ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА СО ГРАВ

 

Седумдневна диета

Гравот е богат со лесно сварливи протеини,витамини : Б,Ц, Е и ПП а исто така и со минералите:калциум,фосфор,бакар,цинк,железо како и со аминокислини а најзастапени се : триптофан,лизин, аргинин,тирозин и метионин.

Dijeta sa pasuljem

Диетата со грав е одлична за поладниот дел од годината затоа што ја спречува авитаминозата која е карактеристична баш во ладните денови и за диеталниот начин на исхрана.Гравот има одлични својства за црниот дроб и жолчната кеса – им помага подобро да работат а кога е во прашање дигестивниот тракт – може мирно да кажеме дека е вистински “ чистач “.Во пофалбите за оваа намирница оди и тоа што го јакне кардиоваскуларниот систем и ја подобрува состојбата и изгледот на кожата.Се препорачува по завршувањето на диетата уште неколку дена да се јаде грав како главно јадење а да се намали внесот на леб и слатки.

Важно: За време на диетата треба да се пие доста течност (најдобро чиста вода) и подполно да се исклучи шеќерот и солта.Секоја вечер пред заминување во кревет испијте 1 шоља јогурт со намалена маслено или кефир.

Со оваа диета може лесно и едноставно да изгубите 3 – 5 килогарми за 7 дена!Истотака обрнете внимание на менито – иако поедини денови изгледаат слично – постојат разлики кои се значителни.Што се однесува до приготвувањето на гравот,тој се вари густ,со што е можно помалку маснотии и пожелно е да биде без запршка (секако,зачини може да се додадат според вкусот).


Седумдневна диета со грав – распоред на оброците

Ако ја следите оваа диета ,може да изгубите 2 – 3 кг за само три дтена!

Прв ден

Појадок: 1 шоља јогурт со намалена масленост,1 парче интегрален леб и 50 гр тврдо сирење.

Ужина: 100 гр било кое овошје.

Ручек: 100 гр варен грав,варен зеленчук по избор или голема салата и топла лимонада или чај ( без шеќер).

Вечера: Исто како и за ручек.


Втор ден

Појадок: 100 младо сирење ,кафе или чај (без шеќер)

Ужина: 100 гр било кое овошје

Ручек: 100 гр варен грав,варен зеленчук по желба или голема салата од зеленчук,100 гр свеж сок од јаболко или чај (без шеќер)

Вечера: Исто како и за ручек + 100 гр било која варена или печена риба.


Трет ден

Појадок: 1 шоља јогурт со намалена масленост или кефир,1 парче интегрален леб + 50 гр тврдо сирење

Ужина: 100 гр било кое овошје

Ручек: 100 гр варен грав,варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук,100 гр свеж сок од јаболко или чај (без шеќер)

Вечера: Исто како и за ручек + шоља сок од домати.

 

Четврти ден

Појадок: 100 гр младо сирење,чај или кафе (без шеќер)

Ужина: 100 гр било кое овошје

Ручек: 100 гр варен грав,салата од моркови и јаболка со лажичка мед.

Вечера: 100 гр варени или печени пилешки гради,50 гр варен ориз,чај или кафе (без шеќер)


Петти ден

Појадок: 100 гр младо сирење или 100 мл јогурт, чај или кафе (без шеќер).

Ужина: 100 гр било кое овошје

Ручек: 100 гр варен грав,варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук,100 гр свеж сок од јаболко или чај ( без шеќер).

Вечера: Исто како и за ручек + 2 варени или печени компири + 1 шоља сок од домати


Шести ден

Појадок: 50 гр тврдо сирење,1 парче интегрален леб

Ужина: 1 шоља кефир или јогурт со намалена масленост

Ручек: 100 гр младо сирење,салата од мешан зеленчук,лимонада или чај (без шеќер)

Вечера: 200 гр варен грав,150 гр зеленчук по избор


Седми ден

Појадок: 100 гр младо сирење или 100 мл јогурт,чај или кафе (без шеќер)

Ужина: 100 гр било кое овошје

Ручек: 100 гр варен грав,варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук,100 гр свеж сок од јаболко или чај (без шеќер)

Вечера: Супа од зеленчук,100 гр варен грав,1 шоља топла лимонада.

 

 

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.