ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Francuskinje se ne goje

 

Francuskinje se ne goje

Горниот наслов е воедно и името на книгата која је напишала Миреј Џулијано а која е базирана
на принципите превземени од животниот стил на Француските жени.Значи , дотичните уживаат
во сите убавини на добрата кујна и вкусните јадења но , види чудо, не се здебелуваат.Секако,
постојат исклучоци(за да го потврдат правилото) но статистички гледано скоро да се занемарливи!

Знаеме што е најтешко кај секоја диета: чувство на недостаток на слобода во избирањето на
храната и секако ускратеноста.Во оваа диета тоа го нема (ако воопшто може да се нарече диета- нема).

Авторката на гореспомната книга препорачува да се јаде буквално СЕ но она што е битно МОРАТЕ да уживате во храната ( баш тешко барање,зарем не?).Значи , не постои забранета храна едиствено големината на оброците е помала од обично.Авторката наведува дека
најголема тајна на Французинките е тоа што тие “ јадат со глава “ и храната ја избираат многу мудро..

Акцентот се става на квалитетот а не на квантитетот,потоа бавното јадење,следење на
единствениот вкус кој секоја храна го има, и секако ,престанување со јадењето кога вашите чула се задоволени.


Диететските тајни на Французинките

Џулијанова “ разоткрива “ многу трикови и тајни кои Французинките ги користат со години за да ја одржат витката фигура и здраво тело.За да се покрене процесот на слабеење,авторката дава еден таен рецепт кои обично го користат Французинките : Mагична супа од праз – која е единствена храна што се конзумира преку викендот.Оваа супа и многу вода делуваат како диуретичко средство и го потикнуваат брзото губење на тежината зголемувајќи ја мотивацијата и намaлувајќи го апетитот.

Првите три месеца од оваа диета служат за да се промени вашиот ментален и емоционален однос спрема храната,односно да се “ресетирате”.Во текот на овој период ќе откриете што е премногу а што премалку во вашата исхрана и полека ќе почнете да ја доведувате во рамнотежа.

Постепено ќе ја исфралте целата храна која не ви одговара или за која знаете дека не е добра за вас а ќе научите да ги бирате правите намирници од кој вашето тело и вашата психа имаат само корист.Со еден збор-ќе научите како се контролира изборот на намирници но и големината на порциите.

После три месеци би требало веќе да имате сосема поинаков пристап кон храната а притоа,и да изгубите бар половина од вишокот на килограми.Во овој стадиум,може да почнете да експериментирате со поголем број намирници вклучувајќи и десерт!


Диета на французинките – основи

Џулианова става акцент на важноста на конзумирањето три оброци во денот и задолжително јадење на појадокот што ќе го одржува метаболизамот на исто работно ниво.

Исто така,препорачува што е можно повеќе,храната да се подготвува дома со што едноставно може да знаете што ви се наоѓа во оброкот и што конзумирате.Храната во рестораните како и “брзата храна” се обично богати со маснотии,сол и шеќер и треба само повремено да ги користите.

Џулианова исто така ја подвлекува важноста на свежото сезонско овошје и ја охрабрува употребата на поголеми количини зеленчук и овошје,свежи растителни зачини кој допринесуваат храната да биде пријатно вкусна без додавање на ексра калории.Самата книга содржи поголем број рецепти кој докажуваат дека може да се јаде деликатесна храна а сепак да се губи од тежината.

Водата се препорачува како главен напиток а виното е дозволено (препрачано) но единствено со оброкот и со додатна чаша вода.

Лебот и чоколадото се секако дозволени но пак акцентот се става на квалитетот а не на квантитетот.Како што вели Џулианова-многу е попријатно да се изеде парче фина чоколада отколку десетина бонбони.

Две послужувања на природен јогурт помеѓу оброците ќе ви дадат чувство на ситост и нема да бидете гладни.


Едноставен диетален план

Пролетно - летно мени

Појадок :

  • парче сирење
  • 65 гр мусли со боровници
  • кафе или чај


    Ручек :

  • седнвич од сланина,салата и домати
  • 120 гр малина
  • некој освежувачки пијалок без калории

    Вечера :

  • пилешко на скара со рузмарин
  • запечен компир во рерна
  • салата од сезонски зеленчук
  • чаша црно или бело вино


    Десерт :

  • грилувани праски со сок од лимон


Препораки за вежбање

Генерално,читателите се охрабруваат да ја зголемат дневната активност колку што е можно повеќе.


Добри страни на оваа диета

  • Широк спектар на храна која ќе го елиминира ризикот диетата да ви стане досадна.
  • Нема одрекнување.Може да уживате во сите можни вкусови без чуство на вина!
  • Ја зголемува свесноста при јадењето што придонесува на големината на порцијата.
  • Внесот на поголеми количини овошје и зеленчук носи многубројни здравствени придобивки.
  • Секојдневното пиење на јогурт ќе го снабди вашето тело со толку важниот калциум кој помага во отстранување на вишокот маснотии и одржување на мускулите.


Лоши страни на диетата :

  • Можеби нема да им се допадне на оние кои внимателно ги бираат оброците и ги бројат калориите.


Заклучок :

Ако сте пробале многу диети и сте се откажале поради монотонијата на менито или чувството на ограниченост тогаш ова е права диета за вас!

Џулианова исто така дава практични совети кои многу ќе ви помогнат да направите позитивни промени во вашиот животен стил кој ќе станат трајни и покрај “привременоста” на самата диета.

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.