ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета со Лубеница - 2 кг помалку за 5 дена !

 

Постојат многу диети каде главната состојка им е лубеницата , но петодневната детокс диета со оваа намирница е најпопуларна и дава одлични резултати бидјќи во исто време помага во намалувањето на вишокот килограми и секако го чисти организмот. После пет дена се прави пауза од една недела а подоцна по желба може да се повтори. За време на диетата треба да се пијат по 8 чаши вода, чај , или свежо цеден сок. 

Мени за детокс програма за чистење на организмот :

Доручекот секој ден е ист: Парче лубеница и вашиот омилен утрински напиток ( чај, кафе и сл. ). Едно парче лубеница треба да биде од 300 до 350 гр.

1. Ден

Ручек: 100 гр. варено говетско , 100 гр. варен ориз со сос од домат , парце лубеница.
Вечера: 50 гр. сирење , двопек

2. Ден 

Ручек: парче леб , 50 гр. варени пилешки или мискиркини гради , парче лубеница.
Вечера: 100 гр. риба , двопек , сезонска салата.

3. Ден 

Ручек: 30 гр. шпагети со сирење и домат , парче лубеница
Вечера: мешана салата од домат , краставица , пиперка , лук , зелена салата , 50 гр. свежо сирење и парче лубеница

4. Ден 

Ручек: супа од зеленчук , двопек , 50 гр. варено пилешко месо , парче лубеница .
Вечера: два варени компири со пармезан , сезонска салата , парче лубеница.

5. Ден 

Ручек: 50 гр варено говетско месо со печурки , двопек , парче лубеница.
Вечера: 50 гр свежо сирење , 2 двопека , парче лубеница.

 



Што ја прави лубеницата толку посебна ?

Лубеницата представува една одлична освежителна намирница , се конзумира во свежа состојба но од неа можат да се подготвуваат многу сокови , сирупи , слатко , а од семките се издвојува масло богато со витамин Д. Лубеницата е богата со прости шекери посебно со фруктоза и пектин , има железо , натриум и калиум , магнезиум , витамини Ц , А , Б1 и Б6. Содржи и ликопен , а воедно претставува еден од нај јаките антиоксиданси кој и ја дава црвената боја и освежителниот вкус. Докажано е дека ликопенот штити од заболувања како што е на пример: рак на простатата , дојките , слузницата на матката и белите дробови . Исто така ја подобрува pH вредноста на крвта , а крвните садови ги чисти од масните наслаги , ја подобрува работата на баубрезите , помага во исфрлувањето на штетните токсини од организмот а со тоа и спречува појава на уринарни инфекции . Облогите со сокот или со кората на лубеницата поволно делуваат на изгореници и некои кожни заболувања.

Историја на лубеницата : )

Потекнува од Централна и Северна Америка , нејзиниот пријатен и освежувачки вкус први го откриле луѓето од пустината Калахари . Во 13 век Маорите ја донеле во Европа а подоцна робовите во Америка . Денес најголем производител на лубеници е Кина . Најмногу се одгледуваат американските сорти „šugrbejbi“, „čarlston grej“ , „krimon svit“ и „madera“, потоа сортите од Унгарија „heveši futo“, „siget čepi“ и „korai kinč“ , и домашните сорти „зора“ и „роса“ .

Посебен совет за они кои имаат повеќе килограми

Лубеницата содржи голем процент на вода , дури 92 % а имаат ниска калориска вредност : 100 грама од оваа намирница има 30 калории па затоа претставуваат совршена замена за слатките и затоа толку често се користи во диетите. Заради високиот гликемиски индекс , дебелите луѓе не би требало да јадат лубеница во големи количини а доколку на ова слатко искушение не можат да му одлоеат тогаш би требало да го комбинираат оброкот со лубеница или наредниот оброк со намирници со низок гликемиски индекс ( јаболки , вишни , тиквици , домат , зелен зеленчук , јаткасти плодови ) .


Исто така...

Секојдневното конзумирање на лубеница го намалува крвниот притисок кај особите кои имаат хипертензија покажало испитувањето кое е спроведено на универзитетот во Флорида. Др. Arturo Figueros кој бил водич на истражувањето објаснил дека лубеницата посебно може да им помогне на луѓето кои имаат благо покачен крвен притисок така да конзумирањето на лубеница ќе го спречи да се зголемува .
Лубеницата делува освежително – ја гаси жедта , го отстранува уморот и го подобрува расположението на старите и младите , дава енергија , се препорачува за исхрана кај луѓе кои имаат кардиоваскуларни заболувања , заболувања на желудникот , заболувања на црниот дроб и др .

Како да ја изберете онаа правата.

При купување секогаш треба да внимавате на кората која мора да биде мазна и не премногу сјајна. Кога ќе ја удрите кората звукот не треба да биде шуплив а страната на која лубеницата лежела треба да биде жолтеникава. Лубеницата треба да се чува во ледилник цела или на парчиња сечена највеќе една недела. Така исечена се чува завиткана со фолија за да се спречи нејзино сушење и за да се спречи нејзино мешање на мирисите со останатата храна. Искусните продавачи кажуваат дека женските лубеници се секогаш повкусни а ќе ги препознаете по широките линии кои се наоѓаат спротивно од стеблото.

Неколку рецепти :

Сок од лубеница

Потребни состојки:
300 гр. Лубеница, 250 мл. газирана вода, сок од пола исцеден лимон, мед .
Припрема :
Лубеницата исечете ја на кришки , ислупете ја кората , и ставете ја на блендер заедно со газираната вода и сокот од лимун, засладете по желба со мед.

Коктел од лубеница :

Потребни состојки:
500 гр. Лубеница , 1 дл. бел рум , 2 лимона , кисела вода , коцки лед.
Припрема:
Излупете ја лубеницата и исечете ја на коцки и испасирајте ја , додадете го румот и сокот од лимон. Ставете ги во фрижидер да се олади најмалку еден саат, пред да послужите сипете во чаши и додадете малку кисела вода и коцки лед по желба. Со лубеницата можете да додадете и и некое друго овошје по желба.

Масло од семките од лубеница

Маслото од семките од лубеница се користи во кулинарство , посебно во земјите во Средна Америка и Африка. Неговите хемиски карактеристики укажуваат на голем процент на протеини кои достигнуваат дури 38 %. Има карактеристична боја , аромата наликува на лешник , содржи реллативно голем процент на незаситени масни киселини меѓу кои највеќе линолна. Докажано е дека умерено присуство на заситени масни киселини меѓу кои најдоминантните палмитинска и стеаринска киселина , но не се докажани посебно лековитите својства на маслото од лубеница , а се користи заради специфичниот мирис од лешник , има многу пријатна арома и необичен вкус кој доаѓа до израз посебно кога се додава во салатите . 

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.