораkи дека сме “ заборавиле “ да напишеме
нешто за една “ скромна “ диета а доста популарна како што е диетата со јајца.Еве,ја
исправаме грешката и зборуваме за оваа диета за која различни верзии кружат по интернет.

Значи,диетата со јајца станала многу популарна кога неколку славни личности со помош на
оваа диета успеале да изгубат многу килограми.Има тврдења дека поединци губеле и по 30 килограми за три месеци а глумецот Адриан Броди изгубил 15 килограми подготвувајќи се
за улогата во феномаеналниот филм “ Пијанист “.Тој објаснува дека следел одредена варијација
на оваа диета каде јајца се јадат за доручек,помало парче пилешко на скара за ручек, и парче риба со зеленчук на пареа ,за вечера.


Диета со јајца - основи

Како што е горе наведено ,на интернет може да се најдат десетици разни верзии од оваа диета. Сепак , овде се решивме за најпопуларната која не е само досадно јадење на една те иста намирница односно јајца ,туку се вклучени и други намирници

Практично ,може да се каже дека ова е една од варијациите на диетата на Д-р Еткинсон (Atkinoson) каде фокусот е на значително намален внес на јаглено хидрати.Во оваа верзија на диетата се јадат две или повеќе јајца за појадок а со нив и зеленчук со мала содржина на јаглено хидрати или некое посно месо како и грејпфрут.

Ручекот и вечерата вклучуваат или уште една порција јајца или мали порции пилешко и риба. Салатите и зеленчукот со малку јаглено хидрати се дозволени додека овошjето е ограничено на едно до две парчиња дневно.Другите јаглено хидрати како што е лебот,тестенини и компир се строго збаранети.

Следната верзија под името “ Јајца и грејпфрут диета “ вклучува и јадење на половина грејпфрут со секој оброк.Остатокот од диетниот план е многу сличен на горе наведената варијанта.

Најекстремната варијанта на оваа диета вклучува конзумирање само на тврдо варени јајца и пиење на вода ( што е секако, верзија за самоубијци или оние кои баш не се сакаат себе си, своето здравје и својот организам)..


Диета со јајца – препорачана храна

Јајца,посно месо,зеленчук со ниска содржина на јаглено хидрати,растителни чаеви без шеќер и вода.


Пример на диетен план

Појадок

  • 2 варени јајца
  • ½ грејпфрут


Ручек

  • печено пилешко без кожичка
  • зелена салата

Вечера

  • омлет од 2 јајца со спанаќ и домати

Препораки за вежбање

Не постојат препораки за вежбање кај оваа диета


Диета со јајца – зошто да ја практикуваме

  • високопротеински,нискохидратни диети помагаат при редукцијата на апетитот.
  • високопротеинските диети го забрзуваат согорувањето на калориите.
  • јајцата се добар извор на протеини и витамини.
  • студиите покажале дека јадењето јајца за појадок го зголемува губењето на тежината.

Диета со јајца – зошто да НЕ јс практикуваме

  • оваа диета не е здрав и балансиран пристап кон исхраната.
  • цели групи намирници како и доста од зеленчукот се исклучени од исхраната.
  • недостатокот на јаглено хидрати може да ја наруши физичката активност.
  • многу луѓе доживеале чувство на замор за време на првите денови на држењето на оваа диета додека организмот не се привикнал на намалениот внес на јаглено хидрати.
  • јадењето поголема количина јајца може да предизвика затвор,појава на гасови и лош здив.
  • монотоноста на диетата може значително да го намали ентузијазмот за нејзино држење.
  • не е адекватно како здрав животен стил на исхраната.
  • постои голема можност тежината да се врати кога ќе се помине на нормална исхрана.

Заклучок

Диетата со јајца е брза диета,посебно верзијата во која не е дозволена нутритивна разновидност. Иако,најверојатно брзо се изгубат килограмите голема е веројатноста дека брзо ќе се вратат по враќањето на старата исхрана.

Очигледно,јадењето само на јајца не е здрав начин за наламување на тежината и екстремната верзија на оваа диета може да биде опасна по здравјето!Не се ризикува само во однос на внесот на нутритивите туку комплетното здравје.

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.