ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ЕКСПРЕС ДИЕТА - 2 кг за 3 дена


Brza dijeta 3 dana

Едноставната експрес диета припаѓа на групата “ брзи диети” и слична е на диетата Брза диета за 3 дена. Направена е така што диеталците скоро и да не почуствуваат глад а “ наградата “ e
два килограми помалку за само три дена.Причина за вака брзо губење на тежината е комбинацијата на намирници кои брзо даваат чувство на ситост, дури и во услови на намалено
внесување на намирници.

Експрес диетата е одлична на кратки патеки, после подолг период на обилна исхрана и кога
сакаме да прекинеме со лошите навики во исхраната кои обично не “ обземаат “ за време на
разни празници.

Оваа диета значително ја ограничува количината на храна која се внесува,и како последица
на ова доаѓа до благ дефицит на витамини и минерали што би требало да се надокнади со
адекватни суплементи.

Напомена : Оваа диета се држи само три дена (72 часа)- секое држење преку овој период е
контрапродуктивно.Циклусот на оваа диета може да се повтори после 4 дена умерена,
стандардна исхрана.

Експрес диета 2 кг за 3 дена – план на оброци по денови

Ден 1

Појадок:

  • едно парче интегрален леб
  • една шоља полномасно млеко

    Ручек:

  • 300 гр компир пире
  • шоља чај (зелен,растителен или црн)

    Вечера:

  • 250 гр салата направена од варен компир,варени јајца,со маслиново масло или
    сончогледово масло.
  • шоља чај (зелен,растителен или црн)

Ден 2

Појадок:

  • една шоља полномасно млеко

    Ручек:

  • 200 компир пире.
  • 100 гр салата од зеленчук (најдобро е сезонски мешан зелнчук)
  • шоља чај (зелен, растителен или црн).

    Вечера:

  • еден свеж домат.
  • шоља чај ( зелен,растителен или црн).

Ден 3

Појадок:

  • едно парче интегрален леб
  • една шоља црно кафе (без шеќер).

    Ручек:

  • 300 гр компир пире
  • шоља чај ( зелен,растителен или црн)

    Вечера:

  • 250 гр салата од варен компир и варени јајца со маслиново или сончогледово
    масло
  • шоља чај ( зелен,растителен или црн)

 

Заклучок

Многу прикладна диета за оние кои се нестрпливи и кои што сакаат брзи резултати а единствена мотивација им е да се ослободат од неколку килограми вишок кои ги добиле
за време на некакви празници.Одлична е и за премин на друг ,умерен начин на исхрана
- едноставно кога треба да се пресечат новосоздадените ( лоши ) навики.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.