ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Patlidžan dijeta

 

patlidzan dijeta

За диетата со црн патлиџан се зборува дека е една од највкусните и најлесните моно-диети за
држење.Трае 14 дена и тоа е оптимално време за постигнување најдобри резултати (по овој период доаѓа до застој во губењето на килограми).Е сега,сигурно се прашувате колку
килограми е можно да се намалат за две недели?Бројката е импозантна и се движи до 8 килограми. Секако,немојте да го заборавите златното правило за намалување на килограми, а тоа е дека што сте поблиску до вашата идеална тежина тоа помалку килограми ќе губите на диетата.Значи, ако ви недостасуваат 3-5 килограми до саканата тежина ќе морате повеќе да се потрудите отколку
некој на кого му недостасуваат “само” 20 – 30 килограми.


Збор – два за црниот патлиџан

Црниот патлиџан има едниствени лековити својства во исхраната и може значително да го намали нивото на холестерол.Богат е со манган кој помага да се забрза метаболизамот.100 гр од овие посебно вредни плодови содржат само 28 калории.Плодовите се богати со влакна,кои го одстрануваат од телото вишокот на течности и отпадните продукти.Неодамнешните студии укажуваат дека влакната помагаат организмот да се ослободи од канцерогените клетки.


Пример на мени кај диетата со црн патлиџан

Појадок:

Појадокот е за двете недели ист: Салата од црн патлиџан со домати.
Како се прави :Земете еден голем црн патлиџан,исецкајте го на парчиња,посолете го со малку морска сол и оставете го 10 минути да пушти сок.После тоа,исецкајте на коцкички со големина 1 x1 цм,ставете во чинија за салата,додајте исечен на коцкички поголем домат (или ставете 1 дл варен),сето тоа прелијте го со лажица маслиново масло и оставете го
уште малку да одстои.Покрај тоа, можете да испиете шоља кафе или зелен чај.Секако,кафето и чајот се пијат без шеќер.


Ручек:

Супа од црн патлиџан:За да ја направите,потребни ви се еден или два црни патлиџани,кои ќе ги исечете на ленти и лесно ги пропржите на путер.Потоа, додајте пашканат исецкан на ситни коцкички,свежи пиперки исецкани на ленти,морков ( исецкан на тркалца),лук и динстајте пет минути.Потоа, зеленчукот спушетете го во солена вода која врие и варете пет минути..Во
супата можете да додадете лисја од пашканат,целер....Количината од оваа супа која може да ја изедете не е ограничена.

Вечера:

Динстан црн патлиџан со зеленчук:1 црн патлиџан печен во рерна,зачинет со малку кромид. Покрај тоа дозволено е две парчиња ржен леб со тежина не поголема од 30 г и шоља јогурт или кисело млеко со намалена масленост.

Идеа за наредните денови: Како што видовте во горниот пример-се се врти околу црните патлиџани-присутен е во сите 3 оброци.Бидејќи појадокот е секогаш ист,употребете ја својата креативност за останатите 2 оброка кои можат да бидат:грилуван црн патлиџан со прелив од сос од соја или младо сирење,печено во тефлон тава па сервирано со додаток на неколку парчиња туна,динстано во сопствениот сос со сезонски зеленчук....рецепти има безброј и сите се прилично вкусни...


Заклучок

Диетата црн патлиџан,како и другите моно диети не е избалансирана со хранливи материи.Значи,не би требало да ја држите повеќе од 2 недели.Подобро е да ја повторите оваа диета после некое време (најдобро 2 месеци) одколку да влегувате веднаш во повторен циклус.Во текот на диетата телото губи некои од супстанците кои се неопходни за неговата нормална активност.Значи,оваа диета е контраиндицирана кај оние луѓе со ослабен организам,како и кај оние лица кај кои црниот патлиџан предизвикува алергиски симптоми.Кај останатите некој добар мултивитамински додаток би бил од голема корист.И секако-физичка активност што значи барем 30 минути брзо одење секој ден.

 

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.