ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

 

Дискус хернија

 

diskus hernija

Дискус хернија претставува состојба предизвикана од дегенеративни промени поретко заради траума.Оваа промена доведува до создавање на џепови па во зависност од местата каде промената се случила врши притисок на околното ткиво и доведува до одредена симтоматологија.

Дискусите се сместени меѓу пршленските тела 24 слободни пршлен на нашата кичма, тие ги амортизираат движењата на рбетот, а ги нарекуваме уште и водени јастучиња заради големиот процент на вода,иако не се зглобови со својата градба,висина и движење во сите четири насоки се однесуваат како полу зглобови.Заштита им даваат лигаментите поставени странично па не можеме да кажеме дека нашите дискуси не се заштитени,без дискусите коскените сегменти на нашиот рбет не би биле во состојба да го издржат напорот кој е неопходен за нејзино функционирање.

Дискусот има специфична градба ,се состои од внатрешен мек дел - (nucleus pulposusa) и надворешен фиброзен прстен (annulus fibrosusa). Дискусот има свој внатрешен притисок способен да се спротистави на притисоците од околината и тие се еластични носачи на телото,меѓутоа дискусите околу осмата година ги губат крвните садови па потоа се исхрануваат од околината со дифузија.Дискусите брзо стареат,доаѓа до биохемиски промени најпрво во мекиот а потоа во фиброзниот надворешен дел на прстенот.Дискусот губи големи количини на вода,се менуваат неговите механички особини и ја губат еластичноста што доведува до промени (промени во јадрото, влакнестиот прстен станува кршлив, формира грутки и преку ослабениот прстен може да дојде до создавање на испакнатина, значи дека јадрото на дискусите има процес на поместување од неговата нормална позиција, односно дека тоа е издаденост на прстенот.

discus hernia

Може да настане пролапс на дискот - prolapsus, lapsus- ќе се измести и доаѓа до деформирање на основа на дискот и пробивање на прстенот,изместен од своето лежиште,и најпосле extrusion,trusum/guran значи дека основата е изместена и добар дек од својата маса се наоѓа во кичмениот канал каде што се бори за простор со лигаментите,нервните и крвните садови.

Дискусот рано старее ,дегенеративниот процес ги зафаќа повеќето пршлени истовремено.На стареењето како процес не можеме да делуваме,но можеме на факторите кои го успоруваат стареењето.Во раната фаза на дегенеративни промени на нашиот рбет (дискус)делува лошата положба и држење на рбетот,вродените и стекнатите аномалии и деформитети на рбетниот столб и нозете кои ја пореметуваат статиката на рбетниот столб.Дебелината исто така влијае,абдоменот го оптеретува рбетниот столб за 30%.Долгото седење,фиксирање на главата во една положба не му одговара на нашиот дискус и како на крстниот така и на вратниот дел на рбетот.Предолгото работење на компјутер,недоволното спиење,повреди на главата и вратот во сообраќајни несреќи дури и некои хобии може да бидат големо оптеретување за нашиот рбет.

Дискус хернијата како болест може да го зафати било кој дискус на нашиот рбет. Меѓутоа постои склоност,односно места каде што оваа промена најчесто ја очекуваме.Дискус хернијата е најчеста во лумбалниот дел на рбетот и тоа сегментите L4L5, L5S1,овие два последни сегменти трпат најголем статички и динамички притисок.Во вратниот дел се сегментите C5C6, C6C7,каде што вратниот преминува во граден дел на рбетот кој што е динамички најоптеретен.Дискус хернијата во градниот дел на рбетот е ретка,бидејќи градната кривина е ригидна,опкружена со коскена структура,широки попречни продлолжетоци,јака и затегната лигаментална структура и мала подвижност.

Дискус хернијата најчесто се јавува помеѓу 30-39 година или според некои статистики од 35-45 години,но денеска во пракса се среќава се повеке кај младите лица.Може да се појави како акутен,субакутен и хроничен облик.Ако првиот дископатски синдром се појави кај млади лица,местото станува осетливо и повторно може да се јави на истото место.Оштетувањето на било кој елемент на динамичкиот вертебрален сегмент се одразува на сегментите во целина.


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.