ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА СО МЕД

 

dijeta sa medom

...или слатка диета :)

Сите знаеме колку е здрав медот,знаеме дека треба редовно да го конзумираме поради
големиот број на нутритиви кои ги содржи...но ,дали знаете ,како медот се покажал како диета? Па...проверете сами.Пред вас се две диети : Првата трае три дена и предстатвува класична брза диета ( може да се реализира за викенд) а втората е детоксикацијска диета чија цел е не само да ви “ украде “ неколку килогра-ми туку и да ви го исчисти телото од “ внатре “.

Совет е да се користи мед со проверен квалитет – со тоа што мала предност им се дава на темните видови на мед.

Но ,да поминеме на работата односно на диетата: :)


Тридневна диета со мед

Ако ја следите оваа диета ,можете да намалите 2 – 3 кг за само дена

Прв ден

Појадок: 2 ровки жолчки помешајте ги со лажиче мед.Со оброкот пијте чај со лимон или кафе (без шеќер)

Ручек: 100 гр сирење + 50 гр обарен морков + 50 гр обарена брокула + 50 обарен карфиол, направете крем во блендер.Додаток – чај или кафе со 1 лажиче мед.

Вечера:1 шоља бистра супа од зеленчук,1 парче интегрален леб и едно јаболко/круша или портокал.

Пред одење на спиење чај со лимон.


Втор ден

Појадок:  Исто како првиот ден

Ручек:Направете крем од : едно меко варено јајце,лажичка мед и 100 гр младо сирење. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе.

Вечера:  150 гр риба или пилешко филе,мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.


Трет ден

Појадок: исто како првиот ден плус едно јаболко.


Ручек: 50 гр сирење,1 парче р,жен леб и чинија свеж зеленчук со сок од лимон.


Вечера: 300 обарен зеленчук,едно меко варено јајце и шоља чај со една лажица мед.

Напомена: Секој ден обавезно изедете пола лимон!

Детоксикациска диета со мед

Потребно ви е :

  • 1,5 литар негазирана минерална вода,
  • 8 лимона
  • 2 – 3 лажици мед
  • 1 - 2 лажици црвен лут бибер

Подготовка: Исцедете го сокот од лимон,додајте го мед и биберот и добро промешајте ја смесата.Испијте ја целата количина од овој напиток.Со тоа може да пиете зелен чај и вода. Максимално траење на детоксикацијата е 3 дена.Нема да почуствувате слабост и исцрпеност затоа што медот ќе го храни вашето тело,пиперот ќе ја подобри циркулацијата а лимонот ќе помогне телото да се ослободи од токсините.

Во текот на овие три дена се препорачува следната купка која помага токсините
полесно да се исфрлат :

Додадете супена лажица сода бикарбона или 40 – 50 мл есенцијално масло од грејпфрут, лимон или портокал во када со топла вода.Оваа купка користете ја 3 дена по 20 минута.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.