ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Диета за лекување псоријаза

 

dijeta za psorijaze

Псоријазата претставува многу распространета болест на кожата која , иако не е заразна представува сериозно предупредување дека во организмот нешто не е во ред и дека треба да се преземат мерки (по можност физички) да се елиминира нарушувањето.

Ви ја препорачуваме диетата за третман / намалување на проблеми: урамнотежена диета, коja значително можe да помогнe во надминување на оваа болест.

Избор на храна

Менито треба да се состои од големи количини на разни зеленчуци , а потоа овошје како и интегрални житарки.


Зеленчукот треба да се јаде суров , на пример како салата . Добар избор се: морков, цвекло , целер и зеленчук ( спанаќ, магданос , марула , зелка во сите форми ). Зеленчукот има благотворно влијание врз здравјето и помага за обновување на оштетената кожа. Одличен продукт е и тиквата која може да се јаде варена и обарена на пареа, а месото подобро е да се замени со печени компири.

Друга важна компонента на исхраната за третман на псоријаза е зголемување на внесот на течности . Неопходно е да се пие чиста вода, и не помалку од 1,5 литри на ден. Исто така , се препорачуваат свежи овошни сокови без шеќер (ЗАБЕЛЕШКА: сок од домати не е дозволено) .

Исхраната кај пациентите со псоријаза е првенствено во исфрлање на производи со многу холестерол , масти, протеини и прости јаглехидрати . Мора да се ограничи употребата на масно месо, колбаси, црниот дроб, бубрезите и путерот. Заради нарушување на метаболизмот се препорачува користење на не повеќе од 25 грама на овие производи дневно. Не јадете храна која содржи црвен пигмент (домат, кечап, црвени бобинки , како и храна, која е во црвена боја).
Дозволено е да се јаде до 150 грама на ден : зајачко месо, мисиркино месо , или чисто говедско месо варено или обарено на пареа .За време на акутната фаза на болеста подобро е да се јаде вегетаријанска кујна , и по подобрувањето дозволено е да се користи блага супа од месо и разни благи супи.


Пример на мени

Појадок: кашеста маса од 150 грама рендан морков и 150 грама рендана јаболка прелиени со 40гр.ореви .

Ручек: Измешајте 200 грама сирење со намалена масленост, 150 грама варен компир со една лажица природен мед

Попладневна ужина : 300g рендано јаболко или 2-3 парчиња диња или лубеница парче или 1 банана, 150-200 грама јагоди, малини или капини .

Вечера: 150 грама бело месо (по можност мисиркино) со 100 грама обарена брокула и 200 грама свежа салата од изрендана краставица

Исхраната за третман на псоријаза потребно е да се држи најмалку 30-60 дена, но резултатите се видливи веќе по десет дена.

ЗАБЕЛЕШКА: Бидејќи сепак се работи за нарушување на здравјето потребно е да се советувате со вашиот доктор , бидејќи тој најмногу знае за карактерот на вашата болест и третманот кој го земате .


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.