ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета со туна

 

Оваа диета помага без голем напор да изгубите 1,5 кг за 3 дена.Звучи одлично,зарем не?
Па да видиме како изгледа оваа кратка диета...

Основни информации за диетата

Диетата со туна се држи три дена ,а потоа четири дена нормално се јаде (секако,без претерување).За време на диетата секој ден задолжителна е порција туна.Во текот на оваа диета дозволено е да пиете чај,црно кафе и вода.
Редовното конзумирање на туна има позитивен ефект на телото,затоа што таа содржи доста витамин Д,омега – 3 маснотии (до 50 % се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести,се подобруваат функциите на мозокот и помага во намалувањето на тежината).Туната е богата со витамини и фосфор.Таа содржи многу малку масти и скоро да не е потребно да се зачинува,сем кој сака,неколку капки лимон.

dijeta sa tunjevinom

Мени

Прв ден

  • Појадок: 1 шоља црн чај или кафе,1/2 грејпфрут или овошен сок,1 тост намачкан со
    путер од кикирики( или сусам);
  • Ручек:100 – 150 гр туна во салата со рукола,парчиња помала краставица,чери домат
    и по желба лажица обарен наут или пченка ,1 шоља црно кафе или чај.
  • Вечера:100 гр варено говедско месо,200 гр динстана боранија,200 гр рендан морков
    со неколку капки лимон,1 шоља црно кафе ,чај или вода за пиење.

Втор ден

  • Појадок : 1 шоља црно кафе или чај,1 варено јајце,1 тост ,1 банана.;
  • Ручек: 200 гр туна,5 крекери,1 шоља кафе,чај или вода за пиење;
  • Вечера:200 гр грилувани пилешки гради,100 гр морков на пареа,200 гр брокула на
    на пареа,1 банана ,мала чинија пудинг од ванила (100 гр),1 шоља црно кафе или чај.

Трет ден

  • Појадок: 1 шоља црн чај или кафе,5 крекери,30 гр сирење,1 јаболко со средна големина;
  • Ручек: 1 варено јајце,1 тост,1 шоља црно кафе или чај;
  • Вечера:200 гр туна,100 гр обарен морков,100 гр карфиол на пареа,1 круша со средна големина,мала чинија пудинг од ванила (100 гр),1 шоља црно кафе или чај.

Напомена:

  • Пилешкото и говедското месо може да го замените со туна.;
  • Оброците распоредете ги така што вечеарата да биде околу 18:00 часот а после тоа веќе ништо да не јадете.;
  • Задолжително е триесет минутно брзо шетање секој ден.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.