ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета со КЕФИР

 

kefir dijeta

Кефир диетата е една од најпопуларните диети за брзо слабеење.Која е тајната на нејзината
популарност ?

Пред се,причината е кефирот: Еден од најкорисните млечни производи кој се користи како превентива но и за терапевтски цели.

Правиот,домашен кефир има смирувачки ефект на циркулацијата и нервниот систем.Тој е
богат со витамини и минерали,помага да се воспостави работата на цревата,го лечи телото и ја подмладува кожата,ја подобрува состојбата на косата и ноктите.Покрај тоа,исхраната која се темели на користењето на кефирот помага по лесно да се намалат вишокот на килограми!

Уште една посебна предност на кефирот и ниската содржина на јаглено хидрати.Повеќето стручњаци се сложуваат дека најчеста причина за вишокот на тежина е претераниот внес на јаглено хидрати.Значи,ако јадете кефир сте го решиле и овој проблем.

Кефир диета

Постојат многу верзии на кефир диета.Сите се темелат на секојдневниот внес на кефир,но се разликуваат во бројот на додатни намирници и времето на траење.Секако и по бројот на килограми кои ќе ги намалите.

Долните диети се “ тестирани “ со домашен кефир (неспоредливо подобар од куповниот) а повеќе информации како да дојдете до него ќе најдете на крајот на текстот.



Зимска кефир диета – или диета на која како и да не сте на диета

Диетата е предвидена за 3 дена и не повеќе од тоа.Тежината која може да ја намалите со оваа диета зависи од индивидуалните карактеристики на организмот а обично е околу 2 кг.

Појадок:
Предлог 1 : Кајгана од две јајца,салата од помала краставица,кафе со лажичка млеко.
Предлог 2 : Гриз/качамак и кисело млеко.
Предлог 3 : Јајце,1 тост со путер,чај со мед.

Ужина: 3 дцл домашен кефир

Ручек:
Предлог 1 : Пилешка супа,варен морков и бело пилешко месо(100 гр),салата од цвекло и парче леб.
Предлог 2 :Чорба од печурки, манџа со пиперки (до 3 дцл) и салата од свежа зелка.

Ужина : 3 дцл домашен кефир.

Вечера:
Предлог 1: Грилувана риба (150 гр),зелена салата и растителен чај.,
Предлог 2: Поголем компир,чај со мед.


Кефир- овошна диета – одлична кратка детокс диета

Дневно треба да се пие 1,5 – 2 литри кефир од обрано млеко и да се јаде овошје и зелнчук (може да биде и лесно термички обработено) во доволни количини за да се задоволи гладта. Со оваа диета ,може да намлите 2- 3 кг за три дена.

Кефир – јаболко диета – тешка диета за подготовка на организмот за нова сезона

Кефир – јаболко диетата трае 7 дена.Во текот на оваа диета се сменуваат денови со кефир и јаболка.Може да испиете 1,5 литри кефир или да изедете 1,5 кг јаболка дневно.Ова е прилично строга диета и не е препорачлива во зимскиот период туку при преоѓање од една сезона во друга....На пример пролет- лето или лето – есен.Намалувањето на килограми е значително : и до 6 кг за 7 дена.


Кефир Моно – диета

Кефир моно диетата е многу тешка,но истовремено и многу ефикасна диета.Оваа диета со
кефир се применува три дена,во текот на која брзо може да намлите 3 – 4 кг.

Во текот на оваа диета треба секојдневно да пиете 1 – 1,5 литри свеж домашен
Кефир со намалена масленост, без додатен шеќер,и тоа 5 – 6 пати дневно:Интервалите помеѓу конзумирањето на кефир би требало да бидат исти.


Важни напомени

омашниот кефир кој вие сами би го направиле,има неспоредливо подобри својства од
куповниот.Доколку не знаете како се прави домашен кефир погледнете го текстот Правење кефир, или ако ви се потребни кефирни зрнца,со одличен квалитет,како и информации за нивното одгледување,пратете email на: dieta@qmail.com

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.