ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Dukanova dijeta

 
Dukanova dijeta

Дукановата диета ја развил францускиот нутриционист и лекар Пјер Дукан пред окулу
десетина години и тоа што е интересно,дотичната диета од самиот постанок станала популарна !
Према некои медиумски извештаи дури 1,5 милион жени во Франција ја одржуваат својата
линија со помош на оваа диета.

Сепак , Дукановата диета би останала само една “ локална “ диета да не се појавела книга на
англиски ( книгата е пуштена во продажба во мај 2010 ) а потоа ја покажала својата ефикасност
кај холивудските ѕвезди и ѕвездички.Во Англија, книгата станала апсолутен хит,и се наоѓа на самиот врв на Амазоновата листа на книги од областа на диететиката.


Дуканова диета – основи

Диетата се базира на конзумирањето на високо протеинските намирници а сите јаглено хидрати се ригорозно ограничени – вклучувајќи го овошјето,скробниот зеленчук, интегралните житарки. Акцентот во исхраната е на земање на протеините од извори кои се сиромашни со масти,како што е рибата, живина, како и млечни производи со малку маснотии..

Самата диета се состои од четири фази:

Ф а з а 1

Првата фаза трае од еден до десет дена во зависност колку сакате да изгубите на тежината.Тие кои се на диета можат да очекуваат да изгубат помеѓу 3,5 до 5 кг во првите 5 дена!

За време на оваа фаза,конзумирајте едиствено протеинска храна,евентулано со додатоци кои не содржат маснитии и јаглено хидрати.Тоа се воглавно зачини како што е оцет,сенф,сол,природни растителни зачини...Од пијалоците воглавно се конзумираат сите тие кои не содржат калории, вклучувајќи ја водата,кафе,чај и диетални сода пијалоци (но овие сепак во ограничени количини)

Обично во текот на оваа фаза доаѓа до појава на лош здив од устата па се советува да пиете што е можно повеќе вода.


Ф а з а 2

Во оваа фаза на диетата – во исхраната се воведува зеленчукот.Подобро речено, се сменуваат денови кога се јадат само протеински оброци со деновите кога можете да додадете зеленчук. Видови на зеленчук погодни за оваа фаза се оние кои не содржат скроб,како што се зелена салата – марула,спанаќ ,целер,краставици,домати...Зеленчукот може да се јаде свеж,на пареа или во супите и како вариво.


Оваа фаза се спроведува додека не се постигне саканата тежина.Обично се губи 1 кг неделно.


Ф а з а 3

Ова е фазата на одржување на резултатите кои сте ги постигнале.Ќе продолжите да ја
базирате диетата на протеини и зеленчук но дозволени се и некои “ ситници “: порција
овошје и 2 парчиња интегрален леб дневно.Како додаток – дозволена е една екстра порција која содржи јаглено хидрати ( но еднаш неделно ) а тоа може да биде тестенина или ориз.

Во оваа фаза истотака дозволен е и празничен оброк (јади што сакаш) кој после неколку недели од фаза 3 може да го практикувате и 2 пати неделно.


Ф а з а 4

Ова е последна фаза на диетата каде полека се враќате на конзумирање на се што ви се
допаѓа но почитувајќи ги правилата од фазата 3 ( со повеќе слобода во избирањето на
намирниците ).Исто така се советува барем еднаш неделно да се јадат само протеини како во фазата 1.


Дуканова диета – Препорачана храна

Немасно телешко,неамсна шунка,зајачко месо,пилешки дроб,пилешко бело месо,мисиркино, риба,плодови на морето,јогурт со намалена масленост,немасно сирење,обрано млеко,белки,тофу сирење, зеленчук,лук,растетителни зачини,сенф,кечап (но без шеќер),овесни мекици,кафе,чај, диететски сода напитоци,вештачки засладувачи, гуми за жвакање без шеќер.


Дуканова диета – пример на диетен план

Следува пример на оброк за денот кога се јадат протеини и зеленчук ( фаза 2 ) :

Појадок

  • 200 гр немасно сирење
  • тенко парче печено мисиркино месо
  • кафе или чај со обрано млеко и засладувач

Утринска ужина

  • 120 гр јогурт со намалена масленост

Ручек

  • туна со три вида пиперки
  • полнети печурки
  • Мафин од овесни мекици ( 2 лажици )

Popodnevna užina

  • 1 парче шинка
  • палачинки со овесни пахуљици (2 лажици)

Вечера

  • говедски ќебап
  • супа од зеленчук
  • десерт


Препораки за вежбање

Вежбањето е една од есенцијалните компоненти и Дукановата диета не дозволува развлекување и погодување ( ниту одгодување ).Но за среќа – доволно е 20 минути брзо одење дневно во фазата 1 и 30 минути во фазата 2 за да се исполни овој услов.

Дуканова диета – аргументи за нејзино спроведување

  • Брзи иницијални резултати кои ја зголемуваат мотивацијата
  • Не бара броење на калории
  • Вклучува и опција за вегетаријанци
  • Самата книга вклучува комплетни планови на оброци и рецепти
  • Во завршната фаза “ празнинчниот оброк “ психолошки помага да се зголеми почитта
    према храната.

Дуканова диета – аргументи за нејзино НЕ спроведување

  • Многу рестриктивна и бара укинување на многу здрави групи намирници : овошје,житарки, мешунки,јаткасти плодови
  • Поединци следејќи ја оваа диета не се чувствуаат добро поради недостаток на јаглени хидрати (чуство на умор и лошо расположение).
  • Добар дел од оние кои ја практикуваат оваа диета имаат потешки здравствени проблеми како што се : главоболка,затвор,лош здив...резултат на високо протеинската диета.
  • Не е погодна за лица со здравствени проблеми ( пред се гихт,висок холестерол,болести на бубрезите,пореметување во исхраната ).
  • Се појавува досада – најверојатно поради ограничениот избор на храна,посебно кај оние кои баш и не сакаат да јадат производи од животинско потекло.
  • Се охрабрува потрошувачката на засладувачи и напитоци од типот диет сода.


Заклучок

Дукановата диета е екстремен пристап со акцент на протеини со малку маснотии. Практичарите може навистина да очекуваат дека ќе ја намалат тежината следејќи го овој план НО и тоа дека тежината ќе им се врати по враќањето на нормалниот начин на исхрана.

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.