ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА ЗА НЕВЕСТИ

 

Dijeta za neveste

Предупредување: Читањето на долу наведениот текст е дозволено само за невести и девојки кои во скоро време ќе станат невести.Ве молиме ,доколку не сте невеста изберете некои од следниве можности::

а) Веднаш напуштете ја страницава!


б) Напуштете го сопругот или кого и да имате покрај себе и направете простор повторно да бидете НЕВЕСТА. :)

Шега на страна-долу наведената диета е прилагодена за особи кои се подготвуваат за многу важен чекор во животот и сакаат да – додека го прават тој чекор – изгледаат прекрасно.


Затоа диетата за невести мора да биде лесна, но во исто време и избалансирана. Ограничувањето треба да биде само во калории,и диетава треба да ги содржи сите групи на производи и хранливи материи кои на организмот му обезбедуваат неопходни витамини и минерали.Диетава нетреба да допринесе само слабеење, туку и подобрување на целиот организам.

Венчавка - Тоа е настан каде секој сака да изгледа неодоливо,посебно невестата. Многу девојки сакаат да изгубат тежина што е можно побргу пред венчавката.За ова треба да си зацрташ строга диета,физички вежби и да најдеш време за неколку СПА третмани.

Диета за невести

1. Зона диета.Џенифер Анинстон ја користела оваа диета.Суштината е дневно конзумирање 30% масти,30%протеини и 40% јагленихидрати.

2. 1500 калории диета.Кај оваа диета треба да се јаде 5 пати дневно.И за доручек ,ручек и вечера не треба да се внесуваат повеќе од 350 калории, а за ужина не повеќе од 150 калории.Во оваа диета е дозволено козумирање на пилешко,овесна каша, риба,овошје,зеленчук.

Но ние ви ја препорачуваме долу наведената диета со која во краток период можете да постигнете импресивни резултати.Оваа диета е многу реструктивна,но ако е за утеха- можете да пиете чиста вода колку што сакате!

Диети за невести- план за 6 дена

Ден 1

Прв доручек: 2 јаболки,1 портокал,1 шоља зелен чај без шекер.
Втор доручек:(2-3 часа после првиот доручек): 1 јаболко,1 чаша негазирана минерална вода.
Ручек: 2 чаши чиста вода, 2 портокли,100 гр. печено пилешко со зелена салата.
Вечера: 1 чаша чиста вода,пола портокал,пола јаболко,1 варено јајце + 100 гр. зелена салата.

Ден 2

Прв доручек: 2 портокали, 1 шоља зелен чај без шекер.
Втор доручек:(2-3 часа после првиот доручек): (2-3 часа после првиот доручек): 2 јаболки,1 чаша чиста вода.
Ручек: 2 шољи минерална вода,2 портокали,100 гр. Риба,1 лажица бланширан спанаќ или блитва.
Вечера: 1 чаша чиста вода, 3 јаболки.

Ден 3

Прв доручек: 3 портокали,1 шоља зелен чај без шекер, 1 лажица мед.
Втор доручек:(2-3 часа после првиот доручек): 1 јаболко,1 шоља чиста вода.
Ручек: 1 чаша чиста вода,1 јаболко,80 гр.младо сирење, 100 гр. салата од цвекло.
Вечера: 1 чаша чиста вода, 1 јаболко,1 мандарина.

Ден 4

Прв доручек: 1 јаболко,1 портокал,1 шоља зелен чај без шекер.
Втор доручек:(2-3 часа после првиот доручек): 2 јаболки,1 шоља минерална вода.
Ручек: 1 чаша чиста вода, 1 портокал, 2 парчиња тост од интегрален леб премачкан со варен и испасиран морков.
Вечера: 1 чаша минерална вода,1 портокал, 1 јаболко.

Ден 5

Прв доручек: 2 јабоки,1 портокал,1 шоља зелен чај без шекер.
Втор доручек:(2-3 часа после првиот доручек): 1 портокал, 1 шоља минерална вода.
Ручек: 1 чаша чиста вода ,3 јаболки.
Вечера: 1 чаша минерална вода,1 портокал,1 шоља немастен јогурт.

Ден 6

Прв доручек: 1 јаболко, 1 шоља зелен чај без шекер, 1 лажица мед.
Втор доручек:(2-3 часа после првиот доручек): 1 јаболко,1 портокал, 1 чаша чиста вода.
Ручек: 1 чаша чиста вода, 1 портокал,100 гр. пилешко бело месо со сезонска салата(без зејтин).
Вечера: 1 чаша минерална вода, 2 лаболки, 200 гр.кисело млеко.

Напомена: За ручек и вечера секогаш прво изедете го овошјето, а потоа концентрираната храна ( пилешко, јајца, јогурт, кисело млеко итн.

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.