ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Dijeta za sagorevanje masnoća

 

Клиничкиот нутриционист Dzjej Rob боледувал од реактивна хипогликемија.Борбен по природа, се фатил во костец со ова пореметување и како резултат на тоа настанала диетата “ Fat Burning”( диета за согорување на мастите ).Оваа диета се покажала како успешно средство за стабили-зирање на нивото на шеќерот во крвта и регулирање на телесната тежина.

Самиот автор кажува дека немал намера да пишува книга за намалување на килограмите туку за зголемување на енергијата.Сепак ,се покажало,дека на оние кои се на оваа диета не само што им се подига вкупниотo ниво на енергиjа туку почнуваат да губат на тежината –бидејќи енергетската потрошувачка се зголемува!


Основи на диетата

Роб објаснува дека вообичаената диета со малку јаглени хидрати може да даде брзи резултати кои се често поврзани со додатни нелагодности.Во прв момент тоа е заморот а на подолги патеки оваа диета може да се поврзе и со одредени здравствени ризици.И затоа негов совет е да се прават своевидни цилкуси во кои ќе бидат застапени и ниско и високо јаглено хидратни денови.Просто кажано , еден ден се јадат намирници со ниска содржина на јаглено хидтрати а утредента оние со висока содржина.

Негови препораки се секој ден да се конзумираат три оброка.Еднаш неделно постои таканаречен слободен оброк,каде може да се јаде апсолутно се ,но само во текот на еден час.

Диетата се темели на концептот дека треба да се создадат такви услови телото само да го изгори салото,како да е тоа примарен извор на енергија:Тој објаснува дека со наизменични ниски и високи јагленохидратни денови го манипулира метаболизмот на гликогенот и дека со помош на овој трик телото не складира вишок на маснотии.


Роб истотака дава дванаесет разни вариации на структурата на исхраната,кои се дизјнирани така да им одговараат на специфичните цели.


Препорачана храна

Роб дава совети за тоа како да се изберат намирници кои се извор на добри јаглено хидрати. Тој кажува дека погрешните јаглено хидрати се главна причина за замор и може да создадат поспаност по јадењето.

Препорачани јаглено хидрати се : компир,бел и интегрален ориз, тестенини, пченка, леб од целовито пченично зрно и овошје.

Тој исто така, ја нагласува важноста на квалитетните протеини и на здравите масти.Доволна количина протеини во секој оброк е клучот за одржување на нивото на гликоза во крвта и рамномерно снабдување на телото со енергија во текот на целиот ден


Пример на мени

Ден со мала количина јаглени хидрати

Појадок

Омлет од белки,сирење и ситносецкан зеленчук

Ручек

Голема салата од туна,сезонки зеленчук и маслиново масло (1 лажица)

Вечера

Немасно говедско со сос од брокули и кикирики

Ден со голема количина јаглено хидрати

Појадок

Овошна салата и јогурт
Тост од интегрален леб со мед

Ручек

Мисиркини гради со печен компир
Зелена салата со прелив со малку маснотии

Вечера

Пилешки гради,тестенина од интегрални житарки и печени тиквички

Десерт

Свежо овошје

 

Препораки за вежбање

Роб препорачува одење и тренинг со тегови за зголемување на силата на мускулите и на метаболизмот.Вежбите кај кои се применува некој вид на отпор се истотака корисни


Зошто да се избере оваа диета

  • Добра е за оние кои не сакаат да се откажат од јаглено хидратите,но сакаат да ги искориста предностите на диетата со малку јаглено хидрати.
  • Може да помогне во намалувањето на потребите за храна и од зависноста од јаглено хидрати.Може да помогне во регулирањето на хипогликемијата.
  • Еднаш неделно “ слободниот оброк “ може да помогне во намалувањето на стресот –чувството дека сте на строга диета.
  • Може да се прилагоди на вегетаријанците.
  • Става акцент на квалитетните намирници.


Лоши страни на диетата:

  • Доста ограничувачки план посебно во денот со мала количина јаглено хидрати.
  • Може да бара повеќе трошоци и време за подготовка затоа што храната не е обработена.
  • Поединци на оваа диета може да имаат потешкотии во одржување на контролата после “ слободниот “ оброк.


Заклучок

Оваа диета бара одреден степен на дисцплинираност од тој кој ја применува,но со упорност и истрајност може да се решат проблемите на намалената енергија и метаболизамот.

Посебно се препорачува на лица кои имаат добри резултати при примената на диети со мала количина јаглено хидрати но им е тешко да ја спроведуваат.Можноста да може да се јадат доста јаглено хидрати секој втор ден дава психолошка и физиолошка предност и ја зголемува веројатноста на успехот на самата диета.

Постојат и евидентирани податоци дека на оваа диета се губат окулу 5 – 6 килограми месечно а исто така, покрај регулирањето на шеќерот во крвта се регулира и крвниот притисок и тоа во значајна мерка ( на лица со просечен крвен притисок 150/100 им требало окулу три месеци за да го достигнат нормалниот притисок 120/80.)


 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.