ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДА СЕ ДОЖИВЕЕ СТОТАТА


Motivacija za mrsavljenje

Еден од најзначајните фактори кои одредуваат колку добро ќе стареете не се вашите гени туку начинот на кој живеете – ова го покажало истражувањето извршено на 20 000 Британци.


Следните 11 навики може да ви помогнат да доживеете девеесет ( па и сто ) во добра форма и самостојно.

Бидете работно активни

Истражувањта покажале дека прекинувањето на работната активност,пензионира –
њето, во многу случаеви довело до појава на хронични болести и угоеност.Затоа останете активни и по пензионирањето – бавете се со градинарство,вклучете се во
разни волонтерски активности или пронајдете некој друг хоби.

Правилно одржувајте ја оралната хигиена

Тоа ќе ја спречи бактеријата која е причина за заболувње на десните да се пренесе
во крвотокот и да предизвика вопспаление на артериите кое е главен фактор на
ризикот за настанување на срцевите заболувања.Друго истражување покажало дека
оние кои имаат голема количина бактерии во усната шуплина имаат задебелување
на артериите што представува уште еден знак на срцевите заболувања.

Движете се и вежбајте

Вежбањето е единствената фонтана на младоста , кажува Dzej Olisanski , професор
по медицина и истражувач на стареењето на универзитетот во Чикаго.Бројните
истражувања покажале дека вежбањето го подобрува расположението,менталната
острина , ја зголемува мускулната и коскената маса.Ако не сте спортски тип подолги прошетки или јога вежбите исто така ќе бидат од корист..

Јадете храна богата со диетни влакна за појадок

Конзумирањето на интегрални житарќи за појадок,им помага на постарите да го
одржат стабилно нивото на шеќерот во крвта што го намалува ризикот од дијабетес
кои го забрзува стареењето.

Спијте најмалку 6 часови ноќе

Наместо да го крадете времето од сонот за да имате повеќе време за нешто друго,
спијте повеќе за да го продолжите својот животен век.Сонот е една од најважните
функции која на нашето тело му помага да ја регулира работата на ќелиите и да се
регенерира.Оние кој ја доживеале стотата го сметаат сонот како висок приоритет.

Конзумирајте свежа храна наместо суплементи

Лицата кои имаат висок ниво на одредени нутритиви во крвта,селен,бета – каротен,
витамин Ц и Е ,стареат по споро и имаат подобри ментални способности за
памтење и учење.За жал не е докажано дека со земање на суплементи со истите
тие нутритиви се постигнува истиот ефект.Избегнувајте рафинирани намирници и
наместо тоа користете интегрални житарќи,овошје и зеленчук богат со хлорофил.

Бидете смирени и опуштени

Новите истражувања покажале дека стогодишњаците не ги потискуваат и не ги
задржуваат своите проблеми.Ако ја немате таа способност во својот карактер
тогаш вежбајте јога, таи чи .медитирајте или едноставно практикувајте краткотрајно
длабоко дишење секојдневно.Седењето пред телевизорот со грицки пред себе е
погубно.

Учете од другите ако гледате дека е корисно

Интересен е животниот стил на Амеркианците кои се изјаснуваат како Адвентисти
на седмиот ден.Тие имаат просечен животен век од 89 години, што е за една
деценија подолго од животниот век на просечните Америкнци.Тие сметаат дека
треба да се негува телото кое од бога ни е дадено така да не конзумираат алкохол,
не пушат цигари а нивната вегетаријанска исхрана е базирана врз овошјето,
зеленчукот,махунките , плодовите со јадро.Исто така се многу физички активни
и многу внимание посветуваат на фамилијата и општествената заедница.

Формирајте навики

Стогодишњаците живеат строго према својата рутина , јадејќи иста врста на храна
и спроведувајќи исти врсти на активности целиот свој живот.Одат на спиење во
исто време и се будат во исто време.И ова е една од навиките кои помагаат да
нивното тело биде во константна рамнотежа која лесно може да се наруши колку
сте постари.Колку сте постари тоа сте по не отпорни и недостакот на сон или малку
повеќе алкохол може лесно да го ослабне имунолошкиот систем што ќе ве
направи помалку отпорни кон вирусни и бактериски инфекции.

Бидете во друштво

Одржувајте социјални контакти со фамилијата и пријателите.Тоа е клучот за
спречување на депресијата која може да ве одведе во прерана смрт.Тоа се случува
при смртта на партнерот кај постарите лица.

Бидете совесни

Најизразен предзнак за долговечност е совесноста – што подразбира умност,
внимателност,упорност,организизираност.Лицата кои ги имаат овие особини се
во состојба да креираат по клвалитетни партнерски и меѓучовечки односи,по
совесно да се однесуваат кон своето здравје што им овозможува долг и стабилен
живот.

 

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.