ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА СО КИСЕЛО МЛЕКО

 

kiselo mleko dijeta
Оваа диета може да ви помогне да изгубите 5 – 6 килограми за 10 дена.Сепак ,бидејќи е во прашање рестриктивна диета не би требало да се држи подолго од 14 дена.

Киселото млеко е исклучително корисна намирница које ја нормализира активноста на гастроинтестиналниот тракт, го подобрува имунитетот, го помага “ собирањето “ и исфрлањето на токсините од организмот и го потикнува метаболизмот.Киселото млеко ги содржи сите потребни нутритиви : јаглени хидрати,маснотии и протеини затоа спаѓа во групата на комплетни намирници.

Диета со кисело млеко – што се препорачува

  • Природно кисело млеко – 500 гр дневно
  • Овошје – до 300 гр. дневно (но овде не спаѓа грозје,диња и лубеница поради големата количина шеќер што ја содржат).
  • Месо – до 100 гр. дневно ( пилешко и месо од мисирка- со одстранета кожичка и маснотии и риба ).
  • Зеленчук (плодови ) – до 300 гр дневно ( домати,р,доква,краставици, пиперки...) и
  • Зеленчук – до 300 гр дневно (зелена салата,зелка,ендевија,кељ.)


Едноставно дневно мени

Воведна напомена: Количината на кисело млеко која ќе ја користите во поедините рецепти зависи од вашите желби и вкусови.Битно е да се изеде 500 гр кисело млеко дневно а како тоа ќе биде распоредено по оброци е ваш избор.

Појадок

Желе од кисело млеко и малини

Шоља зелен чај или шоља чист сок од портокал.

Ручек

Топол растителен чај

Ладна супа направена од кисело млеко и краставици исецкани на ситни парчиња.

100 гр варено месо

Салата од краставици,домати и зачиски растенија.

Кисело млеко по желба

Чаша топла лимонада. (без шеќер).

Попладневна ужина

Домати со кисело млеко.Во киселото млеко додајте малку сенф,малку сол и во блендер кратко измешајте го сето тоа.

Вечера

Шоља топол растиетелен чај.

Боранија на пареа со кисело млеко

Чаша топла лимонада ( без шеќер ).

Како што гледате изборот на намирници е прилично широк, така да нема да ви биде тешко да десетина дена избегнувате производи од житарки како и слатки.Секако не ја заборавајте физичката активност и секој ден одвоете 30 минути ако за ништо друго барем за брза прошетка.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.